Connect with us

Македонија

Клековски: Од понеделник очекуваме да се вратат првите пациенти пратени на лекување во странство

“Mногу често имам кажувано дека македонското здравство е здравство од минатиот век и потребна му е подлабока реформа и во основа, претпоставувам дека од научените лекции, тука ќе извлечеме заклучоци. Ние веќе работиме со британски тим денеска, а имаме понуда од израелско министерство за здравство да работиме на механизмите за справување со вакви ситуации. И дополнително, морам да кажам ова е само почетната фаза на згрижувањето на овие скоро 200 повредени. Така што, ова ќе трае месеци. Зборуваме за рехабилитации, збориме за трансплантации на кожа, збориме за психосоцијална работа и така натаму и треба да се подготвите за тој процес и веќе во тој процес ние ќе мора да видиме како ќе постапуваме понатаму”, изјави директорот на Фондот за здравство, Сашо Клековски.

Директорот на Фондот за здравство Клековски, во гостувањето во централниот Дневник на телевизија Сител зборуваше и за барањето за побрза реакција, додавајќи дека мораме да признаеме дека имаме скромно искуство во справување со изгореници кое не потекнува од тоа дека ние немаме доволно анестезиолози и хирурзи, туку дека имаме мал број на изгореници.

„Јас извадив одредена статистика од Фондот, ние имаме максимум полесни трансплантации на кожа, околу 30 случаи во четири години, 2021-2024 година. На клиниката за пластична хирургија во три години има 13 потешки случаи”, вели Клековски.

Клековски посочи дека најголем дел од тимот кој што се справува со изгореници во Свети Наум Охридски е активен и сега и затоа таа болница беше една од трите болници која што се справуваше со оваа криза.

„Ние мораме да размислуваме за 150-тина повредени на кои ќе им треба продолжена нега и третман. Зборуваме за трансплантација на кожа, зборуваме за рехабилитации. Така да, ние мораме да размислуваме како ќе си ги вратиме децата назад и мислам дека веќе од понеделник ќе ги имаме првите враќања”, истакна Клековски.

Директорот на Фондот за здравство, Сашо Клековски додаде дека сега борбата е секој еден живот да биде спасен и главен приоритет на целата оваа акција на праќање на луѓето во странство беше токму тоа.

„Да не заборавам, повикавме луѓе со големо искуство во Македонија. Имаше тим на ВМА од Белград во 8 Септември, кој после првите два дена замина заради зголемениот број на пациенти во Белград. Имавме тим од Чешка кој работеше на Клиниката за пластична хирургија, имавме три тима од Израел. Зборувам за луѓе кои имаат големо искуство со изгореници, бидејќи станува збор за дел на воени лекари. Половина од болниците кај што имаме испратено наши повредени се воени болници, бидејќи дел од изгорениците се третираат во такви установи”, изјави Клековски.

Advertisement

Македонија

Македонските деца сè порано пробуваат цигари и алкохол: Првата цигара на 9 години, алкохол на 13

Резултатите од најновото истражување ЕСПАД 2024, презентирано од Институтот за јавно здравје, покажуваат загрижувачки тренд кај македонските ученици – дел од децата ја запалуваат првата цигара уште на деветгодишна возраст, додека првиот контакт со алкохол најчесто се случува околу 13 години.

Истражувањето било спроведено во 96 средни училишта со повеќе од 2.800 ученици и укажува и на значителен пораст на употребата на електронски цигари. Повеќе од една четвртина од учениците пробале е-цигари, а секој десетти ги користел во изминатиот месец.

Алкохолот останува најраспространета психоактивна супстанца меѓу адолесцентите, при што момчињата почесто пријавуваат рана употреба, интоксикација и тешко епизодно пиење. Речиси третина од учениците првпат консумирале алкохол на 13 години или помлади.

Иако помал обем се регистрира и употреба на седативи без рецепт, канабис и коцкање, овие појави се особено присутни кај машката популација. Надлежните институции предупредуваат дека овие трендови бараат засилени и современи превентивни мерки.

Од Министерството за образование и наука информираат дека училиштата веќе спроведуваат програми за превенција на злоупотреба на психоактивни супстанци, а од оваа учебна година е воведен и изборен предмет за здравствена писменост. Институтот за јавно здравје нагласува дека резултатите од ЕСПАД треба да послужат како основа за подобрување на политиките и заштита на здравјето на младите.

Continue Reading

Македонија

АХВ засилено ги контролира детските новогодишни пакетчиња: дел од нив повлечени поради неточни декларации

Во пресрет на новогодишните празници, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе 262 вонредни инспекциски надзори за да ја провери безбедноста на детските новогодишни пакетчиња. Контролите беа извршени во магацини за пакување, маркетите и продавниците кои ги пласираат овие производи.

Поради несовпаѓање на роковите на збирната декларација со поединечните рокови на производите и непотполни декларации, инспекциските служби издадоа 4 решенија за повлекување на пакетчиња од промет. Дополнително, двајца оператори со храна добија наредби за ставање на комплетни збирни декларации на пакетчињата.

Од спроведените 262 инспекциски надзори, не се изречени парични казни и не е поништена ниту една храна како небезбедна. Во споредба со ланската сезона, кога беа утврдени сериозни неправилности како погрешни ознаки, истечен рок на употреба и промени во својствата на производите, годинава се забележани само минимални недоследности кај операторите.

АХВ најавува дека контролните активности ќе продолжат и во наредниот период, особено пред и по новогодишните празници, со цел да се осигура безбедноста на детските пакетчиња.

Continue Reading

Македонија

Итни мерки против аерозагадувањето активирани и во Скопје

По Кичево и Струмица, од денеска итните мерки за справување со аерозагадувањето се активираат и во Скопје, откако мерните станици регистрираа надминување на дозволените концентрации на штетни честички во повеќе скопски општини. Зголемената магла дополнително ја влошува состојбата, а високи нивоа на загаденост се забележани и во други градови низ државата.

Министерството за животна средина и просторно планирање ги активираше протоколите за заштита на јавното здравје, со посебен фокус на заштита на најранливите категории граѓани.

Согласно владините мерки, работодавците имаат обврска да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, лицата со хронична астма, како и лицата кои прележале миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста.

Лекарите, особено пулмолозите, апелираат граѓаните да го ограничат престојот на отворено на минимум, доколку нема итна потреба. Според нив, најкритични се раните утрински и доцните вечерни часови, кога концентрациите на загадувачки честички се највисоки. Доколку е неопходно движење, се препорачува користење на јавен превоз наместо сопствени возила.

Надлежните институции ги повикуваат граѓаните редовно да ги следат препораките и официјалните соопштенија сè додека трае епизодата на загаден воздух.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг