Нова трагедија ја потресе Македонија: Во тешка сообраќајна несреќа загинаа две лица

Две лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа на експресниот пат Штип – Кочани во близина на село Тркањe. Според првичните информации, во несреќата учествувале две возила „Пежо 3008“ и „волксваген УП“.

Едно од возилата беше во пламен. На лице место интервенираа од Итната медицинска помош Кочани, ТППЕ Кочани, како и од полициската станица. На лице се врши увид од страна на увидна екипа.

Поврзана вест: ФОТО: Тешка сообраќајка на експресниот пат Штип – Кочани, возилото е во пламен