Connect with us

Магазин

Најточниот хороскоп: Ова се најдобрите карактеристики на секој хороскопски знак

Прочитајте кои се вашите седум најдобри карактеристики и подигнете го нивото на вашата самодоверба.

Овен

1. Тие го прават животот возбудлив.

2. За овните, секој момент е важен во нивниот животот, а чувството е заразно.

3. Доколку ви треба партнер за скокање банџи, јавете му се на овенот.

4. Можете да имате страшна кавга со овен, но после 5 минути тој ќе заборави на сè.

5. Кога ќе им дојдете на гости нема само да ви ја отворат вратата за добредојде, туку ќе скокаат и ќе бидат безрезервно радосни што сте дошле.

6. Страстен и жесток, овенот често има потреба добро да се издува.

7. Тие се заљубуваат многу брзо, но силно. Па доколку во вас се заљуби некој роден во знакот овен, заврзете го појасот и уживајте во возењето.

Бик

1. Луѓе што најмногу сакаат да се мазат и галат.

2. Тие се многу лојални и одлични пријатели и секогаш ќе бидат тука за тебе.

3. Тие секогаш се искрени сами со себе. Тие се скоро неспособни да не бидат свои или да мамат.

4. Доколку се чувствувате виновно бидејќи сте изеле уште едно колаче, а сте на диета, бикот ќе ви каже дека сте го заслужиле и ќе ви донесе и една чаша млеко.

5. Секогаш ќе се чувствувате добредојдени во домот на бикот.

6. Бикот може да ви помогне да си ги реализирате вашите брилијанти идеи.

7. Биковите сакаат да се честат себеси со најдобрите глетки, вкусови, звуци, мириси и чувства кои светот ги нуди, па така неговиот живот е многу богат.

Близнаци

1. Секогаш се спремни за добар, долг разговор.

2. Обожаваат да сретнуваат нови луѓе и да доживуваат нови искуства.

3. Доколку не си се допаднало лицето кое денеска ви го покажале, не грижете се, утре ќе бидат сосема други.

4. Тие се многу паметни и добро начитани.

5. Тие се отворени и комуникативни, па нема да ви треба многу мака за подобро да ги запознаете.

6. Се чувствувате статични и неактивни? Потребата на близнаците да менуваат нешто кај луѓето сигурно ќе ви помогне.

7. Секогаш можете да сметате на близнаците дека ќе бидат предвидливо непредвидливи.

Рак

1. Без разлика дали се дружите со нив некаде на кафе или во нивниот дом, тие секогаш ќе прават да се чувствувате добредојдено.

2. Поради нивната сентиментална страна, раковите секогаш сакаат да се навраќаат на добрите стари денови.

3. Кога ракот ќе те праша „Како си?“, навистина сака да го знае одговорот.

4. Познавајќи го своето опкружување, тој инстантно знае доколку нешто не е во ред.

5. Тие секогаш знаат да поклонат честитка од срце.

6. Раковите поседуваат тивка сила која често е потценета.

7. Тие секогаш се најсреќни кога поминуваат време со луѓето кои ги сакаат.

Лав

1. Забава, забава, забава

2. Го сакаат животот и луѓето, а нивниот ентузијазам е заразен.

3. Тие се неодоливо и безгрижно романтични.

4. Тие се заштитнички настроени и секогаш спремни да им се препуштат на луѓето кои ги сакаат.

5. Шармот кој го поседува лавот, може да го извлече од многу непријатни ситуации.

6. Доколку некој лав е заинтересиран за вас, ќе се обиде да направи да се почувствувате како најпосакуваната личност која гази на Земјата.

7. Лавовите се дефинитивно пријатно чудни и многу уникатни.

Девица

1. Тие се длабоки и сензитивни луѓе.

2. Кога ќе ви требаат, секогаш ќе бидат тука за вас.

3. Тие би ви го средиле вашиот плакар и би се забавувале дур го прават тоа.

4. Никогаш нема да го чекате вашиот пријател роден во знакот девица, бидејќи тој секогаш доаѓа 5 минути порано од договореното.

5. Се чувствувате скршено и совладано? Јавете ѝ се на девицата и таа ќе ви го реши проблемот.

6. Тие се грижливи и одговорни. Доколку некој е изоставен и заборавен на некоја забава, таа тоа ќе го забележи и ќе го поправи.

7. Тие прават сè што претходно си го наумиле, па нивниот живот е исполнет и интересен.

Вага

1. Тие успеваат секоја ситуација да ја направат попријатна. Од нив зрачат пријатни вибрации.

2. Вагата е среќна кога сите околу нив се среќни.

3. Скоро е невозможно да не ја сакате вагата. Всушност, нивното мото треба да биде „Сите ја сакаат вагата“.

4. Вагата секогаш ќе ви помага да ги видите двете страни на некој проблем.

5. Тие ја ценат убавината и ја носат во животот на луѓето кои ги сакаат.

6. За нив, релаксацијата е уметност и секогаш сакаат да ги канат останатите во нивниот комфорен начин на живеење.

7. Секогаш се поетично расположени, а обожаваат уметност.

Скорпија

1. Скорпиите се најлојалните луѓе кои некогаш ќе ги сретнете. Придобијте скорпија на ваша страна и спремни сте за животот.

2. Секогаш се подготвени за долги и значајни разговори, бидејќи се опседнати со интимноста.

3. Многу е забавно да правиш заговори и шеми со скорпија.

4. Тие забележуваат сè, дури и најситни детали. Сте се шишале? Тие ќе го забележат тоа и ќе ви дадат комплимент.

5. Доколку направите нешто фино за нив, тие ќе го ценат тоа и вечно ќе го помнат.

6. Никогаш нема да се чувствувате чудно зборејќи за секс со скорпија. Тоа е нејзината омилена тема.

7. Скорпијата е најмоќниот знак во зодијакот. Ги користат своите моќи за добро, а можат и да го променат светот.

Стрелец

1. Животот со нив е авантура.

2. Нема да најдете подобродушен знак од стрелецот. Тие ќе ви дадат сè што ви е потребно, без да очекуваат да им ја возвратите услугата.

3. Тие се одлично друштво за забави, затоа што се весели, дружељубиви и посакувани.

4. Tие секогаш имаат мислење и не се плашат да се борат за своите уверувања.

5. Секогаш се отворени да слушнат за искуствата и идеите на останатите луѓе.

6. Секогаш ќе знаете на што сте со стрелецот, бидејќи се искрени и директни.

7. Се чувствувате тажно? Јавете му се на стрелецот. Тој може да ја види светлата страна на секоја ситуација.

Јарец

1. Јарците се многу успешни и успеваат тоа да го пренесат на сите во своето опкружување.

2. Никогаш не пропуштајте забава која ја организира јарец. Тие се неверојатни домаќини.

3. Тие се силни и самостојни.

4. Секогаш ќе бидат тука за да ве поддржат.

5. Тие се амбициозни, а нивната навика за поставување високи цели ќе ве поттикне и вас да го сторите истото.

6. Приземни и топли, тие се големи мази.

7. Љубовта на јарецот е често во придружба на вкусни печива.

Водолија

1. Водолиите секогаш имаат инвентивни и оригинални идеи.

2. Тие се разумни, објективи и секогаш даваат добри совети.

3. Благодарение на нивниот брз интелект, тие се одлични во комуникацијата.

4. Одлично е да бидете во нивно друштво, бидејќи тие ги сметаат своите пријатели за фамилија.

5. Тие не ја следат толпата, туку создаваат своја.

6. Тие се многу хуманитарни и сакаат да го направат светот подобро место за живеење. Не само што зборуваат дека сакаат хумани дела, туку и ги прават.

7. Водолиите сакаат сите луѓе да се среќни и згрижени.

Риби

1. Благодарение на нивната енергија и благодат, тие се како самовили од друга планета.

2. Што и да планирате со родените во знакот риби е многу лесно, бидејќи многу лесно се согласуваат со сите.

3. Потребен ви е совет од предвидувач на иднината, а немате доволно пари? Јавете му се на вашиот супер интуитивен пријател роден во знакот риба.

4. Рибите се многу длабоки и чувствителни луѓе.

5. Тие се полни со разбирање и не осудуваат. Можете да им верувате со вашите емоции.

6. Смирувачката енергија на рибите е поефективна од чаша вино.

7. Нивната природа лесно да прифаќаат авантури, ги носи на неверојатни места. Начинот на кој тие живеат, е инспиративен.

Advertisement

Магазин

Влад Илиќ од Куманово: Најдобар стенд ап комичар во Велика Британија за 2025

Во „бастионот“ на светската комедија, култниот Comedy Store во Лондон, македонското знаме симболично се развеа на највисокото скалило. Во конкуренција на дури 700 комичари од целото Обединето Кралство, на 3 декември 2025 година, Македонецот Влад Илиќ ја понесе престижната титула „Најдобар стенд-ап комичар во Велика Британија за 2025“.

По првиот голем блесок на ББС пред три години, овој успех е круна на една десетгодишна фасцинантна транзиција. Патот на Илиќ започна како актер во Кумановскиот театар, каде што под влијание на домашните мајстори како Сашко Коцев и Тони Михајловски, почна да го бруси својот талент за подоцна да се лансира меѓу светските ѕвезди.

„Среќен сум што годините поминати на сцена се крунисани со ова признание. Тоа е потврда за сиот влог, но најмногу за хуморот кој е специфичен и веќе препознаен. Она што ме издвојува е нашиот менталитет – тој уникатен македонски ген кој ни овозможува на животот да гледаме малку понесериозно и пообјективно. Можеби во фудбал секогаш ќе губиме од Англичаните, ама во хуморот не ни можат ништо!“, вели расположениот Илиќ веднаш по триумфот.

Зад блескавиот пехар стојат илјадници непроспиени ноќи, аматерски настапи во зачадени клубови и неуморно пишување материјали. Влад денес е вистински полиглот на сцената, изведувајќи ги своите шоуа на четири јазици: македонски, англиски, српски и италијански.

„Ништо не е случајно во ваков натпревар,“ објаснува тој. „Ме грее љубовта кон професијата, поддршката од семејството и гордоста што ја претставувам мојата татковина. Тој пламен е посилен од студот на овој дождлив остров.“

Покрај статуетката, Илиќ доби и парична награда од 10.000 фунти. На прашањето каде ќе завршат средствата, тој во свој препознатлив стил одговори: „Ќе ги дадам во хуманитарни цели – на братучедите.“

Continue Reading

Магазин

Конструирање и одржливост: како Samsung Galaxy S и Z сериите предничат во оваа област

Немаме резервна планета – нашата земја и вода мора да останат чисти и просперитетни за идните генерации. Одржливоста не е избор, туку обврска. Samsung ја разбира оваа одговорност и затоа ги создаде сериите Galaxy S и Galaxy Z, кои го застапуваат овој принцип. Овие врвни паметни телефони се повеќе од најсовремени уреди; тие се доказ за развој на технологија што ја почитува нашата планета. Ајде да погледнеме како Samsung ја комбинира извонредноста во конструирањето со одржливоста во своите Galaxy S и Z серии.

Galaxy Z серијата: Иновации со еколошко срце

Моделите Galaxy Z Fold7 и Flip7 се доказ за целосната посветеност на Samsung кон одржливостa без компромис во перформансите. Еве како овие уреди се конструирани за да бидат и моќни и еколошки прифатливи:

Рециклирани материјали: Fold7 и Flip7 содржат девет рециклирани материјали, меѓу кои пластика, стакло, алуминиум, кобалт, ретки природни елементи, злато, бакар, челик и литиум. Овој пристап го намалува еколошкото влијание од производството, а истовремено го задржува врвниот квалитет.

100% рециклиран кобалт и литиум: Батериите кај моделите Fold7 и Flip7 користат 100% рециклиран кобалт и литиум, што значително го намалува еколошкиот отпечаток.

Одржлива амбалажа: Амбалажата за овие уреди е изработена од 100% рециклирана хартија, со што се елиминира потребата од пластика за еднократна употреба и се поттикнува поодржливо искуство при пакување.

Slim Actuator технологија: Slim Actuator кај моделот Fold7 овозможува камера со високи перформанси во потенок форм-фактор, гарантирајќи дека иновациите не доаѓаат на сметка на дизајнот.

Ултра-високoгустинска печатена плоча: Во моделот Flip7 се вградени компоненти со висока густина, со што максимално се искористува внатрешниот простор и се намалува отпадот од материјали.

Компактен модул на камерата: Модулот на камерата кај Flip7 е унапреден за да биде помал, а притоа да ги задржи врвните перформанси, што ја потврдува способноста на Samsung да воведува иновации на одржлив начин.

Систем со двојна батерија: Системот со двојна батерија кај Flip7 нуди зголемување од 300 mAh во споредба со претходната генерација, подобрувајќи ги перформансите, а истовремено задржувајќи компактен дизајн.

Galaxy S серијата: моќ во комбинација со цел

Серијата Galaxy S25 ја продолжува традицијата на Samsung да ги спојува најсовремените технологии со одржливите практики. Еве како серијата S25 е конструирана за да биде и моќна и еколошки прифатлива за нашата планета:

Прилагоден Snapdragon® 8 Elite чипсет: Samsung, во соработка со Qualcomm, го унапреди Snapdragon® 8 Elite чипсетот, што резултира со подобрен квалитет на екранот, поголема ефикасност и подобрени перформанси на камерата – дури и во услови на слаба осветленост.

Рециклирани материјали: Серијата Galaxy S25 содржи рециклирани материјали, меѓу кои пластика, стакло, алуминиум, кобалт, ретки природни елементи, злато, бакар и челик, со што се придонесува за поодржлив животен циклус на производите.

Циркуларен синџир на снабдување со батерии: Серијата Galaxy S25 користи рециклиран кобалт од претходно користени Galaxy уреди или од батерии отфрлени за време на производството, со што се подобрува циркуларноста и се намалува електронскиот отпад.

Користење обновлива енергија: Samsung премина на 100% обновлива енергија во осум од десет фабрики за производство на мобилни уреди, вклучително и оние во кои се развиваат компонентите за серијата Galaxy S25.

Намалување на јаглеродниот отпечаток: Моделот Galaxy S25 Ultra емитува вкупно 48,9 kg CO₂ во текот на целиот свој животен век, според пресметките направени преку системот за процена на животниот циклус на производите на Samsung.

Зошто е ова важно?

Суштината на пристапот на Samsung кон конструирањето и одржливоста не лежи само во исполнување на потребите на денешницата, туку и во обликување подобро утре. Со користење рециклирани материјали, оптимизирање на потрошувачката на енергија и намалување на јаглеродниот отпечаток, Samsung гарантира дека уредите од сериите Galaxy S и Galaxy Z не се само моќни, туку и одговорни.

Без разлика дали го истражувате иновативниот дизајн на склопливите уреди од Z серијата или модерната елеганција на S серијата, едно е јасно: Samsung е лидер во создавање технологија што е подеднакво одржлива и напредна.

Во последниот текст од оваа серија ќе се осврнеме на третиот темел на гаранцијата за квалитет на сериите Galaxy S и Z.

Continue Reading

Магазин

Богати празници со „Лото 7“

7-ка над 1 000 000 евра може да оствари повеќе од еден сон

Празниците се време за среќа, а во декември, месецот на желби и надежи, треба да се сонуваат големи соништа. Играта на среќа „Лото 7“, е најдостапната дестинација за сонување и носи многу можности за изненадување.

Сите оние на коишто бројот 7 им е среќен број, ги потсетуваме дека од 10 до 31 декември играта на среќа „Лото 7“ дава уште точно 7 можности за 7-ка во 2025 година, преку 7-те кола во коишто ќе се извлекуваат добитните лото бројчиња.

Со предвремената уплата, можете однапред да учествувате во 7 последователни кола и безгрижно да ги прославите празниците, знаејќи дека вашата шанса за добивка е веќе обезбедена. Дозволете му на „Лото 7“ да ве изненади, уплатете навреме и уживајте во празничниот дух исполнет со надеж.

Со симболични 30 денари за една лото комбинација, си подарувате моменти исполнети со мечтаење, возбуда и она незаменливо чувство на исчекување. Секоја ваша лото уплата ви ја отвора вратата кон свет ‒ полн со нови можности и ви ја дава шансата да се запрашате: Што ако токму јас сум следниот добитник на големата седумка?

Тоа е патот по кој поминаа досегашните 28 среќни добитници на седумки од 2010 година до денес. Тие порачуваат дека секогаш треба да се верува во среќата и никогаш да не се изгуби надеж. За седумка досега се славеше во Битола, Куманово, Кичево, Кавадарци, Свети Николе, Тетово, Струмица, Неготино, Кочани, Охрид и во Скопје, а последната и најголема постигната седумка вредна над 1,7 милиони евра, беше освоена во Охрид во 2024 година.

Играта на среќа „Лото 7“ прерасна во традиција, којашто спојува генерации. Во исчекување на 29-тата седумка, потсетуваме дека со секоја уплатена комбинација се дава и придонес кон општествено корисни цели ‒ поддршка на науката, образованието, културата, спортот, животната средина и проекти од јавен интерес. И дека среќата е насекаде, само треба да ја побарате.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг