Connect with us

Магазин

Пронајдени сведоци во случајот на украинката Марија која со страшни повреди беше пронајдена во Дубаи: Откриле што се случило

Published

on

Манекенката Марија Ковалчук е во тешка состојба во болница во Дубаи.

Марија Ковалчук, украинска ѕвезда на OnlyFans, се наоѓа во болница во тешка состојба откако била пронајдена со тешки повреди во Дубаи.

Според информациите, на нејзиното тело се забележани бројни фрактури на раце, нозе, ‘рбет, како и модрици на лицето, а сега се шпекулира за сведоци кои биле присутни на целиот инцидент.

Марија била пронајдена во Дубаи со скршен ‘рбет на 12-ти март, а лекарите сè уште се борат за нејзиниот живот. Во моментот кога ја пронашле, не можела да комуницира, а сега едвај ги поместува усните, но се уште не може да зборува. Затоа, полицијата сè уште не успеала да открие што точно се случило.

Истрагата за нејзиниот случај донела неколку потенцијални верзии на настаните. Првичните информации сугерирале дека Марија исчезнала откако отишла на забава со двајца мажи.

Нејзината мајка изјавила дека не се јавила и дека го пропуштила летот за Тајланд следниот ден.

Првично, нејзината фамилија, особено мајка ѝ Ана, беше гласна во тврдењето дека ќерката им била заробена и мачена, но во меѓувреме, нејзината фамилија се повлекла и за тоа имаат добар повод.

Неколку дена подоцна следувал шокантен пресврт кога се огласила полицијата која соопштила дека девојката најверојатно паднала од недовршена зграда.

Локалната полиција за весникот Khaleej Times изјавила:

“Можеме да потврдиме дека инцидентот се случил на 12-ти март. Сведоците на местото на настанот веднаш ги повикале итните служби, а повредената била пренесена во болница, каде што и понатаму прима медицинска нега и се опоравува.”

Полицијата моментално ја истражува можноста за обид за самоубиство. Според официјалните податоци, таа била видена во близина на градилиштето во многу вознемирена состојба. Сведоците изјавиле дека била хистерична, викала и делувала нервозно.

Според официјалната верзија на властите, таа се искачила на недовршена зграда и паднала од голема висина.

Сепак, полицијата ги демантираше тврдења дека била пронајдена покрај патот, каде што наводно ја оставиле непознати напаѓачи.

За сега останува нејасно дали се работи за несреќен случај, обид за самоубиство или нешто многу потемно.

Клучните сведоци би можеле наскоро да дадат дополнителни информации кои би можеле да го осветлат тоа што всушност се случило со Марија Ковалчук таа ноќ во Дубаи.

Магазин

Финансиски хороскоп за април: Овие три хороскопски знаци ги очекува огромна среќа и богатство

Published

on

Во април 2025 година, три хороскопски знаци ќе привлечат финансиски успех. Март беше месец на анализа на буџетите, а април ни носи нови шанси за раст на богатството. Позитивниот став кон финансиските прашања е важен за успех.

Знаците кои ќе привлекат финансиски успех во април 2025 се:

Водолија

Драги Водолии, конечно ќе доживеете финансиско подобрување. По ретроградните Меркур и Венера во Риби, кои беа период за преглед на финансиските текови, сега имате можност да ја подобрите вашата финансиска состојба. Меркур излегува од ретроградно движење и носи стабилност, а подобри можности за напредок се на повидок од 12 април. Искористете го периодот до 16 април за паметни инвестиции. Кога Венера ќе се движи директно од 12 до 30 април, финансиската состојба ќе се подобри. Важно е да верувате во себе и да вложите напор.

Риби

Драги Риби, не избегнувајте одговорности, особено кога се во прашање парите. По ретроградните Венера и Меркур во Овен, кои ве натераа да се фокусирате на вашите финансии, сега ќе добиете награда за дисциплината. Ако сте аплицирале за работа, можеби сега ќе добиете повратен одговор. Кога Венера ќе премине во Овен на 30 април, изобилството ќе влезе во вашиот живот. Трпението и одговорното управување со парите носат долгорочен успех.

Рак

Драги Ракови, преземете одговорност за својата финансиска благосостојба. Овој период носи нов почеток, но бара независност и решителност. Не чекајте други да создадат стабилност – вие имате моќ сами да генерирате приходи и да изградите финансиска сигурност. На 18 април, Марс влегува во Лав, што ќе го активира вашиот сектор на богатство. Претходно, Марс беше во Лав, но вашите цели беа помалку дефинирани. Сега, кога изградивте внатрешна сила, време е да ја искористите. Лавот владее со вашите финансии, па сега е идеален период за инвестиции или започнување бизнис. Посветете се на работата и успехот ќе дојде.

Continue Reading

Магазин

Покренато обвинение против Жан Клод Ван Дам, бил замежан во трговија со луѓе, плаќал малолетнички од Романија?

Published

on

Познатиот актер Жан Клод Ван Дам е под истрага во Романија во врска со наводи за трговија со луѓе и организиран криминал. Според информации од романскиот ТВ-канал Про ТВ, актерот е обвинет за наводно користење на услуги на лица кои биле во ранлива состојба, а биле вклучени и малолетници.

Истрагата се води од страна на Романската дирекција за истрага на организиран криминал и тероризам (DIICOT). Адвокатот на една од жртвите поднел тужба, а изјавите од некои од сведоците укажуваат на настани кои се случиле во различни земји, вклучувајќи ја Франција, каде наводно биле злоупотребени лица.

Според извештаите, истрагата се фокусира на периодот од 2000 до 2016 година, во кој наводно биле вклучени малолетници, како и други лица кои биле подложени на психолошки притисок и експлоатација.

Романските медиуми пишуваат дека обвинителството добило изјава од една млада жена која рекла дека учествувала во настани каде наводно му биле нудени девојки на Ван Дам.

Според информациите во медиумите Жан Клод Ван Дам е обвинет дека користел сексуални услуги на пет романски девојки кои истовремено биле во ранлива состојба.

Тековната истрага се стреми да разјасни сите факти и да ги утврди одговорните лица во овој случај.

Continue Reading

Магазин

Важни превентивни мерки: Ова е првата работа која веднаш треба да ја направите доколку ве касне крлеж

Published

on

Сончевите денови и пролетното раззеленување нè привлекуваат да поминуваме што повеќе време во природа, но со покачувањето на температурите се зголемува и активноста на крлежите, кои пренесуваат разни инфективни заболувања, меѓу кои и Лајмската болест. Оваа болест може да биде сериозна, па затоа е важно да бидеме информирани за симптомите и начините за заштита.

Лајмската болест е инфективно заболување предизвикано од бактерии од родот Borrelia, а се пренесува преку убод од инфициран крлеж. Најчесто се јавува во периодот од пролетта до есента, кога крлежите се најактивни. Резервоари на бактериите може да бидат различни животни, вклучувајќи кучиња, елени, птици и глодари.

Болеста има три фази, од кои секоја има свои специфични симптоми. Во првата фаза, која може да започне од 3 до 30 дена по убодот, најчесто се јавува специфичен кожен осип на местото на убодот, познат како Erythema chronicum migrans, кој изгледа како црвено коло или овално црвенило. Покрај осипот, можат да се јават и симптоми како треска, болка во зглобовите, главоболка и замор. Ако не се лекува, оваа фаза може да трае 3-4 недели.

По неколку недели или месеци, може да започне секундарната фаза, каде симптомите како артритис на зглобовите, кожни манифестации и невролошки проблеми, како енцефалитис или миелитис, може да се појават. Кардиолошки проблеми, како инфламација на миокардот, исто така може да се јават. Ако болеста не се третира, може да премине во третата и најсериозна фаза која се јавува кај околу 10% од пациентите, а се карактеризира со хронични болки во мускулите и зглобовите, деменција и проблеми со мускулите на лицето.

Лајмската болест се лекува со антибиотици, а типот на антибиотик зависи од фазата на болеста. Раното откривање на болеста овозможува ефикасно лекување, но кај некои пациенти, симптомите можат да останат и по третманот.

За да се заштитите од крлежи и Лајмската болест, важно е да преземете соодветни превентивни мерки. Кога одите во природа, пешачете по обележаните патеки и избегнувајте висока трева. Носете затворени обувки и облека со долги ракави, а по завршувањето на активностите во природа, темелно проверете го телото за крлежи. Ако ги забележите, веднаш отстранете ги. Превентивните средства против крлежи може да бидат ефикасни, но треба да се користат со внимание, особено кај деца и бебиња.

Лајмската болест има варијабилни симптоми и може да се манифестира на различни начини кај различни луѓе. Ако имате убод од крлеж, консултирајте се со доктор за да се направат соодветни тестови и да се започне со третман. Превенцијата е најдобриот начин да се заштитите од оваа сериозна болест, затоа внимавајте на безбедноста кога поминувате време во природа.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк