Приведен насилник кој во живо на ТикТок тепал бремена жена

На социјалните мрежи денеска се појави вознемирувачко видео на кое се гледа како маж физички напаѓа бремена жена во живо на ТикТок. Од МВР потврдија дека насилникот е експресно приведен и однесен во полициска станица.

Видеото брзо се прошири на интернет, а според извори, насилникот не само што ја малтретирал бремената жена, туку и нејзините деца. Исто така, се споделуваат и други видеа на кои тој ја малтретира истата жена.

Дополнително, дознаваме дека против него веќе се води активен судски спор бидејќи претходно бил пријавен за насилство врз друга жена.