Connect with us

Спорт

Лина Ѓорческа успешно ги мина квалификациите во Унгарија

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа со две победи во квалификациите усепа да избори пласман на ИТФ W75 турнирот што се игра во унгарскиот град Секешфехервар. Таа денеска по голема борба и меч што траеше повеќе од два часа (2 часа и 11 минути) ја совлада Романката Андреа Присакариу со 2-1 во сетови (36 61 76(3)). Македонската тенисерка успеа да направи пресврт и да стигне до поасакуваниот триумф.

Во првиот сет ривалката беше по 1:1 во гемови успеа да направи предност и водство од 4:1 во гемови што беше доволно за да се освои сетот со 6:3. Но, во вториот сет Ѓорческа загуби само еден гем, откако поведе со 5:0 во гемови Прискариу го освои гемот, а веднаш потоа Лина изедначи со 6:1 во сетот и 1-1 во сетови. Во решавачкиот сет Ѓорческа поведе со 2:0 и 3:1 во гемови, но романската тенисерка го презеде водството со 4:3. Сепак на крајот сетот беше решен во тај брејк, кој со 7:3 на поени и припадна на македонската тенисерка.

Ѓорческа, која беше втора носителка во квалификациите сега го очекува „костурот“ за главниот турнир. Инаку, турнирот се игра за награден фонд од 60.000 долари.

Втората македонска тенисерка која беше пријавена за настап оваа недела Магдалена Стоилковска го предаде мечот од од второто квалификациско коло на ИТФ W15 турнирот во Шарм Ел Шеик и пласман во следното квалификациско коло обезбеди Маргарита Охендовскаја од Украина.

Advertisement

Спорт

Министерот Ристовски го исполни ветувањето за студентите – Реконструирани спортските игралишта во СД „Гоце Делчев“ во Скопје

Министерот за спорт Борко Ристовски и градоначалникот на општина Карпош, Сотир Лукровски, денеска официјално ги пуштија во употреба реконструираните спортски игралишта во Студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје.

Министерството за спорт одговори на барањето на студентите и заедно со Општина Карпош ја реализира најавената инвестиција со која е извршена комплетна санација и реконструкција на просторот за спорт и рекреација во најголемиот државен студентски дом.

Со оваа инвестиција, студентите добија современо уредени игралишта за фудбал и кошарка со полипропиленски под, изведени според современи стандарди.

Министерот Ристовски ја истакна добрата соработка на Министерството за спорт со локалната самоуправа во реализацијата на овие инфраструктурни проекти кои овозможуваат активен и здрав живот на сите граѓани, особено на младата популација.

– Заедно со градоначалникот Лукровски го реализиравме овој проект со што значително ќе се подобри инфраструктурата на ова спортско игралиште во состав на студентскиот дом „ Гоце Делчев“. Секако , приоритет за ползување на истото, ќе имаат студентите од овој студентски дом, но и сите карпошани. Затоа, јас како министер и ние како министерство и во иднина постојано ќе се заложуваме и ќе инвестираме во подобрување на условите за спортските активности – нагласи Ристовски.

Министерот Борко Ристовски и градоначалникот на Карпош, Сотир Лукровски заеднички се согласија дека успешната соработка меѓу локалната самоуправа и ресорното министерство ќе продолжи и во иднина, со тоа што ќе се работи на подобрување на севкупната спортска инфраструктурна мрежа на територијата на Општината.

Реконструкцијата на спортските игралишта во СД „Гоце Делчев“ е уште еден реализиран проект од програма на Министерството за спорт за изградба и реконструкција на спортската инфраструктура низ целата држава, со цел подобрување на условите за спорт, рекреација и активен начин на живот.

За подобрување на условите за универзитетскиот спорт и за студентите, Министерството за спорт ја почна и постапката за реконструкција на спортската сала во кампусот на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје што ја спроведува во соработка со ректоратот на УКИМ. Реконструкцијата на салата на УКИМ треба да биде завршена во текот на наредната година и таа одново ќе биде ставена на располагање на над 4000 студенти за спроведување на наставата и за одржување на други спортски активности.

Continue Reading

Спорт

Омерагиќ: „Седлоски е вистинскиот избор за селектор на Македонија“

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, изјави дека новиот селектор на македонската репрезентација, Гоце Седлоски, е вистинскиот избор за оваа позиција.

„Баравме човек со ‘фајтерски’ карактер, го добивме во Седлоски, тој беше таков и на терен“, рече Омерагиќ. „Го знам како карактер, како човек и мислам дека е вистинскиот избор за селектор на репрезентацијата. Се работи за човек што многу дал на македонскиот фудбал како играч и сега како тренер.“

ФФМ со оваа одлука го означи почетокот на новата етапа во развојот на националниот тим, со надеж за добри резултати на претстојните натпревари.

Continue Reading

Спорт

Македонија на ФИФА ранг-листата: Националниот тим ја завршува 2025. година на 66. место

Македонската фудбалска репрезентација ја заврши годината на 66. место на ФИФА ранг-листата, задржувајќи го истиот број бодови (1378.57) како и претходно, но со едно место пониско во однос на ноемвриското рангирање.

На врвот на светската фудбалска елита не се случија изненадувања – Шпанија ја сочува водечката позиција, пред Аргентина, Франција и Англија. Малите промени во ранкингот се должат на ограничениот број натпревари оваа сезона – само 42 меѓународни дуели беа одиграни од последната листа објавена на 19 ноември.

Португалија и натаму се држи на шестото место, Холандија на седмото, Белгија на осмото, Германија на деветтото, додека Хрватска ја зазема десеттата позиција.

Следната ажурирана ранг-листа на ФИФА ќе биде објавена на 19 јануари 2026 година, оставајќи го светот на фудбалот во неизвесност за новите движења на глобалната сцена.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг