Connect with us

Европа

ЕУ го одложи воведувањето на ETIAS до крајот на 2026 година

До април 2027 година ќе може да се патува без дозвола за патување во Европската Унија кога европски систем за информации и овластување за патување (ETIAS) ќе стане задолжителен во повеќето земји од Шенген зоната, објави „Schengen,News“

Ова е трето одложување на примената на овој систем. Системот првично беше најавено дека ќе се применува од почетокот на 2022 година, но се соочи со низа одложувања, а последниот датум беше мај 2025 година.

Според Генералниот директорат за миграција и внатрешни работи на ЕУ, ЕТИАС системот се очекува да биде готов дури во октомври 2026 година и треба да почне да се применува 6 месеци по воведувањето на системот за за влез/излез (ЕЕС).

Ќе има преоден и грејс период, на секои шест месеци, што значи дека ETIAS ќе стане задолжителен за мнозинството земји во април 2027 година и целосно задолжителен во октомври 2027 година.

Имплементацијата на ETIAS е поврзана со онаа на системот за влез/излез (ЕЕС) кој по повеќето одложувања, ЕУ се согласи постепено да го воведува од октомври годинава. Постепеното спроведување на ЕЕС значи дека земјите-членки ќе можат постепено да го лансираат новиот граничен систем во период од шест месеци.

Доколку ЕУ одлучи да го воведе ЕЕС во октомври 2025 година, земјите-членки ќе треба да регистрираат 10% од патниците кои ја преминуваат границата по првиот месец.

Во текот на првите 60 дена, системот може да работи без биометриски функционалности. Сепак, по три месеци, во јануари 2026 година, сите земји-членки треба да управуваат со ЕЕС со биометриски функционалности, а во април 2026 година треба да биде завршено воведувањето на ЕЕС.

Штом EES е целосно ќе биде имплементиран, ETIAS ќе почне да се применува. Планиран е преоден период за примена и на овој систем кој ќе трае од октомври 2026 година до април 2027 година. Во овој период патниците ослободени од виза треба да аплицираат за ETIAS, но ќе им биде дозволен влез во Шенген зоната дури и без дозвола за патување и престој под услов да ги исполнуваат другите критериуми за влез.

По шестмесечниот преоден период, во април 2027 година, ETIAS ќе стане задолжителен за сите, освен за оние кои влегуваат во ЕУ за прв пат по завршувањето на преодниот период. Оваа група патници ќе има грејс период од шест месеци, до октомври 2027 година.

Имајќи ги предвид овие пресметки ETIAS ќе стане задолжителен за мнозинство во април 2027 година и целосно задолжителен за сите патници ослободени од виза во октомври 2027 година.

Почнувајќи од денот на примената на ЕТИАС системот околу 1,4 милијарди луѓе од 59 земји и територии ослободени од визи треба да имаат одобрение за патување за да влезат во 30 европски земји на краток престој до 90 дена во период од 6 месеци. Овие правила нема да важат за Ирска и Кипар, како и за Лихтенштајн, Норвешка, Исланд и Швајцарија. Регулативите ќе важат за патници и од Америка, Австралија, Велика Британија, Украина, Јапонија, Бразил, Аргентина, но и земјите од Западен Балкан, како Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Северна Македонија и Албанија.

ЕТИАС ќе важи три години, а во тој период ќе бидат дозволени неограничен број посети на овие земји. Ќе биде поврзана со пасошот на патникот, па кога ќе истече патниот документ, потребно е да се аплицира за нова дозвола.

Advertisement

Европа

Трезвеноста пред законот: Словачка бара дисциплина во парламентот

slovacki parlament

Додека пратениците одлучуваат за судбината на државата, граѓаните се сомневаат во нивната трезвеност. Речиси стопроцентна поддршка за воведување алко-тестови во Парламентот.

Резултатите од последната анкета на агенцијата SCIO се поразителни за политичката елита во Братислава: дури 98 проценти од Словаците бараат министрите и пратениците да подлежат на истите строги контроли за алкохол и дрога кои важат за секој обичен работник. Јазот меѓу „оние горе“ и народот никогаш не бил повидлив – додека работниците се соочуваат со отказ за една чашка, политичарите уживаат во недопирливост.

Огнот го разгоре лидерот на движењето „Хнутија Словенско“, Игор Матовиќ, кој упати директни и жестоки обвинувања до коалициските партнери. Според него, собраниските ходници почесто мирисаат на дестилат отколку на демократија.

„Колку е поважен законот, толку повеќе пијани пратеници гласаат за него. Во секоја нормална компанија, таквите вработени би биле веднаш исфрлени на улица,“ дециден е Матовиќ.

Критиките се јасни: алкохолот не само што го нарушува угледот на институциите, туку директно влијае врз способноста на политичарите да носат одлуки по совест. Граѓаните, подеднакво и мажите и жените, порачаа дека сакаат трезвена власт која е свесна за тежината на сопствените гласови.

Истражувањето, спроведено во средината на ноември врз примерок од илјада испитаници, ја испрати можеби најсилната порака досега: Време е правилата да важат подеднакво за сите – од фабричката хала до министерската фотелја.

Continue Reading

Европа

Милановиќ: Верувам дека Европската Унија нема да се распадне како СССР и Југославија

zoran milanovic

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ упати сериозно предупредување од Братислава, повлекувајќи паралела меѓу Европската Унија и пропаднатите федерации како Југославија и Советскиот Сојуз. За време на својата дводневна посета на Словачка, каде што ги зацврстува врските со своите долгогодишни сојузници — претседателот Петер Пелегрини и премиерот Роберт Фицо — Милановиќ децидно се спротивстави на „наметнатиот еднонасочен пристап“ во Брисел.

„Веќе сме го гледале тој филм“, истакна тој, алудирајќи на обидите за присилно идеолошко изедначување кое, според него, ги уништило претходните државни заедници. Додека Фицо останува на контроверзната линија на дијалог со Москва и воена неутралност кон Украина, Милановиќ порача дека демократските вредности не смеат да бидат монопол на толкување на само една страна, нагласувајќи дека различноста во размислувањето е клучна за опстанокот на Унијата.

Зоран Милановиќ во својот препознатлив стил ја „разниша“ дипломатската сцена од Братислава. Хрватскиот претседател, во пресрет на средбите со словачкиот државен врв, порача дека Европската Унија се движи по тенок мраз доколку продолжи со политиката на принудно унифицирање на ставовите.

Тој отворено се солидаризираше со Фицо и Пелегрини, нарекувајќи ги „истомисленици“ во време кога Европа се соочува со длабоки поделби. Милановиќ предупреди дека секој обид за насилно наметнување на ист начин на размислување е рецепт за политички колапс, потсетувајќи на судбината на Советскиот Сојуз. Оваа порака доаѓа во момент кога домаќинот Роберт Фицо продолжува да пркоси на европскиот мејнстрим преку замрзнување на воената помош за Киев и одржување канали за комуникација со Кремљ.

Од срцето на Словачка, хрватскиот претседател Зоран Милановиќ упати остри критики до Брисел, порачувајќи дека принудниот „еднонасочен пристап“ е патот кон распадот на ЕУ.

„Не може сите да размислуваат исто. Тоа ги уништи Југославија и СССР.“ Милановиќ потврди дека со Роберт Фицо и Петер Пелегрини споделуваат заеднички погледи кои отстапуваат од актуелните европски трендови. Посетата се случува во време на специфичната позиција на Словачка, која под водство на Фицо ја прекина воената помош за Украина.

Continue Reading

Европа

Аеродромот во Стразбур под блокада поради сомнителен куфер – во авионот патувале и европратеници

На аеродромот во Стразбур се одвиваше вистинска драма денес, кога патниците на авионот на авиокомпанијата ТАРОМ, меѓу кои и неколкумина членови на Европскиот парламент, беа принудени да останат затворени во леталото цели 40 минути поради сомнителен куфер пронајден во близина на пистата.

Авионот, кој полета во 9 часот наутро од Букурешт, слета помеѓу 10 и 11 часот по локално време. Веднаш по пристигнувањето, на патниците им беше соопштено дека нема да им биде дозволено да се симнат од строги безбедносни причини.

Напнатоста кулминираше кога еден дел од аеродромскиот терминал беше целосно блокиран откако службите открија неидентификуван куфер. Следеше брза реакција на безбедносните власти, кои спроведоа детален преглед на сомнителниот багаж во текот на критичните десетици минути, како што јави Диги 24.

По 40-минутното мачно чекање и безбедносното испитување, олеснувањето конечно пристигна: се покажа дека станува збор за безопасен заборавен багаж. Аеродромот веднаш беше отворен, а заложниците од авионот, вклучувајќи ги и високите функционери на ЕУ, можеа да излезат од авионот.

Инцидентот уште еднаш ја нагласи крајната сериозност со која аеродромските власти пристапуваат кон секоја безбедносна закана, дури и кога зад неа стои обична негрижа.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг