Во Гимназијата „Ванчо Прќе“ во Виница денеска свечено беше пречекан Јован Костадинов, младиот херој кој во трагичниот настан во Кочани успеа да спаси 20 деца од сигурна опасност. Неговата храброст и брза реакција спречија поголема трагедија, а денеска неговите сограѓани му оддадоа признание за неговото несебично дело.
