Connect with us

Магазин

ВИДЕО: За мачките не постојат огради, погледнете ја само оваа елеганција на дело

Published

on

Мачката покажала дека ништо не може да ја запре, а нејзината снаодливост погледнете ја во продолжение.

Видео снимката на мачка која оди по ограда и се провлекува низ решетките стана хит на социјалните мрежи благодарение на нејзините елегантни движења.

Освен што оди по жица, истовремено се предизвика да помине низ тесните отвори, а на крајот се искачува по ѕидот и поминува низ оградата на балкон.

Снимката на вештата мачка ги воодушеви љубителите на животни, а елегантната мачка во акција може да ја погледнете во видеото кое го пренесуваме во продолжение.

Магазин

Кардиолог предупредува: Три пијалаци кои најмногу му штетат на срцето

Published

on

Американскиот кардиолог д-р Еван Левин, со над 30 години искуство, открива кои три пијалаци претставуваат најголема закана за здравјето на срцето. На својот ТикТок канал, каде редовно споделува совети на разбирлив и хумористичен начин, Левин ги издвојува пијалаците кои секој би требало да ги избегнува – особено ако сака да си го зачува срцето.

1. Алкохол

Иако умереното пиење алкохол – еден пијалок дневно – може да биде прифатливо за здрави луѓе, Левин предупредува дека прекумерната консумација сериозно го загрозува срцето. Зголемен крвен притисок, повисоко ниво на триглицериди, ризик од атријална фибрилација, па дури и потенцијално фатална алкохолна кардиомиопатија – се само дел од последиците. Левин го отфрла и митот дека чаша црвено вино дневно е „здрава за срцето“, наведувајќи дека таквите тврдења често се засновани врз финансирани студии.

2. Газирани пијалаци

Според Левин, газираните пијалаци се „чиста закана“. Само една лименка содржи околу десет лажички шеќер или еквивалент од пченкарен сируп. Редовната консумација го зголемува ризикот од дебелина, дијабетес и покачени триглицериди – состојби кои директно го оптоваруваат срцето. „Замислете дека пиете една петина чаша чист пченкарен сируп секој пат кога ќе испиете лименка газиран пијалок“, вели тој.

3. Енергетски пијалаци

Најостра критика Левин ја упатува кон енергетските пијалаци, кои ги споредува со „акумулаторска киселина за срцето“. Тие содржат и до 1,5 пати повеќе кофеин од кафе, заедно со огромни количини шеќер – од 8 до 15 лажички. Оваа комбинација создава голем притисок врз срцевиот мускул. Тој посочува и трагичен случај на 28-годишна девојка, која редовно вежбала, а починала од срцев удар откако често консумирала вакви пијалаци.

Левин апелира луѓето да изберат поздрава алтернатива и да внимаваат што внесуваат. „Она што го пиете има огромно влијание врз вашето срце и целиот живот“, предупредува тој.

Continue Reading

Магазин

Руски астролог: Еден хороскопски знак го чека период на непрекината среќа во наредните 20 години

Published

on

Биковите влегуваат во златна ера: 20 години среќа, успех и исполнување на соништата

Познатиот руски астролог Василиса Володина објави предвидување што ќе ги израдува сите припадници на хороскопскиот знак Бик. Според неа, овој земјен знак стои на прагот на период кој ќе трае цели две децении – период исполнет со среќа, успех и напредок на сите животни полиња.

„Бикот ја затвора вратата на минатото со сите свои неуспеси и грешки и влегува во нова, светла етапа од животот“, вели Володина.

Во наредните години, Биковите ќе бидат магнет за позитивна енергија. Поддршка ќе добијат од влијателна личност која ќе им помогне да ги реализираат своите најамбициозни цели. Финансиските прилики ќе се подобрат драстично, а ќе се отворат нови можности за материјално изобилство.

Но, ова не е само приказна за пари. Володина нагласува дека духовниот и емоционалниот развој ќе играат клучна улога во животите на Биковите. Овој внатрешен раст ќе им овозможи не само да уживаат во успесите, туку и да ги вреднуваат на подлабоко ниво.

Клучот, според астрологот, е во препознавањето и искористувањето на шансите што животот ќе ги понуди. Балансот помеѓу духовното и материјалното ќе биде од суштинско значење за вистинска, трајна среќа.

Continue Reading

Магазин

Се повеќе авио-компании го забрануваат овој уред во авионите – правила кои мора да ги знаете

Published

on

Сè повеќе авиокомпании забрануваат екстерни батерии: опасност или претпазливост?

Авио-индустријата станува сè повнимателна кога станува збор за носење на power bank уреди во авиони, откако во последните неколку години се појавија серија инциденти поврзани со прегревање и пожари предизвикани од неисправни батерии.

Она што до неодамна се сметаше за неопходен додаток при патување, сега станува предмет на строги контроли и ограничувања од страна на се поголем број авиокомпании. Некои веќе во целост ги забрануваат екстерните батерии на летови.

Скриен ризик на небото

Главната грижа се литиум-јонските батерии кои се вградени во power bank уредите. Ако се оштетени или фабрички неисправни, можат да предизвикаат пожар или експлозија – особено во затворениот простор на авион, објаснува патничкиот консултант Колин Пирсон за Euronews.

Меѓународната асоцијација за авио-сообраќај (IATA) препорачува овие уреди да се носат исклучиво во рачниот багаж, и тоа со капацитет под строго утврдена граница – до 100 вати без дозвола, а од 100 до 160 само со претходно одобрение. Над 160 Wh – целосна забрана.

Строги правила кај некои авиокомпании

Иако инцидентите се ретки, тие беа доволни за да предизвикаат поширока загриженост. Компании како Qantas и Emirates веќе воведоа построги регулативи. Cathay Pacific и Singapore Airlines забранија нивно полнење за време на лет или употреба на приклучоците во авионите.

Совети за патниците

– Најважно е патниците секогаш да ја проверуваат политиката на конкретната авиокомпанија пред патувањето – советува Пирсон.

Екстерните батерии не смеат да се ставаат во регистрираниот багаж, а некои компании бараат да се чуваат покрај патникот, не во горниот багажен простор.

Доколку авио-операторот не дозволува употреба на вакви уреди, се препорачува алтернатива: наполнете ги уредите пред летот или користете аеродромски станици за полнење.

– Малку дополнителна подготовка може значително да го подобри искуството и да придонесе кон побезбедни летови за сите – заклучува Пирсон.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк