Норвешка нафтена гигантка ѝ врти грб на американската морнарица – ескалира судирот Трамп-Зеленски!

Големата норвешка нафтена компанија Haltbakk Bunkers објави дека повеќе нема да доставува гориво за американските сили, вклучително и подморниците на американската морнарица што се закотвуваат во норвешките пристаништа.

Одлуката е одговор на неодамнешниот судир меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски во Белата куќа.