Connect with us

Магазин

10 работи кои ги има во секој дом, а ги прават луѓето несреќни: Веднаш ослободете се од последните три

Домот е место каде што треба да се чувствувате удобно и пријатно. Покрај тоа, треба да настојувате вашиот простор да биде уреден онака како што сметате дека е најдобро за вас и вашето семејство.

Но, дали знаевте дека постојат некои работи што можат да ве прават несреќни, а притоа можеби и не забележувате? Погледнете ја оваа листа од 10 предмети кои повеќето ги имаат во својот дом, но тие не носат ништо позитивно со себе.

1. Премногу детски цртежи

Не дека не ви се допаѓаат и не ја цените работата на вашите деца, но сепак, просторот на фрижидерот и ѕидовите е ограничен. Подобро е да ги соберете сите цртежи на едно место и да ги направите во вид колекција која ќе ја разгледувате вие и вашето дете во слободното време.

2. Бонбони од свадби и крштевки

Секако дека нема ништо лошо во нив, но доколку тие ја пренатрупуваат вашата фиока, тогаш потребно е да ги отстраните.

3. Книги што сте ги прочитале, но не ви се допаѓаат

Не мора да ги фрлите, но слободно можете да ги подарите некому или пак да ги однесете во локалната библиотека.

4. Премногу производи за убавина

Доколку имате премногу кармини и шминки и некои од нив се многу стари, одвојте време за да го проверите нивниот рок на истекување и оставете ги само оние производи што ги користите.

5. Сѐ што е скршено

Како на пример некој постар накит што повеќе не е во употреба или чашата со скршена рачка која веќе не ја користите. Освен ако немате некој план за да ги поправите, тогаш одлучете се за нивно отстранување.

6. Истрошени батерии

Одвојте малку време и тестирајте ги сите оние батерии кои се наоѓаат во вашата фиока. Доколку се истрошени и немаат можност за полнење, тогаш зошто да ги чувате?

7. Премногу декоративни работи

Сѐ додека немате намера да ги искористите за нешто друго (како на пример шарената хартија да ја искористите за виткање некој подарок со неа), чувањето премногу декоративни работи само ви зазема простор.

8. Храна од шпајзот која никогаш нема да ја јадете

Иако мразите да фрлате храна, доколку во вашиот шпајз се наоѓаат работи што знаете дека нема да ги јадете, тогаш време е да се ослободите од нив, наместо да ги чувате на полиците.

9. Купови документи и сметки

Сигурно не ви се потребни сите документи и сметки кои ги чувате во вашата фиока. За да си олесните себеси, можете истите да ги скенирате и да ги имате во дигитална верзија, при што и полесно ќе можете да ги најдете доколку имате потреба.

10. Стари фотографии

Како на пример фотографии од венчавката на вашите родители и вашата баба кога била дете. Не дека треба да ги фрлите овие богати спомени, но само чувајте ги на некое место каде што не доаѓате често во контакт со нив. Исто така и нив можете да ги направите во дигитална верзија и да ги чувате во вашиот компјутер.

Advertisement

Магазин

Ајде сите да гласаме за македонскиот филм „Приказната за Силјан“ кој е во трка за престижна Audience Choice награда

Документарниот филм на Тамара Котевска, „Приказната за Силјан“, се наоѓа во конкуренција за Cinema Eye Honors Audience Choice Prize, едно од највлијателните интернационални признанија за документарно кино. Филмот веќе ја обезбеди номинацијата во првиот круг на гласањето, а вториот круг започна денес, со публиката како клучен фактор за изборот на победникот.

„Приказната за Силјан“ се натпреварува со силни филмови од Бразил, Палестина, Гана, Нов Зеланд, Украина и други земји. Тимот на Котевска апелира до публиката да ја поддржи Македонија и да ги даде своите гласови за овој филм, истакнувајќи дека секој глас може да има значително влијание врз неговата иднина на светската сцена.

Audience Choice Prize го избира документарниот филм кој најмногу ја освојува светската публика и често претставува предвесник за влез во потесниот избор за Оскар. Гласањето се затвора на 16 декември 2025 во 02:00 часот, а резултатите за тоа дали филмот ќе влезе во потесната листа за Оскари ќе бидат објавени истата вечер во 22:00 часот од страна на Американската Академија за подвижни слики, уметност и наука.

За да се поддржи македонскиот претставник, гласовите можат да се дадат преку следниот линк: Cinema Eye Honors Audience Choice Voting.

Continue Reading

Магазин

Зимскиот притисок на гумите е клучен за безбедност на патот

Со доаѓањето на студените месеци, многумина возачи се фокусираат на замена на зимски гуми, но забораваат на еден од најважните аспекти – правилниот притисок во гумите. На ниски температури, воздухот во гумите се стеснува, што значително го намалува притисокот и влијае на стабилноста, сопирањето и потрошувачката на гориво.

За секои 10 степени пад на температурата, притисокот во гумите паѓа за околу 0,1 до 0,2 бари. На пример, ако есенскиот притисок бил 2,2 бари, при -5 степени истиот може да падне на 1,8–2,0 бари, што ја прави гумата помека и помалку стабилна.

Експертите советуваат во зима да се додава околу 0,2 бари над препорачаната вредност наведена од производителот на возилото. На пример, ако препораката е 2,2 бари, зимскиот притисок треба да биде околу 2,4 бари.

Пренискиот притисок води до полошо држење на патот, подолго растојание на запирање, зголемена потрошувачка на гориво и побрзо трошење на гумите, додека пренадуваните гуми ја намалуваат контактната површина и го зголемуваат ризикот од лизгање.

Стручњаците препорачуваат притисокот да се проверува најмалку еднаш месечно, а најдобро е кога гумите се ладни – три часа по возење или кратко по неколку километри. Со правилно надуени гуми, автомобилот ќе биде постабилен, побезбеден и поефикасен во зимски услови.

Continue Reading

Магазин

Џеф Безос и сопругата донираат 88 милиони евра за бездомниците

Џеф Безос и неговата сопруга Лорен објавија дека ќе донираат 102,5 милиони долари (околу 88 милиони евра) на 32 непрофитни организации низ САД кои работат со бездомници. Средствата ќе бидат исплатени преку Фондот за семејства „Деј еден ден“, кој Безос го основа во 2018 година.

„Можеме да дадеме повеќе од 100 милиони долари оваа година, тоа значи многу за бездомниците“, изјави Лорен за време на гостувањето во емисијата „Добро утро, Америка“. Таа додаде дека донациите ќе им помогнат на семејствата „да се движат во вистинската насока“ и дека ова е само почеток на нивната филантропска активност.

Лорен и Џеф се венчаа во јуни во Венеција, на свадба на која присуствуваа стотици познати личности, вклучувајќи го семејството Кардашијан-Џенер, Опра Винфри и Бил Гејтс. Двојката се запозна во 2019 година, а Безос ѝ предложи брак во 2023 година.

„Среќна сум што го поминувам животот со мојата најдобра пријателка, некој што ме гледа, некој што ме обожава, некој што го обожавам. Се чувствувам безбедно. Се чувствувам видено. Тој ми дозволува да бидам јас“, изјави Лорен пред свадбата за Vogue.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг