Connect with us

Магазин

Корисни психолошки трикови: Доколку ги знаете овие работи, никој нема да може да ве манипулира и искористува

Овие трикови ќе ви го олеснат животот и ќе ви помогнат да се справите со стресни ситуации.

Без разлика дали се корисни или не се, секако се интересни и вредни за читање.

1. Кога група на луѓе (или цело друштво) се смее, луѓето инстинктивно гледаат кон личноста со која се најблиски или сакаат да бидат блиски.

2. Џвакајте гума за џвакање или јадете нешто кога сте нервозни. Така го измамувате вашиот мозок дека не сте нервозни, бидејќи не можете да бидете во опасност кога јадете.

3. Ако некој е лут на вас, вие останете смирени, иако во тој момент бидат уште повеќе лути, подоцна ќе се срамат од тоа.

4. Ако некој ви даде само парцијален одговор на прашањето кое сте му го поставиле, продолжете да гледате во очи и ништо не зборувајте. Личноста ќе претпостави дека нивниот одговор не е доволен и ќе продолжи да зборува.

5. Изразите на емоции се само еден од начините за предизвикување на вистинските емоции. Така што, ако сакате да се расположите, раширете ги усните во насмевка, колку што можете.

6. Никогаш не велите или не пишувајте „јас мислам“ или „верувам дека“. Тоа се подразбира, а звучи како да имате недостаток од самодоверба.

7. Пред интервју за работа, замислете дека личноста која ве интервјуира е ваш стар пријател. Само имајте контрола над вашата перцепција на ситуацијата и ќе се чувствувате опуштено.

8. Ако покажете голема среќа и возбуда кога ќе видите или сретнете некои луѓе, наредниот пат кога ќе се видите, тие најверојатно ќе покажат уште поголема среќа.

9. Луѓето секогаш ќе прифатат помала услуга, откако одбиле една или две големи.

10. Многу физички ефекти на стрес се исти како и ефектите на воодушевување (тешко дишење, брзо чукање на срцето итн.). Ако ја преформулирате својата ситуација како предизвикувачка, вашиот стрес ќе се претвори во возбудување.

11. Поголемиот дел од луѓето не умеат да ја препознаат разликата помеѓу генијалноста и самодовербата. АКо изгледате како да знаете што правите, луѓето имаат тенденција да се приближат кон вас.

12. Ако работите нешто што бара контакт со клиенти, поставете огледало позади себе. Луѓето ќе бидат попријатни бидејќи никој не сака себеси да се види кога се однесува лошо.

13. Кога одите на прв состанок, одберете некои возбудливо и несекојдневно место. Полесно ќе се поврзете со таа личност доколку заедно доживеете возбуда и забава.

Advertisement

Магазин

Овен
Понеделник ви носи ментална брзина и желба да ги „исчистите“ заостанатите обврски. Добро е да бидете внимателни со брзите реакции – посебно околу партнерот. Нови контакти може да се развијат спонтано, но со трпение. Здравјето е стабилно, само внимавајте на стресот.

Бик
Фокусот е на практична работа и стабилни чекори напред. Ако сте во врска, ги цените едноставните, топли разговори. Слободните може да „најдат“ некому доверлив и приземјен збор. Здравјето е добро.

Близнаци
Вашиот ум работи на високи вртежи – полни со идеи. Клучно е да изберете една насока и да се фокусирате за да не се расеете. Во љубовта, комуникацијата бара повеќе внимание, а нервниот систем бара одмор.

Рак
Организацијата и поставувањето граници ќе направат денес да ве почувствувате посилни. Во врската барајте разбирање наместо исцрпувачки разговори. Слободните можат да забележат заинтересирачка личност. Внимавајте на стомакот под стрес.

Лав
Денот ве мотивира да преземете иницијатива, но не „гасете“ други со вашето темпо. Во љубовта барајте вистински момент за длабоки разговори. Слободните привлекуваат внимание со самодоверба. Малку проблеми со грбот – опуштете се.

Девица
Вашата концентрација е на високо ниво и лесно ги решавате практичните задачи. Во љубовта настојувајте на јасност, но избегнувајте премногу критики. Слободните можат да запознаат интересна личност во секојдневна средина. Здравјето е стабилно.

Вага
Соработката со другите денес носи најдобри резултати ако јасно ги искажете ставовите. Во врската тежнеете кон рамнотежа и мир. Слободните многу лесно можат да воспостават пријатен контакт. Добро здравје.

Шкорпија
Фокусираноста и решителноста ви помагаат да ги завршите битните задачи, но не преземате туѓи обврски. Во љубовта ќе сакате подлабок, искрен разговор. Слободните можат да привлечат силни емотивни енерги. Добро здравје.

Стрелец
Влегувате во ритам на работа и со добра организација лесно ќе се справите со обврските. Во врската координацијата е клуч. Слободните можат да започнат возбудлив флерт. Енергијата е голема – искористете ја паметно.

Јарец
Понеделник е идеален за планирање и поставување долгорочни цели. Во врската стремете се кон стабилност и конкретни договори. Здравјето е одлично, а одговорноста ве води напред.

Водолија
Креативни идеи и нови пристапи ви се под рака, но прилагодете ги на реалноста. Во врската ќе посакате повеќе простор и разбирање. Слободните имаат шанса да запознаат интелектуално привлечна личност. Добро здравје.

Риби
Интуицијата ви носи лесни одлуки, па денот минува без брзина. Во врската уживате во мирни, нежни моменти. Слободните можат да почувствуваат привлечност кон некој емотивно блискиот. Здравјето е многу добро.

Continue Reading

Магазин

(ВИДЕО) Македонија оствари одличен пласман на Детската Евровизија освојувајќи го 7 место

Македонија постигна значаен успех на овогодишното издание на Детската песна на Евровизија, освојувајќи го седмото место во силна конкуренција од европските земји. Со впечатлив настап и емотивна изведба, македонскиот претставник успеа да ја освои публиката и жирито, обезбедувајќи пласман меѓу најдобрите десет учесници.

Годинашниот победник на фестивалот е Франција, која со најмногу поени ја освои првата позиција и ја потврди својата доминација на детската евровизиска сцена. Натпреварот се одвиваше во одлична атмосфера, со високо ниво на продукција и разновидни музички изрази.

Настапот на македонскиот претставник беше оценет како еден од позрелите и поемотивните на вечерта, а пласманот на седмото место се смета за голем успех и поттик за идните генерации млади музичари.

Со овој резултат, Македонија уште еднаш покажа дека има силен потенцијал на меѓународната музичка сцена и дека вложувањето во младите таленти дава конкретни резултати.

ВИДЕОТО МОЖЕТЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА

Continue Reading

Балкан

(ВИДЕО) Босански тинејџер го собори светскиот рекорд: Со глава скрши 111 бетонски блокови за 35 секунди

Неверојатен физички подвиг привлече внимание ширум светот откако 16-годишниот Керим Ахметспахиќ од Босна и Херцеговина официјално постави нов светски рекорд во скршување бетонски блокови со глава.

На настан во босанскиот град Високо, организиран пред комисија на Гинисовата книга на рекорди, Ахметспахиќ во рок од само 35 секунди успеа да скрши 111 блокови со својата глава, што претставува досега невиден рекорд во оваа дисциплина.

Младиот шампион, кој е и црн појас во таеквондо, ги постави блоковите во колони и со прецизни удари ги разбиваше еден по еден, демонстрирајќи неверојатна сила и контрола. Движењето настанот предизвика громогласен аплауз од присутните, кои со восхит го следеа секој негов потег.

Овој подвиг е признат од страна на официјални претставници на Гинисовите рекорди како нов најголем број бетонски блокови скршени со глава, што значително го надминува претходниот рекорд.

Постигнувањето на Ахметспахиќ не само што го запиша негoвото име во историјата на рекордите, туку и ја истакна важноста на дисциплината, тренингот и физичката подготвеност во екстремни услови.

ВИДЕОТО МОЖЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг