Connect with us

Македонија

ВЛЕН: Фронтот на Ахмети на стаклени нозе

„Ништо повеќе не зависи од Али Ахмети. Неговиот авторитет е целосно разнишан после скандалите со Артан Груби. Не може да наметне ниту едно решение, не може да ги консолидира редовите, бидејќи никој повеќе не му верува дека брзо ќе се вратат на власт“, велат од коалицијата ВЛЕН.

Во партиското соопштение се додава:

„Очајот оди дотаму што тера инает на администрацијата на САД и упорно ги држи блиску до себе и го оправдува поведението на кадрите на ДУИ што се на црната листа. На сценариото за бојкот и плановите на денот на изборите да се испровоцираат инциденти, претходела внатрешна кавга во фронтот на ДУИ. Темата била Струга. Затоа,  наместо да ја дефокусира јавноста со лажна грижа за Албанскиот јазик, ДУИ треба да одговори: Дали Ахмети му кажал на Села дека не може да се откаже од услугите на Рамиз Мерко? Дали е точно дека Артан Груби стои зад Рамиз Мерко заради нивни меѓусебни дилови? Дали е точно дека Зијадин Села му се заканил дека ќе ги бојкотира локалните избори во Струга, ако Рамиз Мерко не е исклучен од ДУИ?

Одговорите на овие прашања ќе го поткрепат нашето тврдење дека зад обидот да се предизвика политичка криза се крие страв од пораз заради внатрешни пресметки за да се заштитат поранешните корумпирани функционери на ДУИ и нивните блиски. Сценариото за бојкот нема ама баш никаква врска со наводната “деалбанизација” за која лажно критикува ДУИ. Албанскиот народ ја препознава оваа политичка измама и жестоко ќе го казни ова предавство на претстојните избори“, велат од ВЛЕН.

Advertisement

Македонија

Владата донесе одлука за прогласување на кризна состојба на целата територија на Македонија

Владата на денешната редовна 138 владина седница, на предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи донесе одлука за постоење на кризна состојба во снабдувањето со електричната енергија на целата територија на државата во рок од 7 дена од денот на влегување во сила на оваа одлука. 

Како што информиравме во текот на претходните денови, оваа одлука произлегува поради неможноста за набавка на мазут кој е неопходен во делот на производството. 

Задолжителните резерви на нафтен дериват ќе се отстапат без надоместок, а АД ЕСМ за трошењето на нафтениот дериват мазут има обврска да доставува извештај со Владата и до Министерство за финансии.

Continue Reading

Македонија

Отворена за сообраќај клучката кај Подмоље на автопатот Охрид–Кичево

Сообраќајниот крак – клучката на автопатската делница Охрид–Кичево, кај селото Подмоље, е пуштен во редовен сообраќај, информираат од СВР Охрид. Со ова се нормализира сообраќајот на повеќе фреквентни правци, меѓу кои Охрид–Кичево–Скопје, Охрид–Струга, Струга–Кичево–Скопје и Струга–Охрид, без какви било дополнителни ограничувања.

Од полицијата нагласуваат дека клучката е целосно функционална и апелираат до сите учесници во сообраќајот да возат внимателно и одговорно. Возачите на патнички и други моторни возила се повикуваат строго да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и поставената хоризонтална и вертикална сигнализација, со цел да се зголеми безбедноста на патиштата и да се избегнат несакани инциденти.

Continue Reading

Македонија

Јаневска: Загадениот воздух нема да донесе предвремен зимски распуст

Министерката за образование, Весна Јаневска, денеска увери дека учениците ќе продолжат со настава до крајот на месецов и потоа ќе заминат на редовниот зимски распуст, без предвремено распуштање поради загадениот воздух.

„Остануваат уште малку денови до распустот и во овој момент немаме информации дека здравјето на децата е загрозено“, истакна Јаневска одговарајќи на новинарско прашање при посетата на Економскиот факултет на УКИМ. Таа додаде дека отсуствувањето ден-два поради здравствени причини не е проблем, но дека мора да се избегне негативната практика од минатото, кога се скратувале учебните денови поради различни причини.

„Жалам што морам да направам груба споредба, но во некои европски земји децата одат на настава дури и кога имаат грип, се додека нивното здравје не е сериозно загрозено. Нашите ученици не се пренатрупани со учење, и доколку нема сериозен здравствен ризик, не е проблем да отсуствуваат еден-два дена. Проблем беше кога се скратуваа учебните денови заради поевтини одмори или подготовки за писмени испити. Тие негативни појави треба да ги отстрануваме“, нагласи министерката.

Јаневска потенцираше дека одлуките секогаш ќе бидат носени во интерес на здравјето на децата, а во овој момент нема сигнал дека наставата е во опасност по нивното здравје.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг