Уставниот суд на Романија ја потврди забраната за кандидатурата на Калин Ѓоргеску

Уставниот суд на Романија донесе конечна одлука дека Калин Ѓоргеску не може да се кандидира на претседателските избори во мај, јави телевизијата „Диџи 24“.

Оваа одлука е обврзувачка и следува по одбивањето на Централното изборно биро да ја прифати кандидатурата на Ѓоргеску.

Денеска, Уставниот суд разгледа 11 жалби против оваа одлука и ги отфрли сите.