Connect with us

Економија

ЕВН годишно ЗАРАБОТУВА 2 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ПАУШАЛНОТО ОТЧИТУВАЊЕ, тврдат инженерите

Да се изменат Правилата за снабдување со електрична енергија и да се воведе месечно отчитување на броилата, како што е предвидено за останатите категории на приклучоци во Тарифниот систем за дистрибуција или во случај кога броилото не е отчитано, ЕВН да издава фактура од 420 денари со прикажување на 0 kWh потрошена електрична енергија, а откако ќе се изврши реално отчитување, потрошувачот да добие коригирана фактура врз основа на реалната потрошувачка за периодот од претходното до последното отчитување.

Ова го бара Здружението на инженери во претставка до Регулаторната комисија за енергетика во кој тврди дека паушалното одредување на потрошувачката на струја е неправедно и може да ги внесе потрошувачите во повисок блок кој повлекува и повисок износ на сметката.

„Со воведувањето на блок-тарифите на 1 јули 2022 година, Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) изврши измена на Правилата за снабдување со електрична енергија, предвидувајќи квартално наместо годишно отчитување на броилата. Ваквата одлука доведува до неправедно пресметување на сметките, бидејќи паушалното одредување на потрошувачката може да ги внесе корисниците во повисоки ценовни блокови, со што нивните сметки неоправдано се зголемуваат, овозможувајќи дополнителна заработувачка на ЕВН“, се наведува во образложението на барањата.

Здружението на инженери тврди дека паушалното одредување на потрошувачката и внесувањето на корисниците во повисоки ценовни блокови при само ±10% пречекорување на блоковите на годишно ниво може да предизвика значителни разлики во наплатата во однос на реалната потрошувачка

„170 денари за потрошувачи во првиот ценовен блок, 830 денари за потрошувачи во вториот ценовен блок и 8.080 денари за потрошувачи во третиот ценовен блок“ се објаснува во образложението на барањата.

Инженерите велат тоа на годишно ниво ѝ носи приход на ЕВН од 2 милиони евра.

„Во услови кога според пописот, во државата има 598.632 домаќинства, а ЕВН има 915.492 броила и ако 80% од домаќинствата најчесто имаат сметки во рамките на вториот ценовен блок, водејќи се од објавата на ЕВН дека само кај 15% од броилата се врши паушално одредување на потрошувачката, тогаш годишната дополнителна неоправдана заработувачка на ЕВН може да изнесува приближно 2.000.000 евра (износот може да биде многу поголем или помал, но секако е неоправдан)“, се наведува во претставката.

Здружението на инженери, како што велат оттаму, верува дека  на овој начин, ќе се спречат неправедните наплати и ќе се елиминира дополнителната неоправдана заработувачка на ЕВН.

Advertisement

Економија

Историски удар за германската автомобилска индустрија: Волксваген ја затвора фабриката во Дрезден

Германската автомобилска индустрија се соочува со сериозни предизвици откако Волксваген најави дека ќе ја запре производството во својата фабрика во Дрезден. Ова е прво затворање на фабрика во Германија во 88-годишната историја на компанијата, што означува историски момент за индустријата која долго време беше мотор на германската економија.

Причините за затворањето се поврзуваат со структурните промени во автомобилската индустрија, особено транзицијата кон електрични возила и потребата за намалување на трошоците. Од Волксваген соопштуваат дека ќе преземат мерки за поддршка на вработените, вклучително и понуди за пренасочување кон други објекти и програми за обука.

Експертите предупредуваат дека ова затворање може да има пошироки последици врз германската економија и добавувачите во автомобилскиот сектор, особено во регионот околу Дрезден. Автомобилската индустрија во Германија, која долго време беше симбол на технолошка извонредност и економска стабилност, сега се соочува со потреба од брзи адаптации за да остане конкурентна на глобалниот пазар.

Continue Reading

Економија

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,09% во однос на одлуката од 12.12.2025 година. Поевтинуваат горивата од полноќ.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат. Поевтинуваат горивата за 2,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 1,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,248 ден/кг и сега ќе изнесува 32,635 ден/кг.

Од 16.12.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 75,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 66,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 65,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 32,635 (денари/килограм)

Continue Reading

Економија

Скопје добива авиолинии до Прага и Келн

Од Меѓународниот аеродром Скопје вечер во 19:25 ќе биде обновена линијата на Виз ер до Келн со четири лета неделно – секој понеделник, среда, петок и недела.

Оваа авиолинија е порака дека Македонија ги отвора вратите кон Европа и ја зацврстува поврзаноста со еден од најдинамичните региони, рече министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска на прес-конференција на скопскиот аеродром.

Таа нагласи дека секоја нова дестинација што им ја отвораме на граѓаните е нова можност – за подобра економска соработка, повеќе туристи, побрз развој на бизнисот и нови партнерства.

Тоа е и можност за поголема видливост на Македонија и посилно вклучување во европските економски и технолошки текови, додаде Божиновска, истакнувајќи дека на нејзина иницијатива повторно се воспоставува авиолинијата Скопје – Прага, која беше во функција од 2005 до 2012 година.

Неџат Курт, генерален директор на Виз ер, нагласи дека отворањето на рутата создава нови можности за патниците и поврзување на двата града, како и економска соработка, туризам, културни разменувања и развој на деловни врски.

Среќен сум што директната линија ќе ја направи Прага подостапна за македонските граѓани и компании и ќе им овозможи на чешките туристи и инвеститори полесно да ја откријат Македонија, рече Курт.

Андраш Радо, директор за комуникации во Виз ер, соопшти дека цената на билетот за летот Скопје – Прага во еден правец за јануари е 21 евро.

Посветени сме да имаме ниски цени и не се предвидуваат корекции, додаде Радо.

Според Курт, следната година се очекува раст од 20 проценти на авиосообраќајот од македонските аеродроми, со над 3,5 милиони патници.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг