Connect with us

Скопје

Традицијата продолжува: Еднодневна екскурзија за пензионерите и оваа година!

Градоначалникот Горан Герасимовски на средбата со повозрасните центарци во пензионерскиот клуб „Миле Арсовски“ информираше дека и годинава, општината ќе организира еднодневна екскурзија за пензионерите.

Минатата година, заедно со членовите на Здружението на пензионери на Центар, бевме во посета на Крушево и на манастирот „Свети Преображение“, кадешто посадивме багреми. На оваа еднодневна пролетна прошетка си поминавме навистина многу убаво дружејќи се со нашите баби и дедовци коишто не израснале во одговорни индивидуи. На сите средби со нив изминатава година, потенцираат дека повторно сакаат оваа активност да се одржи. Денеска им ветив дека годинава повторно ќе се дружиме и заеднички ќе ја утврдиме локацијата, ќе посетиме познат македонски туристички центар со богата традиција. Општината ќе обезбеди превоз, доручек и убава дружба“, истакнува Герасимовски.

Герасимовски потенцира дека организирањето вакви активности има посебно значење за пензионерите, бидејќи социјализацијата игра клучна улога во подобрувањето на нивното психичко и физичко здравје. Дружбата, заедничките прошетки и рекреативните активности ја поттикнуваат позитивната енергија кај повозрасните лица.

Општина Центар преку ваквите иницијативи покажува посветеност кон подобрување на квалитетот на живот на своите највозрасни сограѓани, овозможувајќи им можности за активен и социјално исполнет пензионерски живот.

Advertisement

Скопје

Од денес се плаќа паркинг во „Дајмонд мол’“

diamond mall

По повеќе од две години институционален застој, подземната гаража на „Дајмонд мол“ конечно влегува во режим на наплата. Новиот состав на Советот на Град Скопје ѝ даде зелено светло на компанијата „Лимак“ да започне со комерцијално управување со паркингот, со што од 1 јануари завршува периодот на практично бесплатно паркирање за посетителите.

Според новиот ценовник, првите два часа ќе чинат по 50 денари, а секој нареден час 60 денари. „Преноќено“ паркирање ќе се наплатува 1.500 денари, иста сума е предвидена и како казна за непрописно паркирање, како и за изгубен или оштетен паркинг-билет.

Од „Дајмонд мол“ информираат дека бесплатно паркирање ќе биде можно само со приложување фискална сметка во износ над 400 денари, и тоа исклучиво од Веро маркетот, Dream zone или автопералната. Во соопштението не се појаснува дали сметки од рестораните и продавниците во трговскиот центар ќе важат за оваа поволност, што веќе отвора простор за реакции кај посетителите.

Одлуката беше донесена на последната седница на Советот, со поддршка од советниците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, како и со гласови од советничката група на СДСМ. Така, по долг период на негласање и политичко калкулирање, „Лимак“ ја доби дозволата што со години ја бараше.

Компанијата и претходно се обидуваше да воведе наплата, па дури и кратко време наплаќаше без дозвола, сè додека градските инспектори не интервенираа. Иако формално постоеше правило за бесплатно паркирање во првите два часа и продолжување со сметка над 400 денари до девет часа, во пракса наплата речиси и немаше, а поставените паркомати останаа нефункционални.

Со новата одлука, овој „сив“ режим завршува. Од јануари, паркирањето во „Дајмонд мол“ станува уште една пресметлива ставка во трошоците на скопјани и на посетителите на еден од најголемите трговски центри во градот.

Continue Reading

Скопје

Меџити ја пречека Елиса Спиропали во Чаир – фокус на регионалната соработка

По официјалната посета, градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, ја пречека и Елиса Спиропали во просториите на општината.
Средбата се одржа во пријателска и конструктивна атмосфера, при што беа разгледани актуелните регионални случувања, улогата на албанската дипломатија во јакнењето на меѓународните односи, како и значењето на подлабоката меѓуинституционална соработка во насока на заедничките интереси.

Според Меџити, посетата на Спиропали во Чаир испраќа јасна порака за политичка блискост, институционална поддршка и директно внимание кон Албанците во Северна Македонија. Воедно, таа претставува потврда за заемната волја за интензивирање на соработката меѓу двете земји.
Фокусот на разговорите бил ставен на развојот, интеграцијата и јакнењето на вредностите кои ги поврзуваат двете држави, при што беше нагласена потребата од продолжување на отворената комуникација и партнерскиот пристап во иднина.

Continue Reading

Скопје

Жителите на Општина Аеродром сега можат директно да ја оценат работата на општината

Во обид да ја направи локалната самоуправа поотворена, поефикасна и поблиска до граѓаните, Општина Аеродром воведува нов, транспарентен и целосно анонимен начин на давање оцени и мислења за квалитетот на работењето на Општината и на секој вработен поединечно.

Целта на оваа иницијатива е директно вклучување на граѓаните во процесот на унапредување на локалната самоуправа, преку препознавање на позитивните практики, како и идентификување на областите каде постои простор за подобрување.

Анкетата е кратка, трае помалку од една минута и не собира лични податоци, а граѓаните можат лесно да учествуваат преку скенирање на QR-кодот поставен на официјалните банери на Општината. Со неколку клика, секој може да го изрази своето мислење и да даде оценка за работата на Општината.

„Секоја оцена и секое мислење од граѓаните ќе ни помогне да ги подобриме услугите и да ја зголемиме ефикасноста на нашето работење“, велат од Општина Аеродром, додавајќи дека активното учество на граѓаните е клучно за создавање на поодговорна и сервисно ориентирана локална самоуправа.

Општината ја изразува својата благодарност до граѓаните за довербата и за ангажманот во процесите кои го обликуваат идниот развој на заедницата.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг