Уставниот суд ја одложи подготвителната седница за Законот за употреба на јазиците поради седумдневната жалост за жртвите од трагедијата во Кочани

Уставниот суд на работен состанок денеска одлучи да ја одложи подготвителната седница за Законот за употреба на јазиците, која беше закажана на 20 март. -Судот ја зема во предвид прогласената седумдневна жалост за жртвите од трагедијата во Кочани и траумата низ која поминува општеството, граѓаните и државата, информираат од Уставниот суд.