Connect with us

Економија

Инженерите во битка со ЕВН – Претставка до РКЕ за шокантните сметки за струја!

Published

on

Здружението на инженери на Македонија, поднесе претставка до Регулаторната комисија за енергетика, со барање за измена на правилата за снабдување на електрична енергија.

„Бараме конкретни решенија за:
1. спречување на неправедните наплати во фактурите за електрична енергија кај домаќинствата и
2. елиминирање на дополнителната неоправдана заработувачка на ЕВН.

Бараме:

-Да се изврши измена на Правилата за снабдување со електрична енергија и да се воведе месечно отчитување на броилата, како што е предвидено за останатите категории на приклучоци во Тарифниот систем за дистрибуција, или

-Во случај кога броилото не е отчитано, ЕВН да издава фактура од 420 денари со прикажување на 0 kWh потрошена електрична енергија, а откако ќе се изврши реално отчитување, потрошувачот да добие корегирана фактура врз основа на реалната потрошувачка за периодот од претходното до последното отчитување.

Образложение:

Со воведувањето на блок-тарифите на 1 јули 2022 година, Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) изврши измена на Правилата за снабдување со електрична енергија, предвидувајќи квартално наместо годишно отчитување на броилата. Ваквата одлука доведува до неправедно пресметување на сметките, бидејќи паушалното одредување на потрошувачката може да ги внесе корисниците во повисоки ценовни блокови, со што нивните сметки неоправдано се зголемуваат, овозможувајќи дополнителна заработувачка на ЕВН.

Паушалното одредување на потрошувачката и внесувањето на корисниците во повисоки ценовни блокови при само ±10% пречекорување на блоковите на годишно ниво може да предизвика значителни разлики во наплатата во однос на реалната потрошувачка, и тоа во износи од:

  • 170 денари за потрошувачи во првиот ценовен блок,
  • 830 денари за потрошувачи во вториот ценовен блок и
  • 8.080 денари за потрошувачи во третиот ценовен блок.

Во услови кога според пописот, во државата има 598.632 домаќинства, а ЕВН има 915.492 броила и ако 80% од домаќинствата најчесто имаат сметки во рамките на вториот ценовен блок, водејќи се од објавата на ЕВН дека само кај 15% од броилата се врши паушално одредување на потрошувачката, тогаш годишната дополнителна неоправдана заработувачка на ЕВН може да изнесува приближно 2.000.000 евра (износот може да биде многу поголем или помал, но секако е неоправдан).

Водејќи се од обврската на РКЕ да го заштити правото на потрошувачите на фер наплата според реалната потрошувачка на електрична енергија, ја поднесуваме оваа претставка со која бараме да се изврши измена на Правилата за снабдување со електрична енергија и да се воведе месечно отчитување на броилата, како што е предвидено за останатите категории на приклучоци во Тарифниот систем за дистрибуција, или во случај кога броилото не е отчитано, ЕВН да издава фактура од 420 денари со прикажување на 0 kWh потрошена електрична енергија, а откако ќе се изврши реално отчитување, потрошувачот да добие коригирана фактура врз основа на реалната потрошувачка за периодот од претходното до последното отчитување.

Веруваме дека на овој начин, ќе се спречат неправедните наплати и ќе се елиминира дополнителната неоправдана заработувачка на ЕВН“, велат од Здружението на инженери.

Економија

Поевтинуваат дизел горивата и мазутот

Published

on

Дизел горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 1,5 денари за литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,29  отсто во споредба со претходната пресметка.

Новата малопродажна цена на еуродизел БС (Д-Е V) е 68,5, а на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 68 денари за литар. Еуросупер БС – 95 и понатаму ќе се продава за 74,5, а еуросупер БС – 98 за 76,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,916 денари за килограм се намамува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 41,345 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 2,592 отсто и кај мазутот за 0,172 отсто, додека кај дизелот има намалување за 1,513,  а кај екстра лесното масло за 1,550 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот во споредба со претходната пресметка е понизок за 2,5506 отсто.

Continue Reading

Економија

Дневен извештај за тргувањето на Македонската берза – 17.03.2025

Published

on

Скопје, 17 март 2025 година – Македонската берза го заврши денешното тргување со вкупен промет од 17.632.351 денари. Индексот МБИ10 забележа пораст од 0,81%, достигнувајќи вредност од 10.406,40 поени, додека индексот ОМБ остана непроменет на 124,48 поени.

Динамика на тргување и пазарни движења

Денешниот трговски ден се карактеризираше со позитивни движења кај индексот МБИ10, благодарение на значителниот пораст на неколку водечки компании. Официјалниот пазар оствари 3.758.440 денари промет, додека берзанската котација на акции достигна 13.664.200 денари.

Најтргувани акции

1. Комерцијална банка АД Скопје (KMB) – промет од 3.758.440 денари, со пораст од 2,64%, достигнувајќи просечна цена од 29.135,16 денари.

2. Алкалоид АД Скопје (ALK) – промет од 13.664.200 денари, со пораст од 0,33%, достигнувајќи цена од 27.111,50 денари.

3. НЛБ Банка АД Скопје (NLB) – промет од непознат точен износ, со пораст од 0,19%, достигнувајќи цена од 56.500,00 денари.

Добитници и губитници на денот

Најголеми добитници

1. Комерцијална банка АД Скопје (KMB) – пораст од 2,64%, достигнувајќи цена од 29.135,16 денари.

2. Гранит АД Скопје (GRNT) – пораст од 2,16%, достигнувајќи цена од 1.890,00 денари.

3. Алкалоид АД Скопје (ALK) – пораст од 0,33%, достигнувајќи цена од 27.111,50 денари.

Најголеми губитници

Во денешното тргување немаше компании со негативна промена на цената на акциите, што укажува на позитивен тренд на пазарот.

Обврзнички пазар

Тргувањето со обврзници остана стабилно, без значителни промени во цените.

Денешното тргување на 17 март 2025 година покажа стабилен раст на пазарот, со пораст на индексот МБИ10 и позитивни движења кај повеќето акции. Комерцијална банка АД Скопје беше најголемиот добитник со пораст од 2,64%, додека не беа забележани значајни губитници.

Овој извештај е подготвен врз основа на официјалните податоци од Македонска берза, а е изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје.

Continue Reading

Економија

Наскоро нов кредит за стопанството – задолжување од уште 500 милиони евра, најави премиерот

Published

on

Премиерот Христијан Мицкоски најави ново задолжување во износ од 500 милиони евра за изградба на локални, регионални и експресни патишта. Сепак, тој не откри детали за тоа од која европска држава ќе дојдат средствата, нагласувајќи дека информациите ќе бидат споделени во соодветен момент.

  • Бидете спокојни, ќе дознаете, кусо одговори премиерот.

Според него, општинските проекти ќе се финансираат главно од буџетот или преку поволни странски кредити, слично како што беше случај со претходниот заем од Унгарија, во висина од 500 милиони евра. Од тие средства, 250 милиони беа насочени кон кредитирање на компании, додека останатите беа искористени за проекти на општините. Засега, владата не планира да ја врати можноста за издавање општински обврзници, што беше еден од предлозите додека актуелната власт беше во опозиција.

  • Сите опции се на маса – дали финансирањето ќе биде преку буџетот или со други финансиски инструменти. Она што е важно е дека најголемиот дел од општините се финансиски стабилни“, изјави Мицкоски.

Премиерот исто така информираше дека наскоро ќе биде назначен нов директор на Комисијата за хартии од вредност, откако досегашната директорка поднесе оставка. Оваа институција е клучна за функционирањето на Македонската берза и за можноста компаниите да издаваат нови акции или обврзници.

  • Очекувам дека процесот ќе биде завршен во текот на овој месец и дека ќе имаме ново раководство на Комисијата за хартии од вредност, со што ќе се создадат услови за реализација на нови финансиски инструменти“, истакна премиерот.

Во моментов, неколку компании најавуваат Иницијална јавна понуда на акции на Македонската берза – нешто што не се случило во изминатите 29 години од нејзиното формирање.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк