Connect with us

Македонија

Димитриеска-Кочоска: Владата од првиот ден стои во намерата да помогне по трагедијата во Кочани

Published

on

Владата дава максимална поддршка на семејствата на настраданите во пожарот во Кочани. Покрај финансиската поддршка што беше обезбедена преку Буџетот за семејствата коишто имаат свои блиски кои се лекуваат во странство, фокусот е секако на континуирана поддршка во овој процес кој ќе биде долготраен. Ова го порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во отворената хуманитарна програма „Канал5 и Македонија за Кочани“.

– Владата од првиот ден стои во намерата да помогне. Донесовме одлука со која направивме пренасочување или издвоивме средства за семејствата на оние пациенти коишто се надвор од државата со цел да им помогнеме во овој момент со транспорт и престој. Владата дава максимална поддршка и на Црвениот крст во прибирањето на средствата од донации затоа што требаше да се реагира брзо и процесот да се одвива ефикасно – рече министерката.

Таа потенцира дека сите пациенти се згрижени, дека државата стои зад тоа и дека нема потреба од дополнителни средства од страна на семејствата. „Грижата, додаде, од страна на Владата ќе продолжи и во периодот што следи. Однапред не може да се знае колку средства ќе бидат потребни.  Фокусот е да ги вратиме сите повредени коишто се лекуваат во странство назад и секако да го помогнеме Кочани со инвестиции“, истакна министерката.

Таа се осврна на контролите што се спроведуваат и наведе дека оваа трагедија покажа во пракса дека законите кои се напишани треба да се почитуваат.

Македонија

Падна член на обезбедувањето на премиерот Мицкоски, изнудувал пари со службени информации

Published

on

Министерството за внатрешни работи покажува дека нема милост кон криминалците и поднесе кривична пријава за член од обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски, кој тргувал со информации и изнудувал пари со тие информации, дознава „Нетпрес“. Станува збор за Ангел Самараков од Велес објави агенцијата Нетпрес.

Од Владата за агенцијата информираат дека борбата против криминалот е неселективна, и тоа што станува збор за член задолжен за обезбедувањето на премиерот е причина плус да се делува строго и според законите.

Во билтенот на МВР стои следнава информација за кривичната пријава и за настанот:

„На 30.03.2025, по претходно добиени сознанија за сторено кривично дело „оддавање службена тајна“ по член 360 од Кривичниот законик, од страна на полициски службеници од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во координација со ОЈО ГОКК спроведена е координирана полициска акција и реализирани се истражни дејствија за претрес на дом, возила и лица на подрачјето на СВР Велес.

При спроведувањето на полициската акција и преземените мерки и активности, на паркинг просторот пред хотел во Велес, во возило “бмв” затекнати се А.С., полициски службеник во Одделот за заштита на определени личности и објекти и Б.К., а при извршен претрес во возилото пронајден е ранец со службени материјали од МВР и од лицата се одземени мобилни телефони, по што се лишени од слобода.

Во рамки на акцијата, дополнително се извршени претреси на повеќе локации, при што се пронајдени и одземени електронски уреди, службени документи и други предмети релевантни за истрагата.

Исто така, од преземените мерки и активности во процесот на проверка, ОВККИПС констатира дека полицискиот службеник постапувал спротивно на законските и подзаконските акти на Министерството за внатрешни работи, со што истиот неовластено поседувал службени материјали, нивно откривање на трети лица надвор од министерството, а со кои дејствија го извршил кривичното дело по член 360 од КЗ.

Од страна на ОВККИПС до ОЈО ГОКК на 31.03.2025 година ќе биде поднесена кривична пријава против А. С., за кривично дело „оддавање службена тајна“ по член 360 од Кривичниот законик“.

Continue Reading

Македонија

ФОТО: Километарски колони за влез во Македонија од Грција по завршениот продолжен викенд

Published

on

По завршувањето на продолжениот викенд, на граничниот премин „Богородица“ се создадоа долги колони на возила што се враќаат од Грција во Македонија. Најголеми гужви се создале во попладневните и вечерните часови.

Граничните служби работат со зголемен капацитет за да го забрзаат протокот на возила, но поради големиот број патници, и покрај напорите, се создаваат значителни задржувања. Слична ситуација е и на другите гранични премини со Грција, каде што возачите пријавуваат долги редици и продолжено време на чекање.

Овој пик во сообраќајот следи по неколкудневниот одмор што многу граѓани го искористија за патување во Грција, уживајќи во убавото време и пролетната атмосфера на туристичките дестинации.

Фото: Роберто Навали/ИГ

 

Continue Reading

Македонија

Стартува заедничката гранична контрола на заеднички граничен премин Долно Блаце-Елез Хан

Published

on

Стартува заедничката гранична контрола на заеднички граничен премин Долно Блаце-Елез Хан.

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека од средина на месец април (14.04.2025) официјално ќе започне со работа заедничката гранична контрола (One Stop Shop) на заеднички граничен премин Долно Блаце – Елез Хан.

Овој чекор претставува конкретна реализација на билатералната соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Косово, со цел олеснување на прекуграничното движење, намалување на времето на чекање и зголемување на ефикасноста на граничните контроли.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк