Connect with us

Спорт

Кузмановски: Јас верувам во оваа млада Македонија

Капитенот на машката ракометна репрезентација Филип Кузмановски се осврна на добриот мундијалски настап, посочи дека тоа ќе биде мотив, но и притисок за во иднина.

Исто така зборуваше и за публиката, а нагласи дека за квалитетот на ривалот не треба воопшто да се дебатира.

„Словенија е еден квалитетен противник. Сите знаеме со какви играчи располага. Нам ќе ни значи натпреварот, по првенството ќе играме на домашен терен пред распродадена сала, а тоа е мотивација. Го покажавме тоа и претходно кога трибините беа полни, така беше против Фарски Остроив. Публиката гледа една млада и борбена екипа, а тоа го покажавме и на Светското првенство. Ни останува уште чувство како да сме на првенство, мотивацијата е огромна за нас. Тој настап многу ни значи нам, покажавме како треба да се бориме и колку добро одигравме, но и колку треба во иднина плус да покажеме. Верувам во нас, дека ќе се докажеме со Словенија, сакаме победа в среда во Скопје. 

Светското првенство е и мотив и притисок. Сепак, по него пораснавме многу играчите, со поголема самодоверба ќе го дочекаме ривалот. Долго време се заедно и се познаваме. Плус едно првенство во нашите нозе ќе ни значи многу. Треба да го потврдиме тоа, иако веќе Мундијалот е минато. Веруваме во себе, млада екипа сме со добри играчи кои имаат главна улога во своите клубови. Мислам дека тоа беше адутот, бидејќи сите имаат улоги и тоа донесе резултат. 

Имаме три-четири дена добро да анализираме. Стручниот штаб со сигурност ќе ни ја претстави Словенија, да бидеме најдобро подготвени. Немавме многу време да ги следиме како играат таму, ама знаеме дека и на Олимписките игри се бореше. Тие се квалитетен состав, секогаш се на големите турнири и одат на медал“, изјави Кузмановски.

Advertisement

Спорт

Лоши вести за македонскиот ракомет

Европската ракометна федерација (ЕФХ) го одреди новиот формат за Лигата на шампионите, а македонскиот ракометен шампион нема директно учество во најквалитетното натпреварување туку тоа ќе може да го оствари со барање за вајлд-карта.

Извршниот комитет го потврди системот, а рангирањето на федерациите е според резултатите од сезоните 2022/23, 2023/24 и 2024/25. На првите десет места се рангирани следните федерации: Германија, Шпанија, Франција, Данска, Полска, Унгарија, Романија, Португалија, Хрватска и Норвешка, а тоа значи дека овие држави имаат една загарантирано место во Лигата на шампионите. Овие федерации можат да побараат и по две вајлд карти, а ЕХФ ќе додели осум „специјални покани“.

Во натпреварувањето од следната сезона ќе бидат 24 екипи, поделени во шест групи по четири, а дванаесет од нив ќе се пласираат во главната рунда. Другите 12 екипи ќе продолжат во 1/16 финалето од Европската лига.

Continue Reading

Спорт

По натпреварот – во полиција: Манасков приведен по напад врз тренерот на Охрид

manaskov

Суперлигашкото дерби меѓу Пелистер и Охрид заврши со победа за домашниот тим (29-25), но вистинската драма се случи по последниот судиски свиреж, кога спортската сала „Билјанини Извори“ се претвори во арена на неспортски инциденти.

Шокантни сцени го обележаа традиционалното поздравување меѓу играчите. Ракометарот на Пелистер, Дејан Манасков, (33) – член на битолскиот тим, физички го нападна Крсте Андоновски, еден од помошниците во стручниот штаб на Охрид, предводен од Борис Ројевиќ.

СВР Охрид веднаш реагираше. Портпаролот Стефан Димоски потврди:

„На 14.12.2025 година во 20.20 часот, во СВР Охрид приведен е Д.М. (33) ракометен играч од Скопје, член на ракометен клуб од Битола. Тој, по завршување на ракометен натпревар […] при меѓусебното поздравување на играчите, физички го нападнал К.А. помошен тренер на домашниот-охридскиот ракометен клуб. По целосно расчистување на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.“

Хаосот не запре во салата. Според извештаите, ракометарите на Пелистер, во налет на бес, целосно ја демолирале соблекувалната на гостинскиот тим.

Атмосферата дополнително се вжешти на улиците на Охрид, каде навивачката група на Пелистер, „Чкембари“, била вклучена во физички пресметки, напаѓајќи локални охриѓани во самиот центар на градот.

Овој инцидент фрла мрачна сенка врз спортскиот дух и бара итна реакција од ракометната федерација. Се очекуваат жестоки казни за неспортското однесување, како на теренот, така и надвор од него.

Continue Reading

Спорт

Омерагиќ: Конструктивен состанок за избор на нов селектор на македонската А репрезентација

Како Комисија за избор на нов селектор на македонската А репрезентација, денеска имавме конструктивен состанок, изјави Масар Омерагиќ, претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

На состанокот беа разменети размислувања за профилот на македонски тренер кој ќе внесе стабилност, јасна концепција и континуитет во работата со најдобрата селекција.

Предлогот за нов селектор ќе биде доставен до Управниот одбор на ФФМ најдоцна до 25 декември.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг