Connect with us

Спорт

Македонија до 15 ќе одигра два контролни натпревари со Хрватска

Младата репрезентација на Македонија до 15 години кон средината на март ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Хрватска.

Контролните натпревари ќе бидат одиграни на тренинг центарот „Петар Милошевски” во Скопје.

Првиот натпревар на програмата е на 11. март. со почеток од 14:30 часот. Два дена подоцна во исто време се игра и втората контролна средба помеѓу овие селекции.

Селекторот на репрезентацијата на Македонија до 15 години (генерација 2010), Илами Исејни, за претстојните натпревари со Хрватска се одлучи да ги повика следните фудбалери:

ГОЛМАНИ:

Петар Талевски Победа

Амар Зенделовски Ласк Линз, Австрија

Димитар Петров ФФМ Академија

ОДБРАНА:

Филип Наумовски Македонија Ѓ.П.

Адриан Велески ФФМ Академија

Михајло Павлов ФФМ Академија

Кристијан Нелоски ФФМ Академија

Матеја Масев Црвена Звезда, Србија

Амар Акики Академија

Илија Аксентиев Кул

СРЕДЕН РЕД:

Александар Полимац Партизан, Србија

Марин Крстевски ФФМ Академија

Виган Таири ФФМ Академија

Џихан Ибрахими Вардар

Огнен Сивевски Македонија Ѓ.П.

Благојче Седлоски Академија

Ефе Раифи Гостивар

Матеј Бочески Академија

Аулон Куртиши Шкендија

Павел Стојанов ФФМ Академија

Дардан Адеми ФФМ Академија

НАПАД:

Петар Васоски ФФМ Академија

Медин Емини Кошице, Словачка

Лука Спироски Волсбург, Германија

Собирот на репрезентација на Македонија до 15 години е закажан на 9. март, во 11. часот, во хотел Парк, Скопје.

Advertisement

Спорт

Македонија стана полноправна членка на Медитеранската ракометна конфедерација

Македонската ракометна федерација (РФМ) денеска објави дека нашата земја е примена како полноправна членка на Медитеранската ракометна конфедерација. Досега Македонија имаше статус на придружна членка.

Одлуката беше донесена на седмиот конгрес на Медитеранската конфедерација, кој се одржа во рамките на изборниот конгрес на Меѓународната ракометна федерација во Каиро, Египет.

Следната година македонските ракометарки и ракометари ќе имаат активна улога на меѓународната сцена. Пионерките ќе учествуваат на Медитеранскиот шампионат во февруари во Приштина, додека кадетите ќе настапат во април во Словачка. Сениорите ќе се борат за медалите на Медитеранските игри во август во италијанскиот град Таранто.

Continue Reading

Спорт

Омерагиќ: Посетата на Мамадов отвора нова фаза за македонскиот фудбал

Во „Куќа на фудбалот“ се одржа средба меѓу раководството на Фудбалската федерација на Македонија и Елкан Мамадов, директор за асоцијации и развој во ФИФА и еден од најблиските соработници на претседателот Џани Инфантино.

Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, истакна дека посетата на Мамадов претставува силна потврда за одличната соработка со ФИФА и континуираната поддршка што федерацијата ја добива во реализацијата на стратешките цели, со посебен акцент на инфраструктурата и зајакнувањето на националните селекции.

Омерагиќ најави дека веќе се договара и посета на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, во првата половина на 2026 година, што дополнително ќе ја зацврсти соработката и ќе отвори нови можности за развој на македонскиот фудбал.

Тој нагласи дека ФФМ останува целосно посветена на принципите што се од клучно значење за ФИФА – транспарентност, одговорност и долгорочен развој на фудбалот на сите нивоа во Македонија.

Continue Reading

Спорт

ФФМ и Масар Омерагиќ со честитка до Шкендија за европскиот успех

Фудбалската федерација на Македонија и нејзиниот претседател Масар Омерaгиќ упатија честитки до фудбалскиот клуб Шкендија за изборениот пласман во елиминациската фаза од УЕФА Лигата на конференции.


Од ФФМ оценуваат дека остварениот успех е резултат на професионален пристап, изразен тимски дух и јасна амбиција за докажување на меѓународната сцена. Воедно, пласманот на Шкендија се посочува како значаен придонес за промоција на македонскиот клупски фудбал во европските натпреварувања.


„Успехот на Шкендија е потврда за квалитетната работа на клубот и неговото претставување надвор од границите на државата“, се наведува во честитката од Фудбалската федерација.
ФФМ им посака на фудбалерите и на стручниот штаб на Шкендија успешни и квалитетни настапи во продолжението од европската кампања, со надеж дека клубот ќе продолжи достојно да ја претставува Македонија на меѓународната фудбалска сцена.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг