На 26.02.2025 во 16.40 часот во СВР Тетово било пријавено дека група планинари од Чешка Република, кои се наоѓаат на планината на локација помеѓу Р.С.Македонија и Р.Косово, бараат помош затоа што еден од нив Ј.С. бил повреден на ногата. Веднаш било постапено по пријавата и била испратена екипа за спасување со ратрак и во 18.10 часот лицата биле пронајдени и вратени во Попова Шапка, од каде што повредениот со возило на Итна медицинска помош бил префрлен во Ургентен центар Тетово за укажување лекарска помош.
