kola gori

Пожар во Тетовско: Автомобил изгоре пред семејна куќа

На 28.03.2025 во 01.50 часот во СВР Тетово, Ф.Х.(42) од с.Гајре, тетовско, пријавил дека околу 00.45 часот настанал пожар во неговото патничко возило ,,фолксваген џета“ со тетовски регистарски таблички, кое било паркирано пред врата од неговата семејна куќа во с.Гајре Нема повредени лица, а пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Тетово. Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.