Истрагата се проширува, претреси на неколку локации во Кочани, ова се деталите

Истрагата која ја спроведуваат институциите по трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани се проширува. Според информации кои ги доби Курир, од утрово полициски екипи извршуваат претреси и во друг објект кој е во сопственост на газдата на дискотеката.

Дополнително, како што се дознава неофицијално, полицијата влезе и во службените простории на подрачната единица на Државниот пазарен инспекторат во Кочани.

Дејан Јованов-Деко, кој моментално се наоѓа во притвор, беше закупец на дискотеката „Пулс“, во која животот го загубија 59 млади лица во пожарот. Тој исто така го управуваше и кафулето „Класик“ во трговскиот центар во Кочани, како и подружницата на „Карго експрес“ за Кочани и Виница.

Дополнителни информации од МВР и Обвинителството се очекуваат во текот на денот.