ФК Пелистер: Сите средства од вечното дерби за семејствата на настраданите во Кочани

Управата на македонскиот прволигаш Пелистер ја информира јавноста дека сите средства собрани од продажбата на билети за натпреварот против Вардар во ПМФЛ ќе бидат донирани на семејствата на загинатите и повредените во трагичниот пожар во Кочани.

Пелистер ќе го пречека Вардар во рамките на 25. коло, а цената на билетите ќе изнесува 200 денари. Битолчани ги повикуваат сите симпатизери и љубители на фудбалот да се приклучат на оваа хуманитарна акција и да присуствуваат на натпреварот меѓу вечните ривали.

Натпреварот помеѓу Пелистер и Вардар ќе се одигра на 29 март, со почеток во 15:00 часот.