Connect with us

Македонија

Ме обвинуваа дека сум против Америка, сега им пречи што имаме исклучително добра соработка со администрацијата на Трамп, вели Мицкоски

СДСМ има најмалку кредибилитет да зборува, особено за нашата меѓународна активност и за нашите релации со администрацијата на претседателот Доналд Трамп, вели премиерот Христијан Мицкоски во врска со критиките што претходно денеска ги изнесе лидерот на СДСМ, Венко Филипче, во врска со надворешната политика што ја води Владата, меѓу другото, и за гласањето на земјава за резолуциите на ЕУ и САД во ОН.

Според Мицкоски, на опозицијата ѝ пречи што власта има, како што рече, исклучително добра соработка со новата администрација на САД, откако претходно била обвинувана дека е проруска, анти-НАТО и анти-САД.

„Да, бевме коспонзори на резолуцијата на САД заедно со уште неколку држави – Израел, Унгарија и Грузија – и ќе ја потсетам македонската јавност дека таа е обврзувачка резолуција бидејќи помина на Советот за безбедност, каде што останатите членки коишто се постојани, но и оние членки коишто се менуваат не гласаа против, ја поддржаа, што значи дека ја поддржаа резолуцијата позади која како коспонзор застана и нашата македонска влада. Во меѓувреме, кога резолуцијата дојде на гласање, на самото Собрание беа поднесени неколку амандмани. Најголемиот дел беа одбиени, еден беше прифатен. Тогаш, предлагачот го има тоа право, САД со кои целосно бевме искоординирани, гласаше воздржано и ние гласавме воздржано“, изјави премиерот во врска со гласањето на С Македонија за резолуциите за Украина во Генералното собрание на ОН.

Коментирајќи ги критиките упатени од Филипче во врска со начинот на кој Владата ја води надворешната политика на земјава, Мицкоски упати порака до опозиционерите дека додека не ја променат оптиката и не се разбудат од сонот дека се во опозиција, како што рече, уште долго ќе останат таму.

„Жалам што политиката од оптика на топлите и песочни плажи и политиката од оптика овде во Македонија не е иста, па можеби некој од опозициските лидери сè уште живее на топлиот песок и гледа со тие наочари и таа оптика. Сè додека не ја променат оптиката и додека гледаат од оптика којашто е својствена за песочните плажи на некои егзотични места, а не реалноста којашто ја оставија во Македонија, уште долго ќе бидат во опозиција“, додаде Мицкоски.

Претходно денеска, лидерот на СДСМ, Венко Филипче, оцени дека со последните случувања, особено за гласањето на земјава за резолуциите на ЕУ и САД за Украина, Владата покажала дека нема ниту стратегија ниту координација, а оти надворешната политика ја води исклучиво на импровизација и на лична проценка на премиерот.

Advertisement

Македонија

Македонските деца сè порано пробуваат цигари и алкохол: Првата цигара на 9 години, алкохол на 13

Резултатите од најновото истражување ЕСПАД 2024, презентирано од Институтот за јавно здравје, покажуваат загрижувачки тренд кај македонските ученици – дел од децата ја запалуваат првата цигара уште на деветгодишна возраст, додека првиот контакт со алкохол најчесто се случува околу 13 години.

Истражувањето било спроведено во 96 средни училишта со повеќе од 2.800 ученици и укажува и на значителен пораст на употребата на електронски цигари. Повеќе од една четвртина од учениците пробале е-цигари, а секој десетти ги користел во изминатиот месец.

Алкохолот останува најраспространета психоактивна супстанца меѓу адолесцентите, при што момчињата почесто пријавуваат рана употреба, интоксикација и тешко епизодно пиење. Речиси третина од учениците првпат консумирале алкохол на 13 години или помлади.

Иако помал обем се регистрира и употреба на седативи без рецепт, канабис и коцкање, овие појави се особено присутни кај машката популација. Надлежните институции предупредуваат дека овие трендови бараат засилени и современи превентивни мерки.

Од Министерството за образование и наука информираат дека училиштата веќе спроведуваат програми за превенција на злоупотреба на психоактивни супстанци, а од оваа учебна година е воведен и изборен предмет за здравствена писменост. Институтот за јавно здравје нагласува дека резултатите од ЕСПАД треба да послужат како основа за подобрување на политиките и заштита на здравјето на младите.

Continue Reading

Македонија

АХВ засилено ги контролира детските новогодишни пакетчиња: дел од нив повлечени поради неточни декларации

Во пресрет на новогодишните празници, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе 262 вонредни инспекциски надзори за да ја провери безбедноста на детските новогодишни пакетчиња. Контролите беа извршени во магацини за пакување, маркетите и продавниците кои ги пласираат овие производи.

Поради несовпаѓање на роковите на збирната декларација со поединечните рокови на производите и непотполни декларации, инспекциските служби издадоа 4 решенија за повлекување на пакетчиња од промет. Дополнително, двајца оператори со храна добија наредби за ставање на комплетни збирни декларации на пакетчињата.

Од спроведените 262 инспекциски надзори, не се изречени парични казни и не е поништена ниту една храна како небезбедна. Во споредба со ланската сезона, кога беа утврдени сериозни неправилности како погрешни ознаки, истечен рок на употреба и промени во својствата на производите, годинава се забележани само минимални недоследности кај операторите.

АХВ најавува дека контролните активности ќе продолжат и во наредниот период, особено пред и по новогодишните празници, со цел да се осигура безбедноста на детските пакетчиња.

Continue Reading

Македонија

Итни мерки против аерозагадувањето активирани и во Скопје

По Кичево и Струмица, од денеска итните мерки за справување со аерозагадувањето се активираат и во Скопје, откако мерните станици регистрираа надминување на дозволените концентрации на штетни честички во повеќе скопски општини. Зголемената магла дополнително ја влошува состојбата, а високи нивоа на загаденост се забележани и во други градови низ државата.

Министерството за животна средина и просторно планирање ги активираше протоколите за заштита на јавното здравје, со посебен фокус на заштита на најранливите категории граѓани.

Согласно владините мерки, работодавците имаат обврска да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, лицата со хронична астма, како и лицата кои прележале миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста.

Лекарите, особено пулмолозите, апелираат граѓаните да го ограничат престојот на отворено на минимум, доколку нема итна потреба. Според нив, најкритични се раните утрински и доцните вечерни часови, кога концентрациите на загадувачки честички се највисоки. Доколку е неопходно движење, се препорачува користење на јавен превоз наместо сопствени возила.

Надлежните институции ги повикуваат граѓаните редовно да ги следат препораките и официјалните соопштенија сè додека трае епизодата на загаден воздух.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг