Повеќе од пола од младите Германци не ја гедаат иднината во својата земја и сакаат да заминат во странство

Повеќе од половина од младите Германци не ја гледаат својата иднина во својата татковина, покажуваат податоците од најново истражување.

Според студија на Здружението „Die Familienunternehmer“, 54% од младите сакаат да одат и да градат кариера во странство, што ќе го влоши недостигот од квалификувани работници и демографските проблеми во Германија. 

Според истражуваето, од една страна, нарушена е довербата во работењето за државата и нејзината ниска ефикасност во однос на соодносот цена-квалитет, а од друга страна, недостига реален економски раст.