Connect with us

Црна Хроника

Масовна тепачка во Скопје, интервенирала полицијата

Published

on

policija

Еден од нападнатите е малолетен, а нападот во полиција го пријавила нивната мајка.

Повеќе лица вчера попладне во Гази Баба нападнале двајца браќа, од кои едниот малолетен и со метален предмет им го оштетиле возилото.

Нивната мајка го пријавила нападот во полиција.

„На 29.3.2025 година околу 2.13 часот во СВР Скопје, Р.Х. пријавила дека на 28.3.2025 околу 18 часот на подрачјето на Гази Баба, нејзините синови на возраст од 22 и 16 години биле физички нападнати од повеќе лица, кои употребиле метален предмет со кој го оштетиле нивното возило. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти полицијата.

Црна Хроника

Четири повредени, три со тешки повреди на обиколницата во Скопје

Published

on

Три лица се тешко повредени од несреќата која се случи на скопската обиколница, на потегот од Волково кон Сарај. Според информациите од МВР, автомобил „БМВ“ се превртел, а тешки повреди имаат возачот и неговите двајца сопатници.

„Со телесни повреди се здобил еден сопатник, на кој му е укажана помош во ГОБ ‘8 Септември’“, велат од МВР. 

Засега е нејасно како се случила несреќата. Известен е јавен обвинител и во тек е увид на местото на настанот.

Извор: Skopje1

Continue Reading

Црна Хроника

Уапсен пијан 26-годишник: Украл Ауди, а при возење скршил рампи на неколку патарини на автопат

Published

on

На 04.04.2025 во 23.15 часот на автопатот А1, на бензинска пумпа во близина на Неготино, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово го лишиле од слобода М.Д.(26) од Неготино.

Имено, тој украл патничко возило „ауди“ со битолски регистарски ознаки, сопственост на С.Д.(38) од Неготино, кое според пријавеното било паркирано во двор на чичко на пријавителот во Неготино, и потоа со возилото на автопатот, во правец кон Велес, скршил рампа на наплатна станица „Виничани“, а по кратко време повторно скршил рампа на наплатната станица „Виничани“, но во правец кон Неготино.

Преземени се мерки од страна на полициски службеници, по што М.Д. бил принуден да го запре возилото. Од извршените проверки било констатирано и дека го управувал возилото пред да се стекне со право на управување и со 1.54 промили алкохол во крвта.

Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настаните против него ќе бидат поднесени соодветни поднесоци за сторените прекршоци и кривични дела по член 297 А и 383 став 1 од КЗ.

Continue Reading

Црна Хроника

Ноќна рација во Тетово: Кокаин, ножеви и затворање на угостителски објекти

Published

on

policija

Во ноќта меѓу 4 и 5 април 2025 година, во периодот од 23 до 02 часот, на подрачјето на СВР Тетово беше спроведена засилена акциска контрола во три угостителски објекти. Акцијата беше реализирана од полициски службеници од СВР Тетово во координација со Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд и Дирекцијата за заштита и спасување.

При контролата, во еден од објектите беше приведен Р.Е. (32) од Тетово, кај кого при преглед бил пронајден и одземен кокаин. Дополнително, во сите три објекти биле затекнати и приведени уште четири лица: Е.И. (32) од Боговиње, А.Ј. (55) од Тетово, Ш.Л. (27) од село Порој и Е.А. (35) од село Мала Речица, кај кои биле пронајдени остри предмети.

Лицата се задржани во полициска станица, а по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци по член 215 од Кривичниот законик и член 80 од Законот за оружје.

Од страна на останатите надлежни инспекторати беа евидентирани повеќе неправилности, поради што на два од угостителските објекти ќе им бидат издадени решенија за затворање од страна на Државниот пазарен инспекторат.

Акцијата е дел од континуираните напори за зголемување на јавната безбедност и контрола во угостителските објекти низ регионот.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк