Connect with us

Црна Хроника

Насилство на скопска обиколница: 20 годишник глумел полицаец со значката на татко му, пцуел возач, па го повредил со нож

Тој излегол надвор, почнал да го пцуе оштетениот, па од фармерките извадил нож на расклопување и го отворил сечивото. Со ножот почнал да замавнува кон оштетениот, нанесувајќи му телесни повреди, по што побегнал.

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 20-годишник осомничен за кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

На 21 март попладне, на обиколница Скопје во близина на клучката кај Стајковци, извршил грубо насилство врз едно лице и со тоа во јавноста предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв.

-Поради недоразбирање во сообраќајот, осомничениот управувајќи автомобил “Фолксваген голф” дошол во иста линија со возило “Сеат леон” кое го управувал оштетениот. Со автомобилот започнал да навлегува во лентата по која се движел оштетениот, па како да е овластен полициски службеник преку својот прозорец на оштетениот му ја покажал полициската значка, која била во возилото и со која бил задолжен неговиот татко – полициски службеник во СВР Скопје. Оштетениот, мислејќи дека се работи за стоп наредба од овластен полициски службеник, го запрел своето возило и се упатил кон возилото на осомничениот, информира Обвинителството.

Тој излегол надвор, почнал да го пцуе оштетениот, па од фармерките извадил нож на расклопување и го отворил сечивото. Со ножот почнал да замавнува кон оштетениот, нанесувајќи му телесни повреди, по што побегнал.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, имајќи ја предвид пред се опасноста тој да се даде во бегство доколку биде пуштен да се брани од слобода за да ја избегне кривичната одговорност за делото што му се става на товар.

Извор: Курир.мк

Advertisement

Црна Хроника

Пукотници во Арачиново: Пресметка со огнено оружје меѓу неколку лица

Неколку лица вчера попладне се пресметувале со огнено оружје во Арачиново. 

– На 24.12.2025 во 16:21 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Арачиново, скопско, по претходна меѓусебна пресметка со огнено оружје помеѓу неколку лица, кои биле со две возила, оштетено било возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки сопственост на Б.Б., кое случајно се затекнало на местото, информираа од МВР. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Црна Хроника

Четири лица приведени во полициска акција на повеќе локации во Скопје

Во текот на ноќта меѓу 24 и 25 декември 2025 година, полициски службеници од СВР Скопје спровеле координирана акција на повеќе локации во главниот град, при што биле лишени од слобода четири лица на возраст од 26 до 47 години.

Од приведените, три лица се од Скопје, додека едно лице е државјанин на Република Турција. При извршените полициски контроли, кај нив биле пронајдени и одземени бела и кафеава прашкаста материја, марихуана, како и таблети.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по целосното документирање на настаните ќе бидат поднесени соодветни поднесоци против осомничените.

Continue Reading

Црна Хроника

Трагедија на Вардар: Извлечено тело на маж од водите на реката

policija

Трагедија ја потресе скопската јавност вчера: во водите на реката Вардар, во близина на селото Трубарево, беше пронајдено тело на машко лице. На местото на настанот се јавиле надлежните околу 14:20 часот, по пријава за пронајдено тело околу 11:00 часот.

Според информациите од полицијата, станува збор за П.С., 71-годишник од Скопје, кој исчезна на 23 декември 2025 година. По извршена проверка и увид на местото на настанот, телото е предадено на обдукција, по наредба на јавен обвинител, за да се утврдат точните причини за смртта.

Случајот ја потсетува јавноста на важноста од внимателно следење на блиските лица и укажува на трагичните последици што може да ги донесе изненадното исчезнување.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг