Connect with us

Магазин

Дневен хороскоп за четврток – 6 март

Овен 

И покрај поразот кој ќе го претрпите во работата сепак ќе бидете во добро расположение. Ќе заклучите дека понекогаш и поразот е добредојден. Некои претставици ќе имаат бурни расправии со претпоставените кои на крај ќе завршат во нивна корист. Во љубовта ситуацијата е нестабилна можеби премногу барате. Преиспитајте ги вашите желби, но и можностите. 

Бик

Очекувате покана за на некој краток излет, а ако дојдете до нека немојте да се колебата да ја прифатите. Романтични или деловни патувања, па дури и ако се пократки во моментот добро ќе ви дојдат. Имате потреба за стекнување на нови знаења, а за тоа нема подобри работи од откривање на нови краеви и стекнување на нови пријателства. 

Близнаци

На работен план мислите дека се можете, но внимавајте, бидејќи е можно да направите грешка. Ако успеете сите работи да ги завршите како што треба патот за напредување ви е отворен. Постојат шанси за патувања, но од службена природа и кратки релации. Што се однесува до финасиите тука не е се така лошо како што ви изгледа. Во љубовта ситуацијата е стабилна.

Рак

Денес ќе имате пријатни разговори и ќе уживате во грижата за другите луѓе. Ќе имате многу нови работни проекти, но ќе чекате одобрение од некоја важна личност. Некој навистина ќе го цени вашето мислење, но внимавајте да не бидете посесивни во врската.

Лав

Одлично се справувате со емоциите и јасно гледате на работите, дури и во панични ситуации. Ѕвездите ви се наклонети на поле кариера и многу добро знаете како да направите правилни финансиски потези. Ако љубовната врска не ви функционира, размислете дали вреди да се малтретирате.

Девица

Ќе имате слобода да се изразите отворено и тоа ќе ви помогне да растете и да напредувате. На работа смело ќе ги кажувате вашите гледишта. Ќе остварите нови познанства кои ќе ви помогнат многу. Водите некоја љубовна битка и сакате партнерот по секоја цена да ви ги исполнува сите желби, размислете да не претерувате.

Вага

Вие сте личност на која луѓето со задоволство ѝ се исповедаат. Со помош на ова ќе успеете да го избркате од душата чувството на бескорисност, кое ве мачи. Денес кажете им збогум на некои стари работни маки. Дозволете му на умот да сонува за промена во кариерата. Ќе успеете да кренете раце од токсична личност и на љубовен план да се посветите на личност која навистина го заслужува тоа.

Скорпија

Имате силна интуиција и денес таа ќе ве води во вистинската насока. Ги имате сите состојки за да блеснете на работа, но и за дел од колегите да ви станат пријатели. Уживајте во дискусиите. Ѝ давате голема важност на љубовта и периодов сè ќе ви оди од рака – па, уживајте.

Стрелец

Предизвикувате засраменост кај луѓето од околината поради тоа што сте предиректни со прашањата. Внимавајте кому како пристапувате. Не ви се потребни нови непријатели. Ако почнете да се споредувате со колегите и да се грижите кој колку плата зема – работите нема да одат на подобро. Вратете си го оптимизмот, па работите како на работа, така и на љубовен план, ќе ви тргнат на подобро.

Јарец

Вложете малку повеќе напор и работите ќе тргнат во посакуваната насока. Со помош на хумор ќе решите некоја ситуација на работа која одамна ве блокира и вас и целата компанија. Во љубовта ќе ги надминете малите конфликти и нема да сакате да губите време на долги и бесцелни објаснувања.

Водолија

Денес ќе имате стабилен ден и ќе имате врски изградени на база на доверба, нешто кое одамна си го посакувате. Бидете поактивни на работа и наградата сама ќе дојде. Тестирајте некој нов пристап. Дадете си го луксузот да бидете сами со себе и да уживате во свое друштво. Бидете си приоритет.

Риби

Ѕвездите ви се смешкаат и ќе продлабочите некои врски со помош на нежен пристап и дипломатија. Полни сте со ентузијазам на работа и не штедите на енергија, па тоа ќе биде наградено. Небото ви се смешка и на љубовен план. Со некоја личност искрено ќе си ги изразувате емоциите.

Advertisement

Магазин

Небесен спектакл над Македонија: Геминидите вечерва и утре ќе го достигнат својот врв

Метеорскиот дожд Геминиди, еден од највпечатливите астрономски настани во годината, го достигнува својот максимум вечерва и утре навечер. Астрономите најавуваат одлични услови за набљудување, особено ако времето биде ведро, а најдобар поглед ќе имаат жителите на северната хемисфера, пренесува Би-Би-Си.

Метеорските дождови се појава што настанува кога Земјата минува низ облаци од остатоци зад комети или астероиди. Кај Геминидите, изворот е астероидот 3200 Фетон – редок пример каде метеорски дожд не потекнува од комета. Кога честичките прашина и карпи влегуваат во атмосферата, тие согоруваат и создаваат светли траги познати како „ѕвезди што паѓаат“.

Иако повеќето метеори се бели, дел од нив може да светат во зелена, жолта, црвена или сина боја, во зависност од хемискиот состав. Натриумот, магнезиумот и калциумот создаваат ефекти слични на огномет, што го прави овој дожд особено атрактивен.

„На ведро ноќно небо може да се видат и до 100 метеори на час, што е исклучително многу. Ова е практично најсилниот метеорски дожд во годината“, изјави Роберт Маси, астроном од Кралското астрономско друштво во Велика Британија.

Оваа година, условите се поволни бидејќи Месечината е во опаѓачка фаза и ќе изгрее подоцна во текот на ноќта, што значи помало пречка за набљудување. Најдобар ефект ќе има од места далеку од градско осветлување, со чист и отворен поглед кон небото.

Геминидите најдобро се гледаат во периодот од 22:00 до 2:00 часот по полноќ, а за набљудување не е потребна никаква опрема – доволно е само голо око и малку трпение.

„Ова е едно од ретките природни задоволства што се целосно бесплатни. Излезете, погледнете кон небото и уживајте – тоа е момент кога можете да заборавите на секојдневните грижи и да се поврзете со универзумот“, порачува д-р Маси.

Continue Reading

Магазин

Македонците потрошиле скоро 3 милиони долари на Onlyfans

Македонските корисници во 2025 година потрошиле речиси 3 милиони долари односно вкупно 2.869.784,63 долари на платформата за креирање содржини за возрасни – Onlyfans. 

Иако сумата изгледа висока, сепак таа останува занемарлива во глобалните рамки каде прометот се мери во милијарди, но Македонија и натаму е меѓу државите со најниска просечна потрошувачка во регионот.

На глобалната листа на приходи на Onlyfans за 2025 година, земјава е позиционирана на 86-тото место од вкупно 188 држави. Оваа година потрошувачката е повисока за речиси 370.000 долари во однос на 2024-та година, што претставува пораст од околу 14,82 проценти.

Анализите според потрошувачката усогласена по глава на жител покажуваат нешто подобар пласман односно 64-то место со просек од 12.877 долари на 10.000 жители.

Разликите меѓу земјите се значителни. Словенија е убедливо пред сите со просечни 6,8 долари по жител, следат Хрватска и Грција со по 4,6 долари, Србија со 2,6 долари и Црна Гора со 2 долари. Под Македонија се само Бугарија и Албанија, чија просечна потрошувачка не достигнува ни еден американски долар по жител.

Извор: 4news.mk

Continue Reading

Магазин

Ако го видите овој знак на патот, тргнете се веднаш: Казните се до 200 евра!

Европските земји постепено воведуваат нови сообраќајни правила, а еден знак веќе привлече големо внимание кај возачите. Станува збор за син сообраќаен знак со бел дијамант, чие игнорирање може да биде скапо – во Франција казната е 135 евра, додека во Шпанија е дури 200 евра.

Овој знак означува посебна лента која е наменета само за одредени категории возила. Во Франција, веќе може да се види во поголемите градови како што се Лион, Гренобл и Стразбур, а властите најавија дека ќе биде проширена на целата земја во наредниот период.

Лентата означена со бел дијамант не е достапна за сите. Дозволено е да се вози само со возила со најмалку двајца патници, автомобили со ознака за нулта емисија, такси – дури и кога не превезуваат патници – и јавен превоз. Другите возачи кои ќе се најдат во оваа лента ризикуваат казна.

Специјалните ленти најчесто се наоѓаат во левата лента на автопатите и експресните патишта, особено во областите каде што често се случуваат сообраќајни метежи, како што се приближувањата кон градовите или излезите од автопатите. Во некои случаи, овие правила важат само во одредени периоди од денот, што дополнително е означено со семафори или самиот дијамантски знак.

Целта на воведувањето на овој знак и посебните ленти е да се олесни сообраќајот и да се намали загадувањето. Со поттикнување на заедничкото возење и употребата на еколошки возила, властите сакаат да го намалат бројот на автомобили на патиштата и да го забрзаат протокот на сообраќај, особено во шпицот.

За возачите, ова значи едно – тие треба да обрнат дополнително внимание на сообраќајните сигнали, особено кога возат во странство. Незнаењето на ова правило не ги ослободува од одговорност, а казните можат да бидат сериозен удар за домашниот буџет.

Извор: 4news.mk

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг