Најнова временска прогноза: Погледнете какво време не очекува во наредните денови

Утре наутро ќе биде студено, додека преку денот ќе преовладува сончево време. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер, информираат од УХМР.

Минималната температура ќе се движи од -6 до -1 степен, а максималната ќе достигне од 14 до 22 степена.

Во Скопје ќе биде сончево, со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 22 степени.

Во сабота, облачноста ќе се зголеми, а од недела се очекува период на променливо облачно и релативно топло време, со повремени дождови. Локално врнежите ќе имаат пороен карактер, а ќе дува умерен до засилен јужен ветер.