Connect with us

Црна Хроника

Престрелка во Скопје, едно лице застрелано – имало и бркотница низ градот

Престрелка во Скопје, во село Моране се случи попладнево, дознава „Скопје1“. Според првичните информации, едно лице е погодено и е во болница. Повредениот е примен во болницата св. „Наум Охридски“, каде во моментов му се прават испитувања.

„Пред пет минути е донесен, со прострелна рана, се прават испитувања“, вели директорот на болницата, д-р Небојша Настов за „Скопје1“, кој засега нема детали за тоа дали лицето е во животна опасност, со оглед дека се прават испитување.

Пред или по пукањето, неофицијално, имало бркотница низ Скопје, со две од возилата марка „порше“ и „голф“, додека третото е непознато. Неофицијално, дел од лицата кои се бркале се од Батинци и имале нерасчистени односи од порано. 

Од МВР со детали:

„Денеска во 15.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на влез во с. Моране, скопско било пукано со огнено оружје при што едно лице се здобило со повреди и било пренесено во ГОБ Св. Наум Охридски за укажување помош. Веднаш по пријавата полициски службеници од СВР Скопје се упатени на лице место и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и расчистување на случајот“, велат од МВР за „Скопје1“.

Извор: skopje1

Advertisement

Црна Хроника

Насилство меѓу ученици во Скопје: малолетник претепан пред основно училиште

Малолетно дете било физички нападнато од свои соученици пред основно училиште на подрачјето на општина Гази Баба, соопштија од полицијата.

Според пријавата во СВР Скопје, на 15 декември 2025 година во 11:30 часот, А.Џ. (37) од Скопје пријавила дека инцидентот се случил на 12 декември околу 12:00 часот, кога нејзиниот малолетен син бил нападнат од тројца негови соученици пред училишниот објект.

По пријавениот случај, надлежните служби започнале постапка за утврдување на сите околности поврзани со инцидентот. Од СВР Скопје информираат дека се преземаат соодветни мерки за целосно расчистување на случајот.

Continue Reading

Црна Хроника

Почина поранешен ММА борец на 45 години

Поранешниот ММА борец Џеронимо „Мондрагон“ дос Сантос почина на 45-годишна возраст, откако трагично се удавил во реката Рио Негро во Бразил. Веста за неговата смрт беше потврдена по неколкудневна потрага, а телото беше пронајдено на неколку километри од местото каде што последен пат бил виден.

Несреќата се случила во саботата, на 13 декември, кога Дос Сантос престојувал на плажа покрај реката заедно со својот партнер. Тој решил уште еднаш да се нурне пред заминување, но повеќе не излегол на површината. Подоцна неговиот брат открил дека „Мондрагон“ не знаел да плива. Иако веднаш била организирана спасувачка акција со бродови, потрагата завршила трагично.

Телото било пронајдено во понеделникот, 15 декември, од нуркачи на противпожарната служба, потопено под карпи во речното корито. Општината Сао Габриел да Качоеира официјално ја потврди смртта и прогласи тридневна жалост.

Дос Сантос зад себе остави богата, но и турбулентна боречка кариера. Во професионалниот ММА имаше скор од 45 победи, 26 порази и едно реми, настапувајќи во повеќе меѓународни организации. Дел од својата кариера ја мина и во хрватската организација FNC, каде во септември 2022 година се бореше за титулата во тешка категорија.

Во 2012 година потпиша договор со UFC, но неговото деби никогаш не се реализираше откако медицинските тестови покажаа дека има хепатитис Б. Поради здравствените проблеми и недобиената дозвола за настап, две години подоцна побара раскин на договорот.

Неговата последна борба ја имаше во април годинава во Bare Knuckle Fighting Championship, каде со нокаут во првата рунда го совлада поранешниот UFC борец Алексеј Олеиник. Планираниот меч со Андреј Арловски во јуни беше откажан.

Смртта на Џеронимо „Мондрагон“ дос Сантос предизвика бројни реакции во боречката јавност, која го памети како борец со силен дух и необичен животен пат.

Continue Reading

Црна Хроника

Брутален напад во Тетово: Маж претепан од четири лица на улица 

На 15.12.2025 година во 22:20 часот во СВР Тетово, С.Р.(33) од с.Желино пријави дека на улица ,,113″ во Тетово, додека се движел со неговиот пријател, бил физички нападнат од четири лица. Според пријавеното, едниот од нив при нападот користел и метален предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг