Connect with us

Магазин

Момче и девојка се обиделе да снимат смешно видео, па горко зажалиле (ВИДЕО)

Published

on

Приказната се случила во Кина, поточно во покраината Ѓилин, каде што еден млад човек се обратил до лекарите со бизарен проблем.

Тој дошол во болница, заедно со својата девојка, чие раце била заглавена во неговата уста! Да не беше снимено, веројатно не би ни поверувале.

Лицето почнало да црвени

Како што објасниле шокираните лекари, тие се обидувале да снимат смешно видео, не знаејќи какви проблеми тоа ќе предизвика. Девојката успеала да ја втури раката во устата на момчето, но кога се обидела да ја извади, мускулите на вилицата се вкочаниле!

Тие неуспешно се обидувале да се ослободат од проблемот, па на крајот побарале медицинска помош, пренесува Oddity Central.

Девојката објаснила дека лицето на момчето почнало да црвени, а неговите заби се стегнувале околу нејзиниот зглоб, што ја загрижило сериозно.

Докторот Џанг Мингјујан, кој го водел случајот, изјавил дека раката на девојката се заглавила поради тоа што мускулите на вилицата се стегнале, што ги спречило мускулите да ја отворат устата.

За да го реши проблемот, прво го смирил пациентот со амбиентална музика, а потоа со посебен медицински алат ја отворил вилицата доволно за девојката да ја извади раката.

Магазин

Дневен хороскоп за четврток – 3 април

Published

on

Овен

Денот е поволен за преговори и нови познанства. Најуспешни ќе бидат вашите активности кои се поврзани со домот и семејството. Насочете го вниманието кон оние аспекти од животот кои најмногу ви значат.

Бик

Бидете внимателни на деталите, особено кога станува збор за финансиски одлуки. Не брзајте и бидете исклучително внимателни на кого доверувате важни информации, бидејќи лесно може да откриете нешто што не сакате да се знае.

Близнаци

Очекувајте интересни дијалози и неочекувани вести. Можеби ќе се сретнете со личност која ќе има големо влијание во вашето идно патување. Препорачливо е да не давате избрзани ветувања, бидејќи вашите зборови денес ќе имаат посебно значење.

Рак

Не се преоптоварувајте со работа и избегнувајте конфликти. Спокојот ќе ви биде најголем сојузник. Вечерта може да донесе мирни моменти со блиски луѓе или задоволство од некое хоби.

Лав

Очекувајте интересни предизвици денес. Можеби ќе се наоѓате во ситуации кои ќе бараат брзи одлуки и импровизации. Доверете се на вашата интуиција – таа ќе ве води во вистинска насока.

Девица

Денес е поволен ден за промена на рутината. Променете го патот што секојдневно го земате или погледнете на работите од друга перспектива. Понекогаш најдобрите решенија доаѓаат од импровизација. Не заборавајте да се грижите и за своето здравје.

Вага

Овој ден е идеален за повторно поврзување со стари пријатели. Ќе ви се отворат нови можности, па бидете отворени за промени. Ако имате креативни идеи, не одложувајте ги, туку започнете да работите на нив.

Скорпија

Денес ќе мора да донесете сериозни одлуки. Не дозволувајте да бидете прегазени од емоции, туку внимателно размислете и пресметајте ги сите можни опции. Бидете внимателни со зборовите што ги кажувате.

Стрелец

Не трошете време на мали работи. Изберете еден правец и посветете се на него. Ве очекуваат нови можности и човек кој ќе ве инспирира за нови достигнувања.

Јарец

Бидете внимателни во разговорите, особено во однос на личните и професионалните информации кои можат да се појават. Не се плашете да поставите прашања, бидејќи тие може да ви помогнат во понатамошните одлуки.

Водолија

Денес ќе имате идеја која може да доведе до нови проекти или познаства. Вашето оригинално размислување ќе биде ценето од другите, па искористете го ова време за нови почетоци.

Риби

Денес е ден кога треба да се погрижите за себе. Земете кратка пауза од секојдневните обврски, читајте книга или едноставно уживајте во своите мисли. Вниманието на вашето креативно изразување ќе ви помогне да најдете баланс и хармонија во животот.

Continue Reading

Магазин

Рецепт на денот: Традиционална македонска мусака – прсти да излижеш!

Published

on

Состојки:

500 г мелено месо (по желба свинско, говедско или мешано)

3-4 средни компири

2 главици кромид

2 чешниња лук

1 чаша доматно пире (или 2-3 домати)

1 чаша јогурт

2 јајца

3-4 лажици брашно

100 мл масло

Сол и бибер по вкус

1 лажичка зачин за мусака (по желба)

Малку млеко (за посна варијанта може да се користи само вода)

Подготовка:

Подготовка на компирите: Компирите излупете ги и исечете ги на тенки кругови. Варете ги во солена вода околу 5 минути, само да омекнат малку, но да не се сварат целосно. Потопете ги во ладна вода за да се запре процесот на готвење.

Мелено месо: Во голема тава загрејте малку масло и додајте го исецканиот кромид и лук. Пржете ги додека не станат проѕирни. Потоа додадете го меленото месо и пржете го додека не добие златно-кафеава боја. Додадете доматно пире или ситно сецкани домати, и зачинете со сол, бибер и по желба некои зачини. Оставете да се готви 10-15 минути, додека не се апсорбира течноста.

Подготовка на бешамел: Во мала тава загрејте масло и додајте брашно. Пржете го брашното неколку минути, а потоа постепено додавајте млеко (или вода ако правите посна мусака) и мешајте додека не добиете густа и кремаста смеса. Во бешамелот додајте јајца и јогурт, и добро измешајте. Оставете да се олади малку.

Слоеви: Во подмачкан огноотпорен сад започнете со поставување на слоевите: прв слој од компири, потоа слој од прженото месо и на крај прелејте со бешамел смесата. Повторете со уште еден слој, доколку е потребно, внимавајќи да завршите со бешамел смесата на врвот.

Печење: Загрејте ја рерната на 180°C и печете ја мусаката околу 45-50 минути или додека не добие златно-кафеава боја на врвот.

Служете: Оставете да се олади неколку минути пред да ја послужите, за да се зацврсти и подобро да се сече. Служете ја со свежа салата или јогурт од страна за комплетен оброк.

Уживајте во вашата домашна мусака!

Continue Reading

Магазин

Има 55 години, но затегнато и витко тело: Фитнес инфлуенсерката вели дека консумира по 15 јајца на ден (ФОТО)

Published

on

Андреа Саншајн (55) е фитнес инфлуенсерка која го освојува светот со својата фигура и необичната исхрана. Таа секој ден јаде 15 јајца, кои ги нарекува најдобар природен протеин за совршена форма!

Андреа е позната на социјалните мрежи по своите фитнес совети и интригантниот љубовен живот. Таа открила необичен трик кој и помага да ја одржи завидната форма – јаде дури 5.400 јајца годишно!

Оваа 55-годишна жена од Лондон, баба на двајца внуци, признава дека носи варени јајца дури и на состаноци.

На моите дејтови момците се смеат, но разбираат, повеќето од нив доаѓаат од светот на фитнесот – изјавила таа.

Андреа секојдневно јаде 15 јајца, што е 450 месечно, и вели дека тоа е клучно за нејзиното витко тело.

Тврди дека има такво тело благодарение на јајцата.

Никогаш не се откажувам од рутината, дури и кога сум надвор од куќата. Јајцата ги носам во контејнер или кеса каде и да одам – додала таа.

Нејзината фасцинација со јајцата започнала во текот на менопаузата, кога и помогнале во решавањето на проблемите со надуеност и киселини во стомакот.

Јајцата се поевтини од месото и имаат безброј начини на подготовка, никогаш не ми досадуваат – вели Андреа.

Андреа тврди дека немала непријатности, како што е лош мирис на здивот или гасови. Таа тајната ја гледа во чистата исхрана, хидратацијата и пробиотиците.

Покрај осумчасовните тренинзи и други ритуали, како што е јога, Андреа истакнува дека јајцата и помагаат да го одржи младешкиот изглед. Троловите често ја нарекуваат премногу мускулеста, но таа останува доследна на својот начин на живот, привлекувајќи мажи на сите возрасти – дури и оние што се двапати помлади од неа.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк