policija

Драма во Тетово: 45-годишен маж нападнал полицаец

На 24.03.2025 во 00.45  часот на улица „Маршал Тито“ во Тетово,  полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода И.М.(45) од Тетово затоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија. И.М. бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде поднесена соодветна пријава.