Connect with us

Црна Хроника

Масовна тепачка во Скопје, интервенирала полицијата

Published

on

policija

Еден од нападнатите е малолетен, а нападот во полиција го пријавила нивната мајка.

Повеќе лица вчера попладне во Гази Баба нападнале двајца браќа, од кои едниот малолетен и со метален предмет им го оштетиле возилото.

Нивната мајка го пријавила нападот во полиција.

„На 29.3.2025 година околу 2.13 часот во СВР Скопје, Р.Х. пријавила дека на 28.3.2025 околу 18 часот на подрачјето на Гази Баба, нејзините синови на возраст од 22 и 16 години биле физички нападнати од повеќе лица, кои употребиле метален предмет со кој го оштетиле нивното возило. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти полицијата.

Црна Хроника

Жена повредена во сообраќајка на „Партизанска“, била удрена од 26-годишен возач

Published

on

brza pomos

Од МВР велат дека бил известен јавен обвинител и оти против возачот на „опелот“ ќе биде поднесена кривична пријава

Шеесет и осумгодишната скопјанка З. А. се здобила со тешки телесни повреди откако била удрена од автомобил на булеварот „Партизански одреди“, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Сообраќајната несреќа во Секторот за внатрешни работи Скопје била пријавена попладнево околу 16 часот од ГОБ „8 Септември“.

Жената била пренесена во болницата, каде што ѝ биле констатирани тешки телесни повреди.

Возилото марка „опел“, со кое била удрена жената, било управувано од 26-годишниот В. Ј.

Од МВР велат дека бил известен јавен обвинител и оти против возачот на „опелот“ ќе биде поднесена кривична пријава.

Continue Reading

Црна Хроника

Разбиена вратата на манастирот „Св. Ѓорѓи” во селото Тркање-Кочани

Published

on

Ноќеска е разбиена и оштетена вратата на манастирот „Св. Ѓорѓи” во селото Тркање.

Одземени се само околу 400 денари.
Додека сите ние се трудиме за поубав и посреден верски објект на некој му има дојдено до неколку ситни пари, се вели во објавта на профилот на селото Тркање.

Continue Reading

Црна Хроника

Уапсен тежок криминалец во Тетово

Published

on

На 01.04.2025 во 16.30 часот на улица „168“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово,  врз основа на судска наредба, го привеле Ф.С.(35) од Тетово, кој бил баран со потерница поради бегство од КПУ Идризово. Ф.С. бил осуден на шест години и 10 месеци за сторени кривични дела по член 215 и 396 од КЗ, а за доиздржување имал една година, 10 месеци и 6 дена. Тој бил спроведен во КПУ Идризово за доиздржување на казната.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк