Connect with us

Економија

ЕЛС ја носи во Македонија најголемата светска платформа за гардероба „Шеин“

 Најголемата приватна пошта Еко Логистик Сервис (ЕЛС) на денешната средба со новинарите најави повеќе новини за идните проекти на компанијата. Освен доставата на пратките од двете најголеми шопинг платформи, Али експрес и Тему, директорот на ЕЛС, Игор Гешовски, најави соработка со неколку нови онлајн платформи за нарачки. 

Шеин, најголемата платформа во светот за текстил, се очекува да почне да функционира во земјава кон крајот на овој месец, а најдоцна до почетокот на април.  

„Шеин годишно изработува 3 милиони модели. Тие го прават целиот процес, преку набавка на платно, ткаење, кроење, шиење, моделирање и продажба. Нема да бидат толку евтини, но се високо квалитетни производи. Очекуваме првата пратка да пристигне во земјава најдоцна до почетокот на следниот месец“, најави Гешовски. 

Во меѓувреме, најавена е и соработка со платформите ForDeal и GD, а во тек се преговори со ТикТок и со Амазон.

 

Што се однесува до популарната платформа Тему, директорот на ЕЛС најави дека месецов веќе граѓаните ќе можат да купуваат и производи до 90 евра, на што ќе се плаќа ДДВ. Досега, максималниот износ за нарачка во Македонија беше 22 евра. 

Гешовски најави уште еден новитет, односно отворање на фулфилмент центар што ќе почне со работа наредниот месец. Станува збор за магацин од 1000 квадратни метри каде што ќе им се чува робата на компаниите. 

„Сето тоа ќе биде кодирано, сѐ е под камери, робата се евидентира. Компаниите ќе ни пишуваат која роба каде треба да се однесе, ние ќе ја сортираме, пакуваме, бележиме и ќе ја носиме до крајната дестинација. На тој начин компаниите ќе заштедуваат оти инаку секој треба да има магационери, управа, објекти, шофери и сл“, изјави директорот на ЕЛС, Гешовски. 

Уште една поволност за македонските компании, како што рече тој, е иницијативата да се направи платформа и да им се помогне на компаниите да направат свои веб-страници и производите да ги пласираат на други пазари, и регионално но и пошироко. Дополнително, се прави кампања заподдршка на старт-ап компании, со промотивни попусти – 30% попуст во првиот месец, 20% попуст во вториот месец и 10% попуст во третиот месец на сите пратки преку ЕЛС. 

Гешовски на денешната средба со медиумите информираше дека сега ЕЛС испорачува по 500.000 пратки месечно, а целта е до крајот на годината да се испорачуваат по еден милион пратки. Со оглед на зголемениот обем на работа, планирано е да се воведат пакетомати, уреди кои на корисниците им овозможуваат самопослужување со преземање на својата пратка во кое било време. 

ЕЛС дополнително ќе воведе новитет во своето работење,преку достава на пратки за еден ден насекаде низ Македонија. Доколку пратката не биде доставена во рок од два дена, доставата ќе биде бесплатна.

Еко Логистик Сервис е единствената приватна пошта во земјава која ги поседува сите домашни и интернационални лиценци, има повеќе од 250 вработени, располага со повеќе од 200 сопствени возила и има 50 хабови низ државата.

Advertisement

Економија

Рекорд на пазарот на недвижности: Во Дубаи продаден пентхаус за над 127 милиони евра

Дубаи повторно ги помести границите на луксузот на глобалниот пазар на недвижности, откако беше продаден најскапиот пентхаус на Блискиот Исток за 550 милиони дирхами, што изнесува околу 150 милиони долари, односно 127,7 милиони евра. Ултралуксузната резиденција се наоѓа во комплексот „Бугати Резиденс“, пренесува агенцијата „Анадолу“.

Со оваа трансакција е поставен и рекорд по цена на квадратен метар во реонот Бизнис Беј, која достигнува околу 27.000 евра. Продажбата ја реализирал главниот директор за продажба на компанијата „Бингати“, Абдула Бингати.

Претседателот на „Бингати“, Мухамед Бингати, изјави дека компанијата годинава го предводи пазарот на недвижности во Дубаи, со повеќе од 14.000 продадени станбени единици, оставајќи ги зад себе и јавните и приватните конкуренти.

Тој посочи дека „Бингати“, како еден од најбрзорастечките инвеститори, веќе се вбројува меѓу трите водечки компании на пазарот, со значителен удел според податоците на Одделот за земјиште во Дубаи.

Продадениот пентхаус се простира на 4.385 квадратни метри и е дел од „Бугати Резиденс“ – првиот станбен проект во светот што го носи брендот „Бугати“. Комплексот веќе привлече и светски познати личности, меѓу кои фудбалерот Нејмар, тенорот Андреа Бочели и дефанзивецот Ајмерик Лапорт, кои купиле резиденции во рамките на проектот.

Сместен во срцето на Бизнис Беј, комплексот комбинира француски дизајн со современиот урбан дух на Дубаи и овозможува близина до клучните деловни зони и градски знаменитости. Резиденциите нудат висок степен на приватност, ексклузивни погодности и таканаречени „скај меншн“ пентхауси.

Од „Бингати“ оценуваат дека оваа рекордна продажба дополнително ја зацврстува позицијата на Дубаи како светски центар за ултралуксузни недвижности. Компанијата располага со портфолио од над 80 проекти, вредни повеќе од 70 милијарди дирхами, и соработува со глобални брендови како „Бугати“, „Мерцедес-Бенц“ и „Џејкоб и Ко.“, при што има кредитен рејтинг BB- од „Фич“ и Ba3 од „Мудис“.

Continue Reading

Економија

(ВИДЕО) ЗК Пелагонија го отвори првиот „АгроЕкоЦентар за обука за зелени вештини“

Центарот за обука на ЗК Пелагонија отвори уникатна можност за идните, но и за постоечките земјоделци, ученици и студенти да учат од реални примери, да предвидуваат ризици, да применуваат современи технологии и да развиваат одржливи и иновативни земјоделски практики – создавајќи професионалци со зелени вештини подготвени за иновативно и одговорно управување со ресурсите.

Првиот проект на „Агро Еко Центар за Обука за Зелени Вештини„ е реализиран во соработка со Стопанска комора на Северна Македонија Economic Chamber of North Macedonia, кадешто на 02 декември 2025 година беше отворена првата „АгроЕкоСтаница за зелени вештини” – технолошка иновација која претставува важен чекор кон воведување на паметни-smart решенија во земјоделството и можност за континуирана практична обука за идните „Еколошки агротехничари“.

АгроЕкоСтаница за зелени вештини ќе претставува современа платформа во склоп на центарот за обука што ќе овозможи развивање на компетенции за еколошко и рационално управување со земјоделските ресурси преку практична работа со современи дигитални алатки:

– Следење и анализа на состојбата на почвата, растенијата и климатските услови според податоците од сензорите на АгроЕкоСтаницата.

– Пристап до податоци во реално време и применa на еколошки мерки за заштита на културите и обновување на биолошкиот диверзитет кој ќе доведе до контролирана употреба на заштитни средства (пестициди и хербициди), минерални ѓубрива и рационално користење на вода за наводнување.

– Препознавање и превенција на ризици како суша, болести и штетници преку дигитални предупредувања.

– Поддршка за одржливи и ефикасни земјоделски практики.

Oсновната цел на ЗК Пелагонија е да ја доближи најсовремената технологија до локалните земјоделци , ученици, студенти и сите заинтересирани, градејќи заедница која се развива преку знаење, иновации и практична примена.

 оваа иницијатива, Пелагонија продолжува да се позиционира како регион што го следи европскиот пат на модернизација и дигитализација во земјоделството.

Полињата на ЗК Пелагонија стануваат отворена книга – реален простор каде идните агротехничари, студенти и земјоделци ќе учат, иновираат и применуваат зелени вештини во реални услови – пример за одржливо и модерно

Нашиот прв проект на „Агро Еко Центар за Обука за Зелени Вештини„ е успешно реализиран и сме особено задоволни што пред многу млади ги покажавме придобивките од воведување на паметни-smart решенија во земјоделството и како се постанува професионалец со зелени вештини подготвени за иновативно и одговорно управување со ресурсите и животната средина.

Голема благодарност до Стевче Стевановски Градоначалник на Општина НовациДраганчо Саботковски – градоначалник на општина Могила и Општина Битола – официјална страница за нивното присуство и поддршка за заедничко залагање за реализирање на понатамошни обуки за зелени вештини кои ќе бидат од големо значење за локалните заедници.

Видеото може да го погледнете тука

Continue Reading

Економија

Спектакуларно отворање во Гевгелија: ЏАМБО и ВЕРО станаа новата омилена дестинација во „Gevgelija Mall“

Гевгелија, [13.12.2025 година] – Со огромна посетеност и во празнична атмосфера, овој викенд во Гевгелија и официјално започна со работа новиот, најсовремен ЏАМБО (JUMBO) маркет. Сместен во новоотворениот трговски центар „Gevgelija Mall“, реномираниот бренд ја реализираше својата голема инвестиција во јужниот регион, носејќи светско шопинг искуство за локалното население.

Отворањето помина во знакот на семејната забава и радоста. Најмладите посетители уживаа во целодневната програма исполнета со музика, дружење со маскоти, цртање на лице и игри со сапунени меури, што го претвори првиот работен ден на маркетот во вистински настан за градот.

Новиот објект се простира на површина од 3.000 метри квадратни, дизајниран според највисоките светски стандарди. Купувачите веќе имаат пристап до асортиман од над 20.000 артикли, вклучувајќи производи за домот, играчки, декорации и сезонски изненадувања.

Како значајна новина за купувачите во Гевгелија е интегрирањето на селектиран асортиман од брендот ВЕРО во рамките на самиот маркет. Оваа стратешка синергија им овозможува на потрошувачите на едно место да ги задоволат сите потреби за домаќинството, штедејќи време и уживајќи во квалитетот на двата силни бренда.

Генералниот директор на ВЕРО и ЏАМБО маркетите, Петар Денковски, истакна дека ова отворање е многу повеќе од проширување на продажната мрежа – тоа е исполнување на ветувањето за поддршка на локалната заедница.

„Горди сме што со оваа капитална инвестиција директно влијаеме на економскиот пулс на Гевгелија. Отворивме нови работни места и создадовме силен регионален магнет кој очекуваме да привлекува купувачи не само од градот, туку и од соседството,“ изјави Денковски.

Менаџментот на компанијата потврди дека експанзијата не застанува тука. Успешната приказна продолжува и следната година со најавеното отворање на нов маркет во Струмица, со што ЏАМБО и ВЕРО целосно ќе го заокружат своето присуство во југоисточниот дел на Македонија.

Новиот маркет во Гевгелија веќе работи со полн капацитет, нудејќи креативни решенија и производи за целото семејство, под препознатливиот слоган „За сѐ што ви треба и не сте знаеле дека ви треба“.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг