Connect with us

Спорт

Љубовниот триаголник на светскиот првак! Ја остави девојката, па чека дете со нејзината најдобра другарка (ФОТО)

Алексис Мак Алистар, фудбалер на Ливерпул, го освои Светското првенство во Катар во 2022 година со Аргентина. На теренот е одличен, но надвор од него?

Тој ја изневерил својата долгогодишна партнерка со нејзината најдобра пријателка.

Мак Алистар неодамна објави дека ќе стане татко со својата партнерка Аилен Кова. Меѓутоа, она што го прави ова интересно е што Аилен е најдобрата пријателка на неговата поранешна девојка, Камила Мајан.

Оваа приказна во последните денови ја забавува аргентинската и англиската јавност. Сè започнува вака…

Фудбалерот на Ливерпул ја прекинал врската со Камила неколку дена по освојувањето на Светското првенство, а почетокот на 2023 година во аргентинските медиуми започнале да кружат гласини дека е во врска со Аилен. Брзо потоа, ова станало и официјално.

Неговата поранешна и сегашна девојка биле најдобри пријателки и одамна заедно учеле во училиштето. Но, нивната врска се распаднала поради тоа што Мајан дознала што се случувало. Во последните денови од нивната врска почнала да се сомнева дека ја изневерува, но никогаш не помислила дека тоа може да биде со нејзината најдобра пријателка.

„Одеднаш ми кажа дека веќе не ме сака. И тоа беше тоа, готово. Беше ладен со мене, но мислев дека тоа е затоа што мораше да се концентрира на Светското првенство,“ изјавила Мајан.

Камила и аргентинскиот фудбалер биле во врска од 2017 година. Таа била покрај него уште од деновите кога започнал да игра фудбал во Аргентинос Џуниорс и кога преминал во Брајтон во 2019 година.

Поради сè што се случило, таа одлучила да го тужи, тврдејќи дека жртвувала свои амбиции за да живее со него во Англија. Таа го обвинувала и дека бил неверен за време на нивната врска.

Фудбалерот на Ливерпул не се грижи премногу за судската постапка. Не крие дека ужива во животот со Аилен, која ја обожава.

„Не можевме повеќе да бидеме во врска, едноставно исчезна љубовта. Таа тргна по својот пат, јас по својот. И тоа е тоа. А што се однесува до тужбата, сè е на суд. Јас сум мирен,“ изјавил аргентинскиот фудбалер.

Додека тој чека расплет на ситуацијата на суд, ужива со новата девојка. А додека тој е на тренинзи и патувања со клубот, таа ужива во патувањата и впивањето на сончевите зраци.

Advertisement

Спорт

Лоши вести за македонскиот ракомет

Европската ракометна федерација (ЕФХ) го одреди новиот формат за Лигата на шампионите, а македонскиот ракометен шампион нема директно учество во најквалитетното натпреварување туку тоа ќе може да го оствари со барање за вајлд-карта.

Извршниот комитет го потврди системот, а рангирањето на федерациите е според резултатите од сезоните 2022/23, 2023/24 и 2024/25. На првите десет места се рангирани следните федерации: Германија, Шпанија, Франција, Данска, Полска, Унгарија, Романија, Португалија, Хрватска и Норвешка, а тоа значи дека овие држави имаат една загарантирано место во Лигата на шампионите. Овие федерации можат да побараат и по две вајлд карти, а ЕХФ ќе додели осум „специјални покани“.

Во натпреварувањето од следната сезона ќе бидат 24 екипи, поделени во шест групи по четири, а дванаесет од нив ќе се пласираат во главната рунда. Другите 12 екипи ќе продолжат во 1/16 финалето од Европската лига.

Continue Reading

Спорт

По натпреварот – во полиција: Манасков приведен по напад врз тренерот на Охрид

manaskov

Суперлигашкото дерби меѓу Пелистер и Охрид заврши со победа за домашниот тим (29-25), но вистинската драма се случи по последниот судиски свиреж, кога спортската сала „Билјанини Извори“ се претвори во арена на неспортски инциденти.

Шокантни сцени го обележаа традиционалното поздравување меѓу играчите. Ракометарот на Пелистер, Дејан Манасков, (33) – член на битолскиот тим, физички го нападна Крсте Андоновски, еден од помошниците во стручниот штаб на Охрид, предводен од Борис Ројевиќ.

СВР Охрид веднаш реагираше. Портпаролот Стефан Димоски потврди:

„На 14.12.2025 година во 20.20 часот, во СВР Охрид приведен е Д.М. (33) ракометен играч од Скопје, член на ракометен клуб од Битола. Тој, по завршување на ракометен натпревар […] при меѓусебното поздравување на играчите, физички го нападнал К.А. помошен тренер на домашниот-охридскиот ракометен клуб. По целосно расчистување на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.“

Хаосот не запре во салата. Според извештаите, ракометарите на Пелистер, во налет на бес, целосно ја демолирале соблекувалната на гостинскиот тим.

Атмосферата дополнително се вжешти на улиците на Охрид, каде навивачката група на Пелистер, „Чкембари“, била вклучена во физички пресметки, напаѓајќи локални охриѓани во самиот центар на градот.

Овој инцидент фрла мрачна сенка врз спортскиот дух и бара итна реакција од ракометната федерација. Се очекуваат жестоки казни за неспортското однесување, како на теренот, така и надвор од него.

Continue Reading

Спорт

Омерагиќ: Конструктивен состанок за избор на нов селектор на македонската А репрезентација

Како Комисија за избор на нов селектор на македонската А репрезентација, денеска имавме конструктивен состанок, изјави Масар Омерагиќ, претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

На состанокот беа разменети размислувања за профилот на македонски тренер кој ќе внесе стабилност, јасна концепција и континуитет во работата со најдобрата селекција.

Предлогот за нов селектор ќе биде доставен до Управниот одбор на ФФМ најдоцна до 25 декември.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг