Connect with us

Македонија

Сиљановска Давкова во Април ќе патува во Софија на покана на Радев

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во Април ќе патува во Софија на покана на претседателот Радев.

Македонската претседателка во Софија ќе учествува на Акаба Самитот кој заедно го организираат претседателот Радев и јорданскиот крал Абдула 2.

Оваа информација Сиљановска Давкова ја објави во интервју за Сител во средата.

“Набргу ќе се сретнеме сега во април бидејќи тукушто ме покани на т.н. процес AKAБA, тоа е процес за борба со тероризмот и екстремизмот, инициран од јорданскиот крал.

Значи одбрана група од претседатели, така пишува, одбрана група, се канат и во моментот кодомаќини се господин Радев и јорданскиот крал. Ние имаме усвоено Национална стратегија за борба со тероризмот и екстремизмот, и еве уште една причина да видиме што ќе правиме. Ние имаме, јас веќе имам неколку покани, и за одење и за доаѓање овде на претседатели на држави. Потврдени се, но може да се случат некогаш во последен момент”, изјави претседателката за Сител.

Денеска претседателот Радев објави дека имал телефонски разговор со Сиљановска Давкова.

Како што информира Кабинетот на Радев, двајцата соговорници разговарале за важноста од контруктивен дијалог на највисоко ниво меѓу двете земји. 

,,Овој дијалог е од особена важност и за изградба на цврста основа за развој на билатералните односи и за решавање на регионалните и глобалните предизвици поврзани со обезбедувањето на безбедноста, борбата против тероризмот и справувањето со нелегалната миграција”, се наведува во информацијата од Кабинетот на бугарскиот претседател Радев. 

Целото интервју на Сиљановска Давкова на Сител на овој линк 

Дали францускиот амбасадор во Будимпешта му забележа на Орбан за истото тоа што го стори Македонија, прашува претседателката

Advertisement

Македонија

Владата донесе одлука за прогласување на кризна состојба на целата територија на Македонија

Владата на денешната редовна 138 владина седница, на предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи донесе одлука за постоење на кризна состојба во снабдувањето со електричната енергија на целата територија на државата во рок од 7 дена од денот на влегување во сила на оваа одлука. 

Како што информиравме во текот на претходните денови, оваа одлука произлегува поради неможноста за набавка на мазут кој е неопходен во делот на производството. 

Задолжителните резерви на нафтен дериват ќе се отстапат без надоместок, а АД ЕСМ за трошењето на нафтениот дериват мазут има обврска да доставува извештај со Владата и до Министерство за финансии.

Continue Reading

Македонија

Отворена за сообраќај клучката кај Подмоље на автопатот Охрид–Кичево

Сообраќајниот крак – клучката на автопатската делница Охрид–Кичево, кај селото Подмоље, е пуштен во редовен сообраќај, информираат од СВР Охрид. Со ова се нормализира сообраќајот на повеќе фреквентни правци, меѓу кои Охрид–Кичево–Скопје, Охрид–Струга, Струга–Кичево–Скопје и Струга–Охрид, без какви било дополнителни ограничувања.

Од полицијата нагласуваат дека клучката е целосно функционална и апелираат до сите учесници во сообраќајот да возат внимателно и одговорно. Возачите на патнички и други моторни возила се повикуваат строго да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и поставената хоризонтална и вертикална сигнализација, со цел да се зголеми безбедноста на патиштата и да се избегнат несакани инциденти.

Continue Reading

Македонија

Јаневска: Загадениот воздух нема да донесе предвремен зимски распуст

Министерката за образование, Весна Јаневска, денеска увери дека учениците ќе продолжат со настава до крајот на месецов и потоа ќе заминат на редовниот зимски распуст, без предвремено распуштање поради загадениот воздух.

„Остануваат уште малку денови до распустот и во овој момент немаме информации дека здравјето на децата е загрозено“, истакна Јаневска одговарајќи на новинарско прашање при посетата на Економскиот факултет на УКИМ. Таа додаде дека отсуствувањето ден-два поради здравствени причини не е проблем, но дека мора да се избегне негативната практика од минатото, кога се скратувале учебните денови поради различни причини.

„Жалам што морам да направам груба споредба, но во некои европски земји децата одат на настава дури и кога имаат грип, се додека нивното здравје не е сериозно загрозено. Нашите ученици не се пренатрупани со учење, и доколку нема сериозен здравствен ризик, не е проблем да отсуствуваат еден-два дена. Проблем беше кога се скратуваа учебните денови заради поевтини одмори или подготовки за писмени испити. Тие негативни појави треба да ги отстрануваме“, нагласи министерката.

Јаневска потенцираше дека одлуките секогаш ќе бидат носени во интерес на здравјето на децата, а во овој момент нема сигнал дека наставата е во опасност по нивното здравје.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг