Тешка сообраќајка со повеќе возила повторно на Партизанска

Две лица се полесно повредени во сообраќајна несреќа во која учествувале повеќе возила синоќа околу полноќ на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.

Шеф на смена во Брза помош – Скопје, доктор Драган Панов потврди дека во директен судир со комбе на Брза помош од приватна болница, две лица биле полесно повредени.

Повредените се пренесени во Ургентниот центар за понатамошен третман и опсервација.