Connect with us

Македонија

ДУИ: Ќе ја повикаме ЕУ со тим експерти одблизу да ја следат состојбата во Македонија, каде се заробени обвинителствата и судството

Published

on

Во РС Македонија, Премиерот целосно го зароби правосудниот систем, обвинителството и судството.

Ова се истакнува во денешното соопштение на ДУИ кое го објавуваме во целост:

Тој ја диктира динамиката на процесите, јавно ги определува осомничените и виновните уште во првата фаза, дури и пред обвинителството да започне истрага.

Тој на јавна сцена демонстрира незаконска политичка моќ да го контролира процесот на разрешување и запирање на разрешувањето на јавниот обвинител, не штедејќи притоа и закани за уличен јавен линч.

Истражувањето на трагедијата во Кочани претставува најгротескен пример на селективна правда што некогаш се случил во земјава.

Овој процес се претвори во карикатура на правна истрага, каде што сите се виновни, освен ако се од ВМРО-ДПМНЕ.

Оваа сериозна состојба бара активирање на сите механизми за да се спречи целосното пропаѓање на правната логика, што ќе има непоправливи последици врз политичкиот развој на општеството и неговата усогласеност со принципите и вредностите на Европската Унија.

РС Македонија е кандидат за членство во Европската Унија, и затоа ќе ја повикаме Европската комисија преку тим експерти одблизу да ја следат оваа фарса од истрага, каде што Власта обвинува сѐ околу себе за да ги заштити оние кои биле одговорни да ја спречат оваа трагедија.

Само како пример: во група на верижни виновници веригата чудно не го опфаќа и Министерот за внатрешни работи, кој 13 месеци пред трагедијата бил запознаен со постоењето на нелегален ноќен клуб што ги прекршувал сите можни безбедносни стандарди, како и Државниот инспекторат и Управата за јавни приходи, кои не презеле никакви мерки.

Напротив, токму одговорниот Министер го гледаме како секојдневно ни ги преставува сите други виновници кои треба да го ослободат дури и од моралната политичка одговорност.

Ја повикуваме Европската комисија итно да испрати правни експерти и директно да се вклучи со засилен мониторинг на овој случај; по тоа, со својата експертиза и сознанија, ќе ѝ помогне на собраниската комисија која веднаш треба да биде воспоставена под меѓународен надзор.

Демократијата, владеењето на правото и почитувањето на основните човекови права се основните правила и принципи на Европската Унија, и тие мора да бидат заштитени и во РС Македонија.

ДУИ

Македонија

Падна член на обезбедувањето на премиерот Мицкоски, изнудувал пари со службени информации

Published

on

Министерството за внатрешни работи покажува дека нема милост кон криминалците и поднесе кривична пријава за член од обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски, кој тргувал со информации и изнудувал пари со тие информации, дознава „Нетпрес“. Станува збор за Ангел Самараков од Велес објави агенцијата Нетпрес.

Од Владата за агенцијата информираат дека борбата против криминалот е неселективна, и тоа што станува збор за член задолжен за обезбедувањето на премиерот е причина плус да се делува строго и според законите.

Во билтенот на МВР стои следнава информација за кривичната пријава и за настанот:

„На 30.03.2025, по претходно добиени сознанија за сторено кривично дело „оддавање службена тајна“ по член 360 од Кривичниот законик, од страна на полициски службеници од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во координација со ОЈО ГОКК спроведена е координирана полициска акција и реализирани се истражни дејствија за претрес на дом, возила и лица на подрачјето на СВР Велес.

При спроведувањето на полициската акција и преземените мерки и активности, на паркинг просторот пред хотел во Велес, во возило “бмв” затекнати се А.С., полициски службеник во Одделот за заштита на определени личности и објекти и Б.К., а при извршен претрес во возилото пронајден е ранец со службени материјали од МВР и од лицата се одземени мобилни телефони, по што се лишени од слобода.

Во рамки на акцијата, дополнително се извршени претреси на повеќе локации, при што се пронајдени и одземени електронски уреди, службени документи и други предмети релевантни за истрагата.

Исто така, од преземените мерки и активности во процесот на проверка, ОВККИПС констатира дека полицискиот службеник постапувал спротивно на законските и подзаконските акти на Министерството за внатрешни работи, со што истиот неовластено поседувал службени материјали, нивно откривање на трети лица надвор од министерството, а со кои дејствија го извршил кривичното дело по член 360 од КЗ.

Од страна на ОВККИПС до ОЈО ГОКК на 31.03.2025 година ќе биде поднесена кривична пријава против А. С., за кривично дело „оддавање службена тајна“ по член 360 од Кривичниот законик“.

Continue Reading

Македонија

ФОТО: Километарски колони за влез во Македонија од Грција по завршениот продолжен викенд

Published

on

По завршувањето на продолжениот викенд, на граничниот премин „Богородица“ се создадоа долги колони на возила што се враќаат од Грција во Македонија. Најголеми гужви се создале во попладневните и вечерните часови.

Граничните служби работат со зголемен капацитет за да го забрзаат протокот на возила, но поради големиот број патници, и покрај напорите, се создаваат значителни задржувања. Слична ситуација е и на другите гранични премини со Грција, каде што возачите пријавуваат долги редици и продолжено време на чекање.

Овој пик во сообраќајот следи по неколкудневниот одмор што многу граѓани го искористија за патување во Грција, уживајќи во убавото време и пролетната атмосфера на туристичките дестинации.

Фото: Роберто Навали/ИГ

 

Continue Reading

Македонија

Стартува заедничката гранична контрола на заеднички граничен премин Долно Блаце-Елез Хан

Published

on

Стартува заедничката гранична контрола на заеднички граничен премин Долно Блаце-Елез Хан.

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека од средина на месец април (14.04.2025) официјално ќе започне со работа заедничката гранична контрола (One Stop Shop) на заеднички граничен премин Долно Блаце – Елез Хан.

Овој чекор претставува конкретна реализација на билатералната соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Косово, со цел олеснување на прекуграничното движење, намалување на времето на чекање и зголемување на ефикасноста на граничните контроли.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк