Connect with us

Црна Хроника

Млада инспекторка, мајка на едногодишно девојче настрада во пожарот во Кочани

Моника Спасова, млада инспекторка и мајка на едногодишно девојче загинала во пожарот што избувна во неделата во кочанската дискотека. Моника е, за жал, една од 59-те невини жртви.

Нејзиното семејство, откако слушнало за трагедијата во ноќниот клуб, ја барало по сите болници. Нејзината фотографија ја објавија на социјалните мрежи со молба граѓаните да ги контактираат доколку имаат информации за неа. Апелот бил споделен со молскавична брзина на профилите на пријатели, познаници и други корисници на социјалните мрежи кои сакале да помогнат во апелот. Меѓутоа, во еден момент стигна најмрачната вест дека Спасова е една од жртвите.

„Мајкино око оти ми побегана. Не можам да живеам без тебе. Мајкино око кој ќе гушнам место тебе? Мајкино око, душата ми е распарчена“, напиша неутешната мајка на Моника. Спасова зад себе ги остави ќерката, сопругот, родителите, како и брат и сестра.

Според објавите на социјалните мрежи, Моника дипломирала на криминалистичката академија во јануари минатата година.

– Нашата убава Мони. Животот не е фер. Нека почива во мир. Чувајте се сите, треба да ги преживееме овие тешки денови, гласи една од бројните коментари под објавата.

Како што може да се види на профилот на неутешната жена, пред еден месец приредиле голема забава за роденденот на ќерката на Моника

Advertisement

Црна Хроника

Кривична пријава против директор: Нестручни кадри предавале на ученици

ОВР Гостивар поднесе кривична пријава против А.С.(64) од село Ростуше, гостиварско, поради основано сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Според истрагата, во периодот од 2024 до 2025 година, пријавениот како директор на основно училиште во Ростуше овозможил вработување на лица кои не ги исполнувале законските услови за вршење на наставна работа. Не се работело за квалификувани наставници, туку за лица без завршени соодветни студии, кои предавале на ученици во Ростуше, како и во соседните села Велебрдо и Требиште.

Инспекцискиот надзор на Државниот просветен инспекторат од 19.09.2025 потврди дека вработените не биле способни да ја извршуваат наставата согласно Законот за наставници и стручни соработници.

Случајот ја отвора дилемата за контролата и одговорноста во образовните институции, особено кога станува збор за квалитетот на наставниот кадар и безбедноста на учениците.

Continue Reading

Црна Хроника

Пукотници во Арачиново: Пресметка со огнено оружје меѓу неколку лица

Неколку лица вчера попладне се пресметувале со огнено оружје во Арачиново. 

– На 24.12.2025 во 16:21 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Арачиново, скопско, по претходна меѓусебна пресметка со огнено оружје помеѓу неколку лица, кои биле со две возила, оштетено било возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки сопственост на Б.Б., кое случајно се затекнало на местото, информираа од МВР. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Црна Хроника

Четири лица приведени во полициска акција на повеќе локации во Скопје

Во текот на ноќта меѓу 24 и 25 декември 2025 година, полициски службеници од СВР Скопје спровеле координирана акција на повеќе локации во главниот град, при што биле лишени од слобода четири лица на возраст од 26 до 47 години.

Од приведените, три лица се од Скопје, додека едно лице е државјанин на Република Турција. При извршените полициски контроли, кај нив биле пронајдени и одземени бела и кафеава прашкаста материја, марихуана, како и таблети.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по целосното документирање на настаните ќе бидат поднесени соодветни поднесоци против осомничените.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг