Connect with us

Црна Хроника

Тешко е повредена жена, ја прегазил возач со „Опел“

Published

on

brza pomos

65-годишна жена вчера е прегазена од автомобил во Битола кој го возел 44-годишен битолчанец, соопшти МВР.

„На 25.03.2025 во 12.20 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосница од ул.„Маврово“ и ул.„Цар Самоил“ во Битола, патничко возило „опел“ со битолски регистарски ознаки, управувано од К.Д.(44) од Битола, удрило во пешакот С.С.(65) од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.С., констатирани во болницата во Битола. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Битола“, пишува во полицискиот билтен.

Црна Хроника

Уапсени три лица во кривопаланечко, убиле старец па го закопале во близина на неговата куќа

Published

on

На 01.04.2025 во 18.25 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка ги лишиле од слобода З.Ф. (24), С. Ф. (19) и С.Ф.(44) од село Луке, кривопаланечко. Тие се сомничат дека го убиле Љ.С. (84) од село Луке, кој на 29.03.2025 бил пријавен за исчезнат. Телото на Љ.С. било пронајдено закопано во непосредна близина на неговата куќа во с. Луке, а увид извршила екипа од СВР Куманово. По насока на јавен обвинител, телото е предадено за обдукција, а по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading

Црна Хроника

Ограбена обложувалница во Скопје, вработениот добил закани

Published

on

Вчера ограбена обложувалница во скопски Бутел. 

– На 31.03.2025 околу 21.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека во спортска обложувалница на подрачјето на населба Бутел во Скопје, едно лице со закана кон вработениот одзело пари од дневниот промет и од сефот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија од полицијата. 

Continue Reading

Црна Хроника

Му барала 7. 000 евра: тетовка го уценувала поранешниот вонбрачен партнер

Published

on

СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.М.(51) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“. 

Пријавената, изминатите три години го уценувала поранешниот вонбрачен партнер, барајќи му 7.000 евра, заканувајќи се дека во спротивно ќе ја извести неговата сопруга за нивната врска и за детето кое наводно било негово. 

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк