Connect with us

Спорт

Женската репрезентација на Македонија до 19 на квалификациски турнир во Хрватска

Published

on

Женската репрезентација на Македонија до 19 години во периодот од 1 до 7 април ќе учествува на квалификацискиот турнир од Б лигата (рунда 2) за пласман во А лигата на квалификации за Европско првенство.

Домаќин на квалификацискиот турнир ќе биде селекцијата на Хрватска. Во групата Б5, покрај Македонија и домаќинот Хрватска, се наоѓаат и репрезентациите на Ерменија и Литванија.

Во првото коло, кое на програмата е на 1. април, нашите млади фудбалерки ќе се соочат со селекцијата на Литванија. Натпреварот ќе се одигра на стадионот Лучко, со почеток во 16:30 часот.

На 4. април, во рамките на второто коло од турнирот, Македонија ќе игра против Ерменија, со почеток во 16:30, на стадионот Лучко.

Во последното коло, нашата селекција ќе игра против домаќинот Хрватска. Овој натпревар ќе се одигра на 7. април со почеток во 12:30 часот, на стадионот Карловац.

Селекторот на женската репрезентација на Македонија до 19 години, Астрит Мерко за претстојниот квалификациски циклус се одлучи да ги повика следните фудбалерки:

ГОЛМАНИ:

Ведрана Комненова – Скопје

Дијана Алуши – Ас Јунајтед

ОДБРАНА:

Катерина Петкова – Истатов

Михаела Додевска – Скопје

Слаѓана Ѓоргиева – Тиверија Брера

Ива Јовановска – Љуботен

Стефанија Веселинова – Каменица Саса

Васка Василева – Каменица Саса

Ана Боризоска – Скопје

СРЕДЕН РЕД:

Ева Конева – Малта

Ива Јосифова – Тиверија Брера

Јехона Велиу – Швајцарија

Сара Дика – Ас Јунајтед

Едина Мехмети – Швајцарија

Кристина Крстева – Скопје

НАПАД:

Сара Димитриоски – Атлетико

Емили Митковска – Речица

Анастасија Илиевска – Топ Гол

Мелиса Димитриоски – Атлетико

Елена Симјонова – Љуботен

Собирот на женската репрезентација на Македонија до 19 години на програмата е на 28. март, во хотел Парк, со почеток во 12. часот.

Спорт

Неизвесност во Шпанија: На Мбапе во се заканува суспензија?

Published

on

Мбапе под закана да го пропушти финалето со Барса? Одлуката е во рацете на Дисциплинската комисија

Фудбалска Шпанија внимателно ја следи ситуацијата со Килијан Мбапе, кој би можел да го пропушти финалето од Купот на кралот против Барселона, закажано за 26 април.

Францускиот ас на Реал Мадрид доби директен црвен картон на натпреварот со Алавес, по интервенција на ВАР, поради опасен старт врз Антонио Бланко. Сега се чека одлуката на Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Шпанија – дали суспензијата ќе биде две, три или четири средби.

Иако казните најчесто важат само во рамки на натпреварувањето каде се изречени, за потешки прекршоци може да се пренесат и во други натпреварувања. Тоа значи дека, доколку стартот се оцени како особено опасен, Мбапе може да го пропушти и финалниот дуел со Барса.

Сепак, поранешниот познат судија Едуардо Итуралде Гонзалес смета дека казната најверојатно ќе биде две средби – што би значело дека Мбапе ќе биде отсутен против Атлетико Билбао и Хетафе во Ла Лига, но ќе биде подготвен за големото финале.

Реал и Барселона ќе се сретнат уште еднаш и на 11 мај во рамки на шпанското првенство, а меѓу двата „класика“, „кралскиот клуб“ ќе се соочи и со Селта Виго.

Continue Reading

Спорт

Развоен турнир во Албанија: Македонија до 16 ја победи Бугарија по подоброто изведување на пенали

Published

on

Женската репрезентација на Македонија до 16 години оствари победа над соодветната селекција на Бугарија по подобро изведување на пенали (4:2) во првото коло од Уефа развојниот турнир што се одржува во Албанија.

Натпреварот заврши 1:1, а во пенал серијата избраничките на селекторот Катерина Милеска беа многу посигурни и на крајот се радуваа на првата победа на развојниот турнир.

Селекцијата на Бугарија имаше предност од 1:0 во 47. минута, благодарение на голот на Емма Варбанов. Ана Марија Цветковска во 86. минута го израмни резултатот на 1:1.

Во пенал серијата, во нашата репрезентација погодија Розита Пецева, Ана Марија Цветковска, Тамара Лазеска и Елена Наумовска. Во селекцијата на Бугарија, прецизни од белата точка беа Зорнитса Коева и Јоанна Георгиева.ж

Вториот дуел од развојниот турнир го играме на 15. април против Грузија, во истиот термин, од 11:30 часот.

МАКЕДОНИЈА: Евгенија Велјановска, Лина Мицовска, Бесарта Фида, Розита Пецева, Елена Наумовска, Ана Марија Цветковска, Блехана Алиевска, Марија Велиновска, Елиза Ибрахими, Ема Наневска, Сара Димитровска;

Селектор: Катерина Милеска;

Continue Reading

Спорт

Над 100 љубители на планинскиот велосипедизам го посетија селото Лактиње, Славеј Планина и споменикот на батаљонот Мирче Ацев во општина Дебрца

Published

on

Над 100 љубители на планинскиот велосипедизам од целата држава викендов го посетија селото Лактиње, Славеј Планина и споменикот на батаљонот Мирче Ацев во општина Дебрца. Планинската вело тура СЛАВЕЈ ПЛАНИНА МТБ 2025, која се одржа во организација на здружението Рупикапра МТБ ,со поддршка на општина Дебрца,има за цел промоција на природните убавини и потенцијалот за авантуристички туризам на планините Стогово,Славеј Планина,Караорман и Илинска Планина.

,,Се радуваме на големиот интерес за велосипедската тура.Иако пред една недела наврнаа над 30см снег, интересот на велосипедистите од целата држава беше огромен.Идејата за организација на ваков настан изникна од потенцијалот на планините во Дебрца за развој на велосипедски туризам и други авантуристички спортови кои ќе придонесат со престојот во природа да се запознаеме со природните богатства кои ни ги нуди планината и културно историските споменици” вели Душан Шутиноски, претседател на Рупикапра МТБ.

Во поздравниот говор кон учесниците на настанот,градоначалникот Зоран Ногачески се заблагодари и на амбасадата на С.Р Германија кои преку програмата за мали проекти дадоја поддршка на пректот ,,Патеки на откривање” со кој се обележаа шест планински велосипедски патеки,со вкупна должина од 210км ,на планините во општина Дебрца,кој проект го имплементираше здружението за планински велосипедизам Рупикапра МТБ.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк