Connect with us

Црна Хроника

Последната заедничка објава на Андреј и Панчо ќе ви ги НАСОЛЗИ ОЧИТЕ – еве каков човек изгубивме!

Пејачот од „ДНК“ Андреј Ѓорѓиески загина во страшниот пожар што се случи претходниот викенд во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Неговиот погреб беше вчера, кога семејството, пријателите и голем број фанови го испратија во неговото вечно почивалиште.

Беше оженет со Наталија, а пред нешто повеќе од месец дена го прослави својот 43 роденден. Зад себе остави малолетна ќеркичка Јана.

Тој заедно со Владимир Блажев Панчо во 2001 година ја основаат групата ДНК, а првиот албум го објавуваат во 2005 година.

Но покрај успешната музичка кариера, Андреј заедно со Панчо беше познат и како голем хуманитарец, човек кој секогаш се грижеше за оние на кои им е потребна помош.

Но за жал, токму така и загина, сакајќи да им помогне на другите – излегол од пожарот, па се вратил за да спасува други.

Инаку, на профилот на ДНК се уште стои последната објава на која Андреј и Панчо заедно, а која ја покажува нивната хуманост.

Имено, тие само неколку дена пред кобната вечер беа во посета на едно момче од Ѓорѓе Петров за да му помогнат како нему, така и на неговата болна мајка, покривајќи ги нивните трошоци колку што можат.

И како што сами објавија на нивниот Инстаграм, тие побараа од хуманите луѓе да му помогнат на ова сиромашно семејство на кое му е исклучена дури и сметката за струја, па додека разговарале седела осветлени на свеќи, што го напишаа во нивната објава.

Инаку, додека разговаравме, седевме осветлени од неколку свеќи, па ги запрашавме што уште би можеле да им помогнат останатите хумани луѓе кои се во можност да донираат и излезат во пресрет. Ни кажаа дека најнеопходно им е да добијат ФРИЖИДЕР, БОЈЛЕР и било каков телевизор. Сите оние кои се во можност, од срце би ве замолиме да помогнете, кој колку може, и доколку сакате да го споделите постот, се со цел да стигне до што поголема број на луѓе, пишува во овој нивен, последен заеднички пост на социјалните мрежи.

Потсетуваме, во страшниот пожар што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани загинаа најмалку 59 лица, а преку 200 се повредени.

Извор: Гламур

Advertisement

Црна Хроника

Хаос на патот Караорман–Штип: Пожарникари спасуваа заглавени патници

Три лица се повредени во сообраќајната несреќа што вечерва се случи на регионалниот пат меѓу селото Караорман и Штип, потврдуваат од Секторот за внатрешни работи Штип. Несреќата била толку сериозна што пожарникари морале да интервенираат и да ги извлечат патниците од стутканото возило.

Повредените веднаш по извлекувањето биле пренесени во штипската Клиничка болница, каде што им се укажува лекарска помош.

Полициските екипи се уште се на терен и вршат увид, а повеќе информации за причините и околностите на несреќата се очекуваат утре.

Делницата каде што се случи несреќата, помеѓу општините Штип и Карбинци, одамна е позната како една од најкритичните сообраќајни точки во регионот.

Continue Reading

Црна Хроника

Запленети повеќе од 4.300 петарди и огномети – уапсено едно лице

На 08.12.2025 во 20:15 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода М.Н.(47) од Штип. 

При преглед на неговата тезга на плоштад „Слобода“ во Штип, полициските службеници пронајдоа и одзедоа 1340 парчиња разновидни пиротехнички средства. 

Подоцна, со судска наредба, извршен е и претрес во неговиот дом, при што се пронајдени уште 2993 парчиња различни пиротехнички средства.

Лицето е задржано во полициска станица и за настанот е известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по член 396 од Кривичниот законик.

Continue Reading

Црна Хроника

Жена преживеала голгота во Скопје: Се понудил да ја носи дома, но цела ноќ ја шетал по различни места, и се заканувал, ја силувал и снимал

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице од Неготино, со живеалиште во Германија, кој е осомничен за кривични дела – Полов напад и силување од член 186 и Уцена од член 259 од Кривичниот законик.

Осомничениот 29-годишник, на 2 декември, заедно со неговата сопруга и уште една пријателка, излегле во ресторан во Скопје. Таму пиел алкохол и консумирал дрога, па бидејќи по вербална расправија неговата сопруга заминала сама, тој се понудил да ја врати дома пријателката. Но, наместо кон нејзиниот дом, цела ноќ ја возел на различни локации во Скопје, обидувајќи се да ја принуди на сексуални односи.

Жената не се согласувала, меѓутоа тој и се заканил дека ќе ја убие и ја присилил да влезе во апартман во Центар. Таму со физичка сила и закани со нож ја принудил на други полови дејствија, а целиот настан го снимал.

Додека биле во апартманот, се јавувал со видео повик кај сопругата и кај други лица и барал од нив да му донесат кокаин за да не ја убие оштетената.

Три дена подоцна, осомничениот и го пратил видео клипот со експлицитна содржина на оштетената со закани дека ќе го објави секаде ако не му даде 2.500 евра. Жртвата ги пријавила уцените, по што било организирано симулирано примопредавање на обележани парични средства. Откако ги презел парите од жената, осомничениот веднаш бил приведен.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот. Притворот се бара имајќи предвид дека постои реална опасност од бегство, а осомничениот има отпуст од македонско државјанство и постојан престој и работа во Германија. Исто така, постои ризик осомничениот да го повтори делото кое претставува нарушување на јавниот ред, но и на половата слобода и половиот морал. Судијата го прифати предлогот и ја определи притворската мерка.

Извор: 4news.mk

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг