Connect with us

Црна Хроника

Мистериозен пожар во Тетовско – изгоре четирицикл со германски таблички

pozar

На 27.02.2025 во 01.00 часот во СВР Тетово, И.Х.(44) од с.Гајре, тетовско, пријавил дека на локален пат Тетово – Попова Шапка, во с.Гајре, бил опожарен четирицикл со германски национални ознаки, сопственост на Ш.Х.(25) од с.Гајре, кој бил товарен на паркирана приколка. Нема повредени лица, а пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Тетово. Увид на местото извршила екипа при СВР Тетово.

Advertisement

Црна Хроника

Акциска контрола во Тетово, затекнати шест лица кои вршеле јавен превоз без лиценца

На 17.12.2025 во периодот од 11:00 до 13:30 часот, полициски службеници од СВР Тетово спроведоа акциска контрола за откривање и санкционирање на возачи кои вршат јавен превоз на патници без лиценца. При контрола на патничко возило ,,форд“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од К.И.(67) од с.Камењане, тетовско, на ул.„Илинденска“ во Тетово, констатирано е дека врши јавен превоз на патници без да поседува лиценца издадена од надлежен орган. Исто така, на ул.„Маршал Тито“ во Тетово затекнати се пет возачи вршеле јавен превоз на патници без да поседуваат лиценца за јавен превоз издадена од надлежен орган. Констатирано е дека Х.К.(48) од Тетово управувал патничко возило „фолксваген туран“ со тетовски регистарски ознаки вршел јавен превоз без лиценца, како и Е.М.(49) од Тетово кој управувал патничко возило ,фолксваген голф“ со тетовски регистарски таблички, Б.Р.(71) од с.Брвеница, тетовско, кој управувал патничко возило „хјундаи“ со тетовски регистерски ознаки, А.Д.(22) од с.Фалише, тетовско, кој управувал патничко возило ,,мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки и Ф.Б.(51) од с.Џепчиште, тетовско, кој управувал патничко возило ,,голф“ со тетовски регистерски ознаки. По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни пријави член 284-а од Кривичниот законик.

Continue Reading

Црна Хроника

Кривична пријава против поранешна директорка и вработени во Центарот за социјални работи во Тетово

Кривична пријава против поранешна директорка и вработени во Центарот за социјални работи во Тетово, како и три лица од Боговиње поради злоупотреби при остварување на право на надомест заради попреченост

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Х.А.(46) од Тетово, вработен како раководител на сектор во Јавна установа „Центар за социјални работи“- Тетово и В.А.(49) од Тетово, директор во установата, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, против Ќ.Б.Д.(34) од Тетово, стручен соработник, и А.Љ.(40) од Тетово, социјален работник во установата поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ и против М.Н.(57), Ш.С.(52) и А.Ф.(54), сите од с.Боговиње, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на службена исправа“ и „давање лажен исказ“. Во текот на 2024 година, првопријавениот изготвил и донел позитивни решенија за остварување на право на надомест заради попреченост на лице со најтешка телесна попреченост, на име на петто и шестопријавената, за кои претходно не била извршена соодветна проверка, додека второпријавената како директор, потпишала и донела позитивно решение по истиот основ на име на седмопријавената. Трето и четвртопријавените, кои ги воделе постапките за лицата, не извршиле непосреден увид во домаќинството на корисникот, додека петто, шесто и седмопријавената во постапката пред надлежен орган- ЈУМЦСР Тетово, поднеле барања со давање на лажен исказ дека истите ги исполнуваат условите за остварување на правото на надомест за попреченост на лице со најтешка телесна попреченост, а приложиле и фалсификувана службена исправа-конзилијарно мислење, за што по извршените проверки констатирано е дека наведените лица воопшто немале закажан термин.

Continue Reading

Црна Хроника

Три вакви прекршоци – Одземена возачка дозвола

Собранието ги изгласа законските измени со кои целосно треба да профункционира системот „Безбеден град“, преку усвојување измени во Законите за возила, за полиција, за извршување санкции и за безбедност на сообраќајот на патиштата. Во собраниска процедура, во второ читање, остануваат измените во Законот за прекршоци, а најавени се и усогласувања во Кривичниот законик.

Новите законски решенија детално ја уредуваат постапката од евидентирање на сообраќајниот прекршок до изрекување на најстрогите санкции. Клучна новина е одредбата според која возач што трипати во рок од четири години ќе добие правосилна забрана за управување со возило од иста категорија, ќе остане без возачка дозвола. Судот ќе ја одземе дозволата, а лицето нема да смее повторно да полага возачки испит најмалку една година.

По одлуката на судот, МВР ќе биде известено, а возачот ќе добие СМС-порака или имејл дека дозволата му престанува да важи во рок од осум дена. Забраната за управување може да трае од еден месец до една година, а податоците за изречените мерки ќе им бидат достапни и на граничните служби. Кај странските државјани со странска дозвола, забраната ќе важи за територијата на државата, за што ќе биде известена и граничната полиција.

Системот „Безбеден град“ предвидува и електронско известување за прекршоците. Сторителите ќе добиваат СМС и имејл со записник и фотографија од прекршокот, ќе имаат право на жалба пред суд, а доколку глобата ја платат во рок од осум дена, ќе платат половина од износот.

Со измените во Законот за возила се воведува обврска сопствениците на возила, при промена на телефонски број или имејл, во рок од три дена да ги ажурираат податоците во станицата за технички преглед. Непочитувањето на оваа обврска ќе се казнува со глоба од 100 евра, а санкции се предвидени и за правните лица.

Во Законот за безбедност на сообраќајот се воведува толеранција при мерењето на брзината, при што од измерената вредност задолжително ќе се одзема маргината на грешка на уредот. Се забранува управување возило под дејство на опојни дроги и психотропни супстанции, а се воведуваат и нови обврски за автошколите и стручните кадри, кои ќе мора да полагаат испит пред комисија во МВР.

Дополнително, се прецизираат зоните со смирен сообраќај, со воведување „зона училиште“ и „зона 30“.

Предложените измени во Кривичниот законик предвидуваат задолжителна забрана за управување возило за тешки сообраќајни кривични дела, во траење од шест месеци до десет години. Судот ќе може да го одземе и возилото доколку сторителот управувал со екстремно пречекорување на брзината и ако претходно бил осуден за кривично дело против безбедноста на јавниот сообраќај.

Казни со затвор од три месеци до три години и парична казна се предвидени за возење со над 1,5 промили алкохол, под дејство на дроги, возење во спротивна насока, опасно претекнување, значително пречекорување на брзината, како и за организирање или учество во недозволени трки и управување возило без положен испит или без важечка возачка дозвола.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг