Уапсен екс директор функционер на ДУИ и три други лица

Министерството за внатрешни работи денеска уапсило неколку неколку лица осомничени за тежок криминал меѓу кои Ејуп Рустеми (екс директор на ЈПДП), дознава ТВ21.

Според информациите на ТВ21, приведени се и Дрилон Зибери (раководител на одделение за наплата на патарини и контрола), Ејуп Љатифи (помошник директор за оддржување на патишта) и Џемал Билбиловски (сопственик на 2СС обезбедување).

Во текот на неделата, се очекува приведување на уште најмалку 15 други лица. Се работи за поранешни и сегашни службеници и раководители во повеќе институции како ЈПДП, Македонијапат, Пазарна инспекција, како и во секторот рударство.