Connect with us

Црна Хроника

АКЦИЈА НА ПОЛИЦИЈАТА: Запленети се оружје и дрога

Во координирана акција спроведена на територијата на целата држава, Министерството за внатрешни работи вчера изврши 52 претреси во домови и помошни простории, насочени кон сузбивање на недозволената трговија со дрога и оружје.

„Акцијата, која е дел од засилените активности на полицијата, резултираше со заплена на огнено оружје, муниција, наркотични средства и финансиски средства за кои постои сомнение дека потекнуваат од криминални активности“, се вели во соопштението на МВР.

Според официјалните информации, при претресите биле пронајдени ловечки пушки, карабин, воздушни пушки и гасен пиштол, како и големо количество муниција од различен калибар. Дополнително, полицијата открила семки од растението канабис, пакувања со растителна, прашкаста и грутчеста материја, таблети екстази, дробилки, дигитални ваги и шприцеви исполнети со течност.

„Во текот на вчерашниот ден, по брза постапка, биле поднесени три кривични пријави против четири лица по член 215 од Кривичниот законик, кој се однесува на недозволено производство и пуштање во промет наркотични дроги. Исто така, поднесена е и една кривична пријава против едно лице по член 396, поврзан со незаконско поседување и трговија со оружје. Едно лице е веќе предмет на локална потерница, а истрагата продолжува со цел документирање на случаите и преземање дополнителни правни дејствија против останатите инволвирани“, се вели во соопштението.

МВР најави дека ќе продолжи со засилените мерки за спречување на криминалот од овој тип, со акцент на откривање и приведување на сторителите на кривичните дела.

Advertisement

Црна Хроника

Тепачка пред казино во Тетовско

На 17.12.2025 во 11:10 часот во СВР Тетово, Г.С.(25) од с.Волковија пријави дека во казино во Тетово, по претходна расправија, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

Continue Reading

Црна Хроника

Уапсени лихвари – Полицијата со детали

Кривична пријава против двајца кавадарчани за сторено кривично дело “лихварство”

ОВР Неготино, до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против Н.С.(59) и Р.С.(34), двајцата од Кавадарци, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „лихварство“ по член 260 од Кривичниот законик. Според пријавнеото, тие во периодот од јуни 2023 до ноември 2025 година на лице од Неготино му давале пари на заем со писмени и усни договори, а за себе договарале несразмерна имотна корист во вкупна вредност од 167.000 денари. за што оштетениот доставил и докази. Со наредба од Основен суд Кавадарци извршен е претрес во нивниот дом и помошни простории, при што се пронајдени и одземени мобилни телефони, а од Н.С. се одземени тефтери со забелешки, по што двајцата се лишени од слобода.

Continue Reading

Црна Хроника

Кривична пријава за поранешен градоначалник – МВР со детали

Кривична пријава за „несовесно работење во службата“ и „злоупотреба на службената положба и овластување“ против поранешниот градоначалник на Струмица и двајца вработени во општината

СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против К.К.(35) и Б.Ш.(64), двајцата од Струмица, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „несовесно работење во службата“ и против И.Г.(54) од Струмица поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Пријавената И.Г., во својство на раководител на Одделението за администратирање на приходи при општина Струмица, постапувајќи спротивно на одредбите од Законот за даноците на имот, во четири наврати ги пречекорила своите овластувања со тоа што изготвила решенија за даночно ослободување од данокот на промет на недвижен имот при продажба на станови од станбена куќа со наменска класификација А1. Ваквото ослободување од плаќање било направено повикувајќи се на член 25 од Законот за даноците на имот, меѓутоа одредбите за таквото даночно ослободување се однесувале само за станбени згради и станови кои согласно класата на намени се со номенклатура А2.1, но не и за станбени куќи со номенклатура А1.1, за кои и биле изготвени решенијата. Исто така, И.Г. во три од четирите решенија, во отсуство на пријавениот Б.Ш., се потпишала и во полето Потврдил-контролирал.
Пријавениот Б.Ш., во својство на Раководител на Секторот за финансиски прашања при општина Струмица и пријавениот К.К., во својство на градоначалник на општина Струмица, постапиле несовесно при вршењето на своите службени овластувања и пропуштиле должен надзор при постапувањето по тие предмети и ги потпишале изготвените решенија за даночно ослободување изготвени од И.Г.. Со ваквите дејствија пријавените лица го оштетиле буџетот на општина Струмица за износ од 668.388 денари.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг