Connect with us

Технологија

Војните никогаш повеќе нема да бидат исти: Американската армија ја претстави најнапредната технологија

Американската војска наскоро ќе добие моќен алат за подобрување на планирањето – системот Thunderforge, развиен со помош на Scale AI.

Овој систем користи вештачка интелигенција за да го забрза донесувањето одлуки на сите нивоа на воените операции, се наведува на веб-сајтот на единицата за одбранбени операции на американската војска.

„Интеграцијата на напредни технологии како што се AI симулации и модели на големи јазици како Thunderforge, овозможуваат побрзо, попрецизно и попаметно планирање во динамични воени услови, што е клучно за справување со современите предизвици на војување“, се додава во соопштението.

Thunderforge е дизајниран како алат кој овозможува военото лице да синтетизира големи количини информации, анализира потенцијални акции и тестира стратегии преку симулации.

„Нашите AI решенија ќе ги трансформираат воените оперативни процеси и ќе ја модернизираат американската одбрана“, изјави основачот на компанијата Scale AI, Александар Ванг, во соопштението.

Овој систем ќе овозможи подобрување на ефикасноста и брзината на донесување одлуки, што е пресудно во околина која се менува брзо.

Современото војување бара брзо прилагодување и донесување одлуки врз основа на брзи промени на теренот, а традиционалните методи на планирање, кои често зависат од застарена технологија и бавни процеси, не можат да ја следат брзината на современите конфликти.

Во наредните месеци, Thunderforge ќе биде тестиран во два дела на американската војска: Индопацифичката команда (INDOPACOM) и Европската команда (EUCOM), со цел да се подобри планирањето на мисиите, распоредувањето на ресурси и стратегиската проценка во рамките на воените операции.

Ако тестот биде успешен, можеби ќе сведочиме на нов начин на водење на војни во иднина – одлуките ќе продолжат да ги носат луѓето, но со многу поголема помош од вештачката интелигенција.

Advertisement

Технологија

Google ја укинува омилената апликација – еве со што ќе биде заменета

Google ќе го укине Google Assistant на повеќето Android уреди почнувајќи од почетокот на следната година, како дел од планот за замена на гласовниот помошник со новата вештачка интелигенција Gemini.

Google Assistant, лансиран во 2016 како конкурент на Apple Siri и Amazon Alexa, ќе биде надграден со Gemini, кој ќе се користи и на таблети, автомобили, слушалки, часовници и паметни куќни уреди. Новиот систем ќе овозможува природно гласовно управување и исти команди како претходниот помошник.

Google исто така претстави Gemini Home AI за паметни куќни уреди, а новиот Google Home Speaker се очекува во пролет 2026. Google Assistant ќе остане активен до март 2026, по што корисниците ќе бидат целосно префрлени на Gemini.

Претходно услугата се викала Bard, но беше ребрендирана во Gemini почетокот на 2024, кој сега покрива и AI модели и домашни уреди.

Continue Reading

Технологија

На ChatGPT и требаат 200 милијарди долари да продолжи со операциите

Според најново истражување на HSBC, OpenAI, сопственикот на ChatGPT, би можел до 2030 година да треба да обезбеди околу 207 милијарди долари за продолжување на своето работење, поради растечките трошоци за компјутерска инфраструктура и глобалната трка во областа на вештачка интелигенција.

Приходите се очекува да достигнат околу 129 милијарди долари, додека трошоците за cloud инфраструктура би можеле да достигнат 800 милијарди долари. ChatGPT би можел да достигне три милијарди редовни корисници, споредено со 800 милиони минатиот месец.

OpenAI во последните три години привлече големи инвестиции, а во октомври стана највредната приватна компанија во светот, проценета на околу 500 милијарди долари. Трошоците за раст се зголемуваат побрзо од приходите, што претставува ризик за компанијата и за технолошките партнери како Microsoft, Amazon и Oracle.

Continue Reading

Технологија

Еве што најмногу ја троши батеријата на вашиот телефон

И покрај поефикасните процесори, подобрените батерии и напредните системи за управување со енергијата, батеријата на смартфоните и понатаму брзо се празни – најчесто поради начинот на кој ги користиме уредите.

Апликации во позадина

Најголеми „скриени“ потрошувачи се апликациите што работат во позадина – социјални мрежи, фитнес-тракери, па дури и тастатури. Проверете во Поставки > Батерија кои апликации трошат најмногу енергија и ограничете ја нивната позадинска активност. Намалете ја и автоматската синхронизација кај мејлови, календари и облак-сервиси.

Екранoт – најголемиот потрошувач

Осветлувањето и високата стапка на освежување значително го скратуваат траењето на батеријата. Користете адаптивна светлина наместо рачна и ограничете го освежувањето на 60Hz кога не играте игри. Темниот режим е особено ефикасен кај OLED екрани, бидејќи исклучува дел од пикселите и штеди енергија.

Паметно полнење

Современите телефони нудат функции за заштита на батеријата кои го забавуваат полнењето над 80% за да се намали долгорочното оштетување – вклучете ја оваа опција. Користете полнење со кабел кога можете и избегнувајте честo брзо полнење, освен кога сте во итност.

Со внимателни поставки и неколку навики, батеријата може да трае значително подолго без разлика на моделот на телефонот.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг