Лудница во Белград: Апсења и инциденти, еден од демонстрантите ги соблекол панталоните и им го покажал половиот орган на студентите (ВИДЕО)

Постар маж беше уапсен пред Народното собрание на Србија, откако им се заканил на обезбедувањето на студентскиот протест, кој треба да започне во 16 часот.

Мажот им се приближил на стражарите и им се заканил дека ќе фрли бомби по нив, по што бил приведен.

Граѓани од цел Белград пристигнуваат за да учествуваат на најголемиот собир на студентите досега.

Студентите и други граѓани во Србија веќе со месеци протестираат против владејачкиот режим, наводно барајќи исполнување на четири основни барања, но повеќе се фокусирани на смена на власта.

Протестите започнаа по трагедијата која се случи во Нови Сад на 1 ноември 2024 година, кога се урна настрешница зад Железничката станица, убивајќи 15 луѓе. Дел од семејствата на загинатите побараа од студентите и опозицијата да не протестираат во нивно име, чувствувајќи се злоупотребени.

Во исто време, еден од демонстрантите се качи на трактор пред Пионерскиот парк, ги соблече пантолоните и ги провоцираше студентите кои сакале да учат.

Погледнете ги видеата 1 / 2