Connect with us

Магазин

Што е подобро за здравјето: 10.000 чекори дневно или 30 минути вежбање?

Сите видови на бројачи на чекори станаа дел од нашите животи. Кога фитнес нараквицата покажува 10.000 чекори дневно, ние сме во искушение да се откажеме од претходно планираниот тренинг.

Без разлика дали се работи за спорт или чекори, има премногу нијанси кои влијаат на природата на активноста и нејзината ефикасност. 

Дали е навистина подобро да се избере едното или другото?

Кога станува збор за здравјето, не постои едно решение кое одговара за сите. Интензивно одење или напорно вежбање?

Многу експерти сè уште препорачуваат комбинирање на овие два вида вежбање. 10.000 чекори дневно значи дека сте сè уште активни, но ниту спортот не треба да се отпише. Аеробниот тренинг или тренингот за сила е уште еден клуч за здравје и благосостојба.

Тренингот за сила ги гради мускулите, кои се сметаат за метаболички активно ткиво во телото и затоа се одговорни за целокупното здравје.

Ако од која било причина имате само 30 минути за вежбање, треба да се потрудите. Се препорачува да изберете интервален тренинг со висок интензитет кој комбинира аеробни и вежби за сила.

Ова оптоварување е оптимално не само за одржување на формата, туку и за здравјето на кардиоваскуларниот систем.

Следете ги вашите чекори

Промената на режимот на тренирање не значи дека треба да заборавите на бројачот на чекори. Напротив, продолжете да го следите овој индикатор за да знаете колку сте биле активни во текот на денот.

Посакуваниот резултат на подолг временски период ќе биде одличен мотиватор да продолжите да се движите, па дури и да ви помогне да ги завршите тие 30 минути тренинг кога воопшто немате енергија.

Обидете се да комбинирате вежби и продолжете да одите – дури и ако ви се чини дека таквите оптоварувања се минимални.

Advertisement

Магазин

Најскапиот град на светот: Зошто богатството не значи среќа за жителите

seul

Општо е познато дека животот во големите градови е поскап, особено кога станува збор за кирија и домување. Но, понекогаш дури и самото излегување од дома може сериозно да ја погодне домашната каса

Редакцијата на „Тајм аут“ секоја година анктира десетици илјади жители низ целиот свет за да ја состави својата листа на најдобрите градови за живот. Иако квалитетот на ноќниот живот, гастрономијата и културните настани се важни, пристапноста – односно колку едноставно и евтино граѓаните можат да уживаат во секојдневните забави — е клучен фактор.

Во истражувањето, жителите на повеќе од 100 градови ги оценувале трошоците за одење во ресторани, кино, кафулиња, галерии и музеи, театар или стендап, концерти, барови и вечерни излегувања. Податоците покажаа кои градови навистина ги „трошат џебовите“ на своите жители и кои градови нудат забава што не ја празни сметката.

На врвот на листата на најскапи градови за излегување се најде Сеул. Само 30% од жителите сметаат дека оброк во ресторан е достапен, а само 21% сметаат дека вечерното излегување не ги оптоварува финансиските можности. Пијалакот во бар, пак, е евтин само за 27% од жителите.

Не е изненадување што Осло се појавува меѓу најскапите градови – главниот град на Норвешка традиционално важи за скап, особено кога станува збор за ресторани. Според анкетата, само 24% од Ословците сметаат дека оброкот во ресторан е финансиски прифатлив.

На листата се најдоа и Лондон, Сиднеј и Лос Анџелес, кои повторно се поклопуваат со извештајот на „Хенли енд партнерс“ за најскапи градови во светот. Лондон е прогласен за најскап град за ноќно излегување – само 16% од луѓето сметаат дека тоа е пристапно. Меѓутоа, британската престолнина го заслужува признанието за култура: 83% од лондончаните оцениле дека уметноста и културните настани во нивниот град се евтини или бесплатни.

На спротивната страна се наоѓаат Меделин и Богота во Колумбија, градови каде што локалното население ги смета излегувањата за многу пристапни. Во Меделин, 89% од жителите сметаат дека одењето во ресторан е евтино, 83% велат истото за пијалак во бар, а 94% дека кафето е достапно.

Изненадување за многумина е присуството на два големи кинески градови на листата на поволни дестинации. Пекинг и Шангај се истакнуваат по тоа што одењето во театар не е голем трошок – тоа го потврдуваат 73% од Пекинжани и 72% од Шангајци.

Единствениот американски претставник меѓу поволните градови е Њу Орлеанс, кој добива високи оценки за концерти во живо и пијалаци во барови.

Важно е да се потенцира дека истражувањето на „Тајм аут“ се концентрира исклучиво на трошоците за забава и излегувања, без да ги вклучи киријата, домувањето или секојдневните прехранбени трошоци.

Најскапи за излегување: Сеул, Истанбул, Осло, Стокхолм, Кјото, Атина, Сиднеј, Окланд, Минхен, Бризбејн, Лос Анџелес, Сингапур, Лондон, Ванкувер, Мајами.

Најповолни за излегување: Меделин, Богота, Пекинг, Њу Орлеанс, Наполи, Ханој, Чианг Мај, Шангај, Лима, Џакарта, Јоханесбург, Бангкок, Абу Даби, Сантијаго, Кејптаун.

Continue Reading

Магазин

Рим воведува наплата на билети за една од своите најголеми атракции

Градските власти во Рим размислуваат за воведување наплата за посетите на една од најпознатите туристички атракции во градот – Фонтаната Треви, поради сè поголемиот број туристи и проблемите со пренатрупаност во централното градско подрачје.

Фонтаната Треви, сместена во истоимениот кварт, со децении е симбол на Рим и место каде посетителите традиционално фрлаат парички за среќа. Обичајот стана светски познат по филмот „Три парички во фонтаната“, а според проценките, од фонтаната дневно се собираат околу 2.800 евра, односно повеќе од 900.000 евра годишно. Собраните средства се донираат на католичка добротворна организација.

Во првата половина од 2025 година, повеќе од 5,3 милиони туристи ја посетиле Фонтаната Треви, што предизвика бројни поплаки за преголеми гужви, долги редици и појава на џепчии. Како одговор на состојбата, од јануари се планира воведување два одделни влеза – еден за жителите на Рим и еден за туристите.

Италијанските медиуми објавија дека се разгледува можност од 7 јануари туристите да плаќаат билет од две евра за посета на фонтаната, што, според неофицијални проценки, би можело да донесе значителни приходи во градскиот буџет. Сепак, Градскиот совет на Рим соопшти дека засега нема конечна одлука и дека станува збор само за опција која е предмет на анализа.

Фонтаната Треви е доцнобарокно архитектонско дело, изградена во 18 век, со ширина од 20 и висина од 26 метри, и претставува најголемата фонтана во градот. Таа неодамна беше прогласена за една од најдобрите туристички атракции според изборот на патниците за 2025 година.

Поради пренатрупаноста, од минатата година бројот на посетители е ограничен на максимум 400 лица во исто време, а воведен е и систем за организирано чекање во ред. И покрај тоа, гужвите остануваат сериозен проблем, а не е јасно дали евентуалната наплата на билети ќе придонесе за негово решавање, со оглед на континуираниот раст на туризмот во Рим.

Continue Reading

Магазин

САД се закани со жестоки мерки поради острата казна на ЕУ за X на Маск

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп упати предупредување за можни протумерки кон европските компании поради „дискриминаторни“ мерки против американските услуги.

Во објава на платформата X, Уредот за трговски претставници на САД (USTR) го обвини Европскиот сојуз и некои членки за „дискриминаторни и проблематични тужби, даноци, казни и директиви против американските услуги“. Во исто време, USTR посочи дека европските компании како Accenture, DHL, Siemens и Spotify „слободно работат“ во САД.

„Ако ЕУ и земјите членки инсистираат на продолжување со ограничувањата и дискриминирачките мерки, САД нема да имаат друг избор освен да користат сите расположливи алатки за да се спротивстават на овие неправедни мерки“, се наведува во соопштението.

Ова следува по казната од 120 милиони евра што Европската комисија ја изрече на платформата X на Елон Маск за кршење на правилата за транспарентност според Актот за дигитални услуги. По казната, X го укина акаунтот за реклами на Европската комисија, а Маск спореди ја Унијата со нацистичка Германија.

ЕУ нагласи дека казната е изречена поради обесхрабрување на корисниците, оневозможување на истражувачите да дојдат до податоци и недостаток на транспарентност во документацијата за реклами. Трамп претходно ја критикуваше казната, велејќи дека „Европа се движи во погрешен правец“.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг